Претреси во Велес, пронајдена дрога, приведени тројца дилери
На 19.10.2022 во периодот од 12.10 до 17.50 часот на улиците „Христо Тататрчев“ и „11 Октомври“, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Т.Б.(36), Б.П.(36) и Т.Џ.(36) од Велес.
Во домовите на Т.Б. и Б.П., биле извршени претреси со судска наредба. Притоа, во домот на Т.Б. биле пронајдени и одземени три пакувања со марихуана и дигитална вага, а во домот на Б.П. била пронајдена и одземена ќеса со марихуана. Додека, при преглед кај Т.Џ. било пронајдено и одземено едно пакување со марихуана.
Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Приведен крадец во Струга, одземеното вратено на сопствениците
Денеска (20.10.2022) во 09.00 часот во Струга, полициски службеници од ОВР Струга лишиле од слобода малолетник од Струга. Тој се сомничи дека извршил кривични дела „кражба“ во канцеларија во Општинa Струга и во продавница за мобилни телефони на улицата „Пролетерски бригади“ во Струга.
Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците. Малолетникот бил задржан во полициска станица и во присуство на неговите родители со него ќе биде извршен службен разговор. За случајот ќе биде известен и Центарот за социјални работи од Струга. По негово целосно документирање, во координација со Јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.