Приватниот Театар Провокација од Скопје на 9 от Интернационален фестивал на дуодрамата во Топола – Р. Србија, се здоби со награда: НАЈДОБРА ПРЕТСТАВА НА ФЕСТИВАЛОТ!
Ова е уште една потврда за успешното работење на Театар Провокација.
Селектор на фестивалот беше, познатиот актер Ирфан Месур, додека стручното жири го сочинуваа познатите актери: Томислав Тома Трифуновић (претседател на житито), Сергеј Трифуновић и Весна Станојевић.
Театар Провокација веќе на 10.09.2022 ( сабота), со истата претстава гостува на ФКТ „ Ристо Шишков“ во Струмица.