ЗА ПРИЛЕПЧАНИ ПОСКАПИ КОМУНАЛИИ, ЗА ДИРЕКТОРИТЕ ОД ДПНЕ ПОВИСОКИ ПЛАТИ
Директорот на ЈКП „Пазари“ Прилеп, Игор Крстески донел одлука да си ја зголеми плата на 62.000 денари, или за 20.000 денари повеќе од платата на неговиот претходник во директорската фотелја на јавното претпријатие. Ова се кадрите на Мицко и нивното недомаќинско однесување кое ќе го плаќаат Прилепчани!
По однос на изнесениот податок на секторот за комуникации на СДСМ ОО Прилеп, за промената на платата на директорот на ЈКП Пазари, ми претставува должност да Ве известам дека станува збор за техничка грешка на која веќе се работеше изминативе денови, на промена на пресметката на платата која се провлекувала повеќе од пет години наназад, и истата е корегирана. Вишокот на средства кои се исплатени на основ на плата се веќе уплатени на сметката на јавното претпријатие и е направена корекција на плата во Управата за јавни приходи.
СДСМ неможејќи да најде црна дамка во работењето на новите директори на јавните претпријатија, се обидува да го оцрни нивното работење со спинување на проблеми кои не се решени уште за времето на нивното владеење.
Како потврда на успешното управување со Јавното Комунално Претпријатие Пазари, ги повикуваме сите надлежни и заинтересирани странки вклучително и ОО на СДСМ Прилеп, да ја посетат официјалната страна ја ЈКП „Пазари“ www.pazaripp.mk , која патем кажано не функционираше за време на управувањето на нивниот кадар, господинот Кристијан Илиески, а имаше законска обврска истото да го обезбеди, и да го погледнат последниот Тримесечен извештај за финансиското работење https://pazaripp.mk/?p=1176 каде што точно може да се видат резултатите од работењето на новиот директор Крстески. Ги повикуваме заинтересираните да посветат внимание колкави се разликите во износите што раководителите на СДСМ минатата година ги трошеле за репрезентација, бензин, службени патувања, и посебно да посветат внимание на фрлените 150.000 денари како трошоци за камати.
Во моментов, и покрај глобалните проблеми и рецесијата со кои се соочуваат сите приватни и јавни претпријатија, Јавното Комунално Претпријатие преку домаќинското и одговорно работење, успешно ги надминува сите предизвици и нема никакви долгови ни кон своите вработени, ни кон компаниите со кои соработува-истакна Игор Крстески, директорот на ЈКП Пазари-Прилеп.