Приведен измамник од Крива Паланка, следува соодветна пријава
На 28.09.2022 во 09.25 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје – ЕВР Ѓорче Петров, Одделение за криминалистички работи го лишиле од слобода Б.Р.(28) од Крива Паланка, со престој во Скопје.
Тој се сомничи дека довел во заблуда лице од Штип, лажно претставувајќи се како вработен во МВР, и му ветил дека може да му извади лиценца за обезбедување и возачка дозвола без полагање, при што во два наврати му земал вкупно 1782 евра.
При претрес во домот во кој престојува во Скопје, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичното дело. Тој бил приведен и задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Приведен крадец во Скопје, следува соодветна пријава
На 28.09.2022 во 22.15 часот на ул.„Живко Чинго“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар лишиле од слобода малолетник од Скопје. Тој се сомничи дека на 09.07.2021 извршил кривично дело „кражба“ и дека од стовариште на подрачјето на Чаир одзел повеќе предмети. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.