Приведен криумчар од Србија, пронајдени мигранти
На 09.10.2022 во 15.50 часот на регионален пат Демир Капија-Неготино, во близина на Неготино, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово, при Регионалниот центар за гранични работи Југ, го лишиле од слобода С.М.(24) од Република Србија.
Во возилото „бмв“, со бугарски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени четири лица мигранти од Сирија. Претходно, тој не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници и продолжил со движење со возилото. Набргу, со возилото излетал од патот и се дал во бегство, но по преземени мерки бил пронајден и лишен од слобода.
Мигрантите биле спроведени во прифатно-транзитен центар, а С.М. бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка. По целосно расчистување и документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Приведен крадец баран по потерница
Денеска (10.10.2022) во 10.10 часот на ул.„Битпазарска“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Ш.Љ.(20) од Скопје.
За него била распишана Централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување затворска казна од 18 месеци за сторено кривично дело „кражба“ по член 235 од Кривичниот законик.
Лицето ќе биде спроведено во казнено – поправна установа за издржување на казната.
Акциска контрола во угостителски објекти, четири лица приведени, точење алкохол на малолетнци
Денеска (09.10.2022) во периодот од 00.00 до 04.00 часот од страна на секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, спроведена е акциска контрола во во угостителски објекти на територијата на цела држава.
При контролата, приведени се четири лица од кои три малолетни, констатирано е едно кривично дело по член 215 од Кривичниот законик каде при преглед кај П.Р.(25) од Неготино бил пронајден кокаин. Затекнати се 11 малолетни лица, а констатирани се и две кривични дела по член 204 од Кривичниот законик поради точење алкохол на малолетни лица. Притоа затекнат е странски државјани без соодветна документација за регулиран престој.