Приведени четири лица, фатени при вршење тешка кражба
Денеска (24.09.2022) околу 02.30 часот од страна на полициски службеници од Полициска станица Гази Баба лишени се од слобода М.М.(24), Б.С.(22), К.К.М.(29), сите од скопско и 17-годишна малолетничка од Скопје. Тие се фатени при вршење на кривично дело „тешка кражба“ од Железници – Трубарево.
Од страна на инспектори од Одделението за криминалистички работи Гази Баба со ММ., Б.С. и К.К.М. е извршен службен разговор, при што го признале делото, а во консултација со Јавен обвинител за малолетници, малолетничката е предадена на родителот и ќе биде дополнително повикана на разговор. Одземените предмети ќе бидат вратени на сопственикот, а по документирање на случајот против сторителите ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Приведен криминалец, осуден на четири и пол години казна затвор
На 23.09.2022 во 14.00 часот на ул.„Палмиро Тољати“ во Скопје, полициски службеници од тим потраги во Одделението за криминалистички работи Центар и Бит Пазар го лишиле од слобода Ф.М.(31) од Скопје. Тој бил баран со централна потерница од Казнено-поправната установа Затвор Куманово за доиздржување на затворска казна од седум месеци, а бил осуден на казна од четири години и шест месеци за сторени кривични дела по член 236 и 386 од Кривичниот законик.
Лицето било спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.
Претрес во кичевско, пронајдено оружје, приведени две лица
На 23.09.2022 во 17.00 часот, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево и Полициското одделение Осломеј ги лишиле од слобода Б.А.(48) и Ф.А(75), двајцата од с.Туин, кичевско. При претрес во нивниот дом во селото, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол „М57“ калибар 7,62мм со една рамка без муниција и една кутија со шест куршуми калибар 7,62мм. Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Приведени двајца крадци во Скопје, одземеното вратено на сопственикот
На 23.09.2022 во 09.05 часот во градски автобус на бул.„Партизански одреди“ во Скопје, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Центар и Бит Пазар ги лишиле од слобода Р.А.(21) и малолетник, двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека на 22.09.2022 од зграда на подрачјето на Карпош одзеле електричен велосипед, кој притоа бил пронајден и вратен на сопственикот.
Двајцата биле приведени во полициска станица и со нив бил извршен службен разговор, при штосо малолетникот во присуство на родител. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.