Приведени дрвокрадци во ресенско
На 30.09.2022 од полициски службеници на Регионалниот центар за гранични работи Југ во соработка со Шумска полиција од Ресен во реонот на Полициска станица Маркова нога лишени од слобода се И.К.(36) од с.Аравати, ресенско и И.М.(69) од с.Аравати, ресенско поради основано сомнение дека вршеле нелегална сеча на дрва во близина на с. Арвати при што запленети се дрва и две моторни пили. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
На 01.10.2022 во 17.50 часот полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода И.Ѓ.(28) од Битола. При извршен преглед во угостителски објект на кеј „Македонија“ во Охрид, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа бела прашкаста материја, а при претрес извршен во хотелска соба каде престојува, пронајдена и одземена е марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Приведен крадец во Скопје
Денеска (02.10.2022) околу 11.00 часот во Скопје од полициски службеници од СВР Скопје е лишен од слобода малолетник од Битола, кој се барал по потерница поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „кражба“. Тој на бул. Кочо Рацин во Скопје бил затекнат како управува мопед „кимко“ со скопски регистарски ознаки, кој претходно бил пријавен за украден. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Приведени разбојници на подрачје на Бит Пазар
На 01.10.2022 околу 18,00 часот на подрачје на Бит Пазар од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишени од слобода се Е.Д.(23) и Џ.И.(22), женско лице, двајцата од Скопје затоа што во 15.56 часот во СВР Скопје Р.Б.(26) од Скопје пријавил дека на кејот на реката Вардар, кај МТВ, му одзеле пари и му нанеле повреда со остар предмет. По извршениот претрес кај пријавените пронајден е нож и пари. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.