Приведено лице барано по потерница
Денеска(06.10.2022) во 16.00 часот во с.Банско, на локален пат за с.Свидовица, струмичко, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода С.К.(53) од Скопје. Тој бил баран по Централна потерница од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од 18 месеци за сторено кривично дело “кражба” по член 235 од Кривичниот законик.
Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.
Претрес во Прилеп, приведен дилер
На 05.10.2022 во Прилеп, од страна на полициски службеници од СВР Битола – Надворешната канцеларија за криминалистички работи од ОВР Прилеп го лишиле од слобода О.Т(30) од Прилеп затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во неговиот и биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага и грутчеста материја.
Тој бил приведен во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Приведени двајца разбојници во Скопје, одземеното пронајдено и вратено на сопственикот
На 07.10.2022 во 01.05 часот на бул.„ВМРО“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Карпош и ЕВР Центар-Бит Пазар ги лишиле од слобода С.М.(42) и В.Т.(24), двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека на 06.10.2022 околу 23.00 часот на бул.„Гоце Делчев“ физички ја нападнале А.Ц.(36) од Прилеп и со закана ѝ одзеле мобилен телефон.
Кај нив бил пронајден телефонот, кој бил вратен на сопственичката. Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во консултација со Јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.