Приведени разбојници во Скопје, следува кривична пријава
На 04.10.2022 во 17.20 часот на бул.„Никола Карев“ во Скопје од полициски службеници од СВР Скопје лишени се од слобода Н.Љ.(27) и М.Љ.(29), двајцата од Скопје, постапувајќи по пријава според која непосредно пред тоа, на подрачјето на Кисела Вода, сториле кривично дело „разбојништво“, при што од едно лице одзеле мобилен телефон.
По преземени мерки и активности сопрено е патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувале двете осомничени лица, тие се приведени во полициска станица, а кај нив е пронајден одземениот предмет.
По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Приведен криумчар на мигранти за издржување четиригодишна затворска казна
Денеска (05.10.2022) во 12.15 часот на бул.„Илинден“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода З.В.(56) од Скопје.
Тој бил баран по распишана централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од четири години за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“ по член 418-б од Кривичниот законик.
Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено – поправна установа за издржување на казната.
Приведени крадци од Пробиштип, затекнати на дело
На 05.10.2022 во 00.30 часот, полициски службеници од ОВР Пробиштип ги лишиле од слобода Р.П.(31) и Д.С.(34) од Пробиштип. Тие биле затекнати при извршување на кривично дело „тешка кражба“ во објект во изградба на ул.„Јаким Стојковски“ во Пробиштип.
При извршениот преглед кај Р.П. биле пронајдени и одземени предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривичното дело. Тие биле приведени во полициска станица и целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.