Приведено лице во скопско поради пукање на семејна веселба
На 15.10.2022 во с.Волково, скопско, полициски службеници од Полициската станица Ѓорче Петров го лишиле од слобода В.З.(53) од Скопје поради сомнение дека околу 18.20 часот во селото пукал на семејна веселба. Кај него била пронајдена и одземена пушка „Застава M59/66“ калибар 7,62 x39 mm, додека на местото биле пронајдени повеќе чаури од испукани куршуми. Во службен разговор во полициска станица тој го признал делото. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Приведен крадец во Скопје, одземеното вратено на сопственикот
На 15.09.2022 во 10.40 часот, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода Т.К.(35) од Скопје. Тој се сомничи дека извршил „тешка кражба“ од возило на Б.Т. од Скопје и одзел предмети. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а Т.К. бил задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Расчистено разбојништво, од слобода лишени двајца малолетници
На 15.10.2022 во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје – Полициско одделение Шуто Оризари лишиле од слобода двајца малолетници од Скопје. По преземени мерки и извршени оперативни проверки, полициски службеници од Отсекот за општ криминал од криминалистичката полиција при СВР Битола во содејство со полициски службенкци од Полициско одделение Шуто Оризари констатирале дека двајцата малолетници на 12.10.2022 во колонијална продавница на улица „Широк Сокак” во Битола физички ја нападнале вработената и одзеле пари.
Во службен разговор во полициска станица, извршен во присуство на старатели, тие го признале делото. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.