Низ цела Русија луѓето почнаа да се собираат за да го изразат своето незадоволство од одлуката на претседателот Владимир Путин да воведе делумна мобилизација.
Стотици Руси се собраа во градовите на далечниот исток како Томск и Новосибирск.
Во меѓувреме се забележани и првите апсења.
Овие бројки може значително да се зголемат вечерва, бидејќи антивоеното движење Весна повика на протести во градовите и населбите низ Русија во 19 часот по локално време.
„Не мора да умирате за Путин. Во Русија сте им потребни на оние кои ве сакаат.
Московското обвинителство објави дека учеството во протести и неодобрени „масовни настани“ е казниво дело што може да резултира со „затворска казна до 15 години“.