Ќе има „луѓе на улица“ на глобално ниво доколку не се преземат чекори за заштита на најранливите од инфлација, предупреди шефицата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева.
– Важно е да се мисли дека ова сложено влијание на повеќе кризи веќе го тестира трпението и издржливоста на луѓето. И ако не преземете акција за да ги поддржите најранливите, ќе има последици – и кажа Герогиева на Кристијан Аманпур на Си-Ен-Ен.
Таа предупреди дека, доколку не се намали инфлацијата, ќе им штети на најранливите, бидејќи експлозијата на цените на храната и енергијата за оние на кои им е подобро е непријатност – за сиромашните луѓе, трагедија.
– Затоа, ние прво мислиме на сиромашните луѓе кога се залагаме за силно да ја нападнеме инфлацијата – рече Георгиева.
Централните банки ширум светот немаат „никаков избор“ освен да ги зголемат каматните стапки во обид да се борат против инфлацијата, додаде таа.
– Фискалната политика, ако великодушно им помага на сите, всушност ќе биде на патот на монетарната политика, таа би била непријател на монетарната политика, бидејќи ја зголемувате побарувачката и тоа ги турка цените повторно нагоре, а потоа треба да има повеќе заострување. Критичното прашање пред нас е да ги вратиме условите за раст, а стабилноста на цените е критична состојба – додаде таа.
Настаните што доведоа до зголемување на цените – главно Омикронската варијанта на Ковид-19 и руската инвазија на Украина – „ја направија инфлацијата денес наш најголем непријател“.
Георгиева предупреди дека ако оваа година е тешка, следната година потешка.
– За само кратки три години: пандемијата (се уште не е завршена), војната, инвазијата на Русија ги зголемува цените на енергијата и храната, а потоа резултатот е криза на трошоците за живот – рече таа за Си-Ен-Ен.
На прашањето за зголемувањето на поддршката за екстремно десничарските кандидати како Италија и Шведска, Георгиева рече дека „не е изненадена кога гледа како луѓето се лутат. Тие се затворени во своите куќи со месеци, и месеци и месеци. Тие гледаат дека цените драстично скокаат. И затоа мојот апел до креаторите на политиката е „бидете внимателни“.
„Ако не можеме да го заштитиме чувството за преживување и чувството на солидарност, тоа е она што ќе се случи“, предупреди таа. Ќе има „луѓе на улица“ на глобално ниво доколку не се преземат чекори за заштита на најранливите од инфлација.
Шефицата на ММФ и рече на Аманпур дека настаните што предизвикаа зголемување на цените – главно варијантата Омикрон на Ковид-19 и руската инвазија на Украина – „ја направија инфлацијата денес наш најголем непријател“.
„Ако не можеме да го заштитиме чувството за преживување и чувството на солидарност, тоа е она што ќе се случи“, предупреди таа.
Фото: EPA/ NOUSHAD THEKKAYIL