Седум години во оваа професија, прв пат ми се случува некој да се јави кај моите родители за да побара нешто да не се објави. А да не зборувам за заканите од директорката за тужба.
Работа ни е да прашуваме за да нешто се потврди или негира, но од видеото јасно може да се види дека директорката инсистира да дознае од каде се земени документите, а многу помалку се труди да одговори на дилеми кои се појавија од документите кои ги добивме.
Директорке, не е фер да се заканувате на вработени дека ќе ги избркате од работа ако не се најде кој ни ги доставил документите, подобро е да се потрудите да најдете одговори. Денеска дојде новинарска екипа, утре можеби од обвинителство… ИТН 😊