По повод 27 септеври- Светскиот ден на туризмот доделени се признанија за животно дело во оваа област.
Вакви признанија добија 20 истакнати туристички работници меѓу кои и Славе Сирачевски од Аурора Турс.
-Денес заедно со многу претставници од секторот на туризам, факултети за туризам, доајени на туристичката индустрија, угостители и други, го одбележивме 27 Септември – Светскиот ден на туризмот, под глобалното мото “Rethink Tourism“.
Со повод на овој ден имав можност да доделам признанија за животно дело на 20 истакнати туристички работници.
Туризмот во последниве години се соочува со многу предизвици и потребно е наредните чекори заеднички да ги преземеме, со цел да го вратиме туризмот на местото кое го заслужува.
Туризмот е и ќе биде приоритет на Владата на РМ бидејки сме свесни дека е една од најзначајните гранки во економијата на нашата држава, стои во Фејсбук објавата на министерот за економија, Крешник Бектеши.