Споредбено со измината година шолја кафе сега чини 18,3 отсто поскапо.Според податоците на Евростат граѓаните на ЕУ пијат кафе поскапо за 16,9 отсто споредено со август 2021 година.
Оние кои кафето го пијат со засладувачи како шеќер и млеко, овој утрински ритуал веќе е станат луксуз и може да стане уште поскап.
Во нашата држава до пред некој месец можеше да се најде млеко и за 36 денари, а сега најевтиното млеко изнесува 75 денари. Килограм шеќер пред една година чинеше 35 денари, а сега чини над 60 денари. Иста е и цената со кафето кое порано чинеше околу 80 денари, а сега истото може да се најде по цена од 100 денари.
Значи ако тогаш може да се направи домашно кафе за 150 денари, сега истото кафе со истите намирници од истите производители би чинело нешто повеќе од 230 денари.
Во земјите од ЕУ, пак, во просек млекото поскапело за 24,3 отсто, а шеќерот за 33,4 отсто, најмногу во Полска за дури 109,2 проценти.
Според податоците на Евростат, цените на кафето, млекото и шеќерот се зголемиле во сите земји-членки на ЕУ, освен во Малта.