Уште од самиот старт поставив три главни приоритети за работењето во МВР – департизација, професионализација и декриминализација на МВР.
Измените во Законот за внатрешни работи и Законот за полиција од март, 2022 година, значат забрана за членување во политичка партија на било кој вработен во МВР.
За тоа имаше покренато иницијатива од страна на опозицијата, од страна на синдикат итн. дека тоа не е уставно. Меѓутоа, Уставниот суд не ја отвори таа иницијатива, а тоа значи дека немаме проблем од овој аспект.
Длабоко сум убеден дека вработените во безбедносниот сектор не смеат да членуваат во политички партии. Единствено мора да им служат на граѓаните, заради тоа што тие се тука за да ги остварат правата на граѓаните.
Ако ги погледнете годините наназад изборните процеси коишто ги спроведе МВР под мое раководство, ќе видите дека од година во година има сѐ помалку инциденти, кривични дела кои што се однесуваат на изборните резултати.
Тоа значи дека вработените во МВР служат единствено на граѓаните.