📌Денеска остварив одлична средба со амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во нашата држава Метју Лосон, на која разговаравме за евроинтеграциите и одвивањето на скрининг процесот, како и за унапредувањето на соработката меѓу двете земји.
📌Со амбасадорот се согласивме дека со почетокот на скринингот пред нас е нова, подинамична фаза од реформскиот процес, важна за забрзување на евроинтеграциите и динамиката на отворање и затворање на кластерите и поглавјата.
🤝Поддршката од Обединетото Кралство за развојна соработка со нашата земја се зголемија во 2018 година, како позитивна реакција на забрзаните реформски процеси кои ги правиме. Имаме успешна соработка на 3 твининг проекти предводени од партнерите на Велика Британија во областа на полициските реформи и кривичното правосудство, контрола на државната помош и унапредување на еднаквоста.
🤝На амбасадорот Н.Е. Метју Лосон му посакувам успех во работата и продолжување на добрата соработка.