Од Сојузот на синдикати на Македонија на денешниот протест побараа итна исплата на септемвриската плата, а воедно кажаа дека ќе ѝ понудат на Владата решение за трајно решавање на проблемот .
– Како ССМ ќе доставиме решение до Владата кое мислиме дека ќе биде трајно и ќе поднесеме барање во вторник на владина седница со заклучок премиерот да нареди сите министерства да ги користат услугите на Македонски пошти, затоа што не може да се користат услуги на приватни пошти, а Македонски пошти да биде прескокнато.