Шведскиот премиер Улф Кристерсон, исто така, ја критикуваше употребата на зборот „диктатор“ од страна на Трамп, додека германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок ги нарече коментарите „апсурдни“. Доналд Трамп ги ескалира своите напади врз Володимир Зеленски, нарекувајќи го украинскиот претседател „диктатор“. Ова се случува откако Зеленски, реагираше на американско-руските разговори во Саудиска Арабија од кои тој беше исклучен и кажа американскиот претседател „живее во простор за дезинформации“ управуван од Москва, пишува Би-би-си. Откако Трамп го нарече Зеленски диктатор, следуваа критики од европските лидери, вклучително и од германскиот канцелар Олаф Шолц, кој рече дека „едноставно е погрешно и опасно да се негира демократски легитимитет на претседателот Зеленски“. Премиерот на Обединетото Кралство Сер Кир Стармер јасно стави до знаење дека го поддржува Зеленски во телефонскиот разговор со украинскиот претседател.
Петгодишниот мандат на Зеленски требаше да заврши во мај 2024 година. Сепак, Украина е во војна откако Русија ја започна својата целосна инвазија во февруари 2022 година и изборите беа суспендирани. Шведскиот премиер Улф Кристерсон, исто така, ја критикуваше употребата на зборот „диктатор“ од страна на Трамп, додека германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок ги нарече коментарите „апсурдни“. „Ако гледате во реалниот свет наместо само да читате твитови, тогаш знаете кој во Европа живее под диктатура: луѓето во Русија, луѓето во Белорусија“, изјави Баербок во телевизиско интервју. Извор: Новинска агенција МЕТА