Македонските фудбалски репрезентативци се подготвуваат за натпреварите со Белгија и Казахстан во квалификаиите за Светското првенство, а пред овие дуели изјава за медиумите даде Кристијан Трапановски. Фудбалерот на шкотски Данди јунајтед смета дека тактичката подготовка ќе биде од голема важност за натпреварот со Белгија која како голем фаворит гостува во Скоопје на 6 јуни.
„Мислам дека мотивацијата е на највисоко ниво. Тоа што сме тука не значи дека за нас е завршена сезоната. Ова за нас се последни натпревари од оваа сезона. Подготвени сме, имаме почит кон секого, но мотивацијата е на високо ниво и се надевам дека ќе имаме добар пристап со Белгија и Казахстан. Мислам дека имаат добри фудбалери, но ако сме тактички подготвени, тогаш може да им парираме. Тактичкиот дел ќе биде најважен, а исто така не треба да се трошат зборови за квалитетот на Белгија. Имав добар сезона, иако имав неколку повреди, но подготвен сум да го дадам најдоброто“, кажа Трапановски. Македонија во групата за Светското првенство има четири бода по првите две кола со што е на делба на првата позиција со Велс. Три дена по дуелот со Белгија, македонската репрезентација ќе гостува во Казахстан.