На вонредното собрание на Алијансатана албанците од крилото на Арбен Таравари, беше разрешен шефот на партиското Собрание, Арбен Фетаи. Одлуките за расчистување со нелојалните кадри доаѓаат неколку дена откако дел од високите функционери на оваа партија се спротивставија на неговата одлука да ја напушти Владата и коалицијата ВРЕДО. За нов претседател на Собранието на Алијансста е избран Назим Таипи.
„Исклучивме и некои членови на Претседателството кои веќе јавно се изјаснуваат против Алијансата за Албанците.За Мимоза Муса одлуката не беше донесена, бидејќи не беше добро дефинирана пораката од неа, дали останува со Алијансата за Албанците, или останува со ВРЕДИ, немаме јасна порака“, рече Таравари.
Таравари го повтори ставот дека на Собранието била потврдено одлуката партијата да ја напушти Владата и самостојно да се натпреварува на локалните избори во октомври. Таравари вели дека на локалните избори ќе соработува и со ДУИ и со ВРЕДИ, па така набројс дека во Битола, во Кичево, во Брвеница, во Чашка, во Преспа и во Бутел ќе соработуваат и со ДУИ и со ВРЕДИ бидејќи само така можат да им помогнат на Албанците. Таравари не исклучи во другите општини соработка со која било опозициска политичка партија