На секое дете му е потребно семејство, топол дом, љубов и грижа, но, за жал, има деца кои од најразлични причини, се оставени сами, сместени во домови, желни за топол збор или прегратка. Ценам дека нивното згрижување во семејство, е едно од најхуманите дела којшто еден човек или едно семејство може да го направи.
Во контекст на кампањата „Подај рака-стани згрижувач“ и со цел да ја подигнеме свеста за згрижување деца и за што поголем број згрижувачки семејства во Делчево, Општина Делчево се вклучува во кампањата. Како поддршка за семејствата кои згрижиле дете во Делчево, од наредната година ќе воведеме нова социјална мерка за исплаќање еднократен годишен надомест од 10.000 денари за згрижувачко семејство.
Тоа е помош и поддршката од Општината за хуманите семејства кои ќе ја поддадат раката за да згрижат дете, на тој начин, ќе придонесеме децата да прдолжат да живеат во семејство, во заедница и во позната околина.