Денеска имавме работна средба со министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска на која се разговараше за актуелните и планираните проекти кои се реализираат во Делчево со поддршка на МТСП.
Преку постојано вложување во детската и социјалната заштита го унапредуваме квалитетот на живот на нашите граѓани. Соработката на централната и локалната власт е од клучно значење за реализација на проекти од кои директна придобивка имаат граѓаните.
Согласно Програмата на Владата , 2022 година, планирана е изградба и опремување на нова детска градинка која ќе згрижи 130 деца. А предвидениот рок за изведба изнесува 16 месеци. Изградбата и опремувањето на градинката е финансирана од буџетот на министерството во соработка со општината.