Опасност од претпоставка е дека енергетската криза ќе придонесе за голем бран на отпуштања на работници во компаниите, смета првиот човек на Конфедерација на работодавачи, Миле Бошков. Порача дека бизнис секторот треба најпрвин да ги слушне мерките, коишто ги крои Владата, а потоа ќе може и да се анализира дали тие ќе се корисни за стопанството. Забележува дека оние детски болести отвори-затвори компанија се минато и одржливоста на компаниите се главен фактор.
Според податоците на УЈП, компаниите се соочуваат со проблем за исплата на плати за работниците, во август 5.000 работодавачи не ги исплатиле платите на своите вработени.
Компаниите во земјава се даночно дисциплинирани од 90 до 95 отсто ги сервисираат даноците кон државата, податоците покажуваат оти наплатата на даноците е над планот на УЈП. Но, токму високите цени на производите го зголемуваат процентот на успешна наплата на ДДВ.
Растот на цените и мерката да се замрзнат маржите на производите покажуваат дека сме увозно зависна земја. Според Бошков мерката за замрзнување на маржите за бизнис заедницата е непопуларна мерка, но, како што вели, тоа е и можеби единствената мерка на Владата која може да ја испорача во овој момент.