Дефинирањето на индикатори за мониторинг на квалитетот на воздухот, едукација за специјални случаи на аерозагадување, урбанистичкото планирање и заштитата на животната средина, развивањето оперативни процедури и поднесување на годишни планови за инспекција беа дел од темите за кои се разговараше на последната работилница за зајакнување на капацитетите на општинските и инспекциските службеници кои работат на заштита на животната средина.
Активноста се реализираше во рамки на проектот „Справување со загадувањето на воздухот“, финансиран од Шведска, Embassy of Sweden in Skopje кој УНДП го спроведува во партнерство со Министерство за животна средина и ПП / Ministria e Mjedisit Jetësor dhe PH во општините Гостивар, Кавадарци, Струмица, Струга и Куманово.
Учесниците разговараа и за креирањето на планови за квалитет на амбиентниот воздух, како и за програмите за субвенции кои ќе одговорат на потребите на различни групи граѓани а беа споделени и добри пракси и искуства за подобрување на квалитетот на воздухот.

