Пет автомобили во миг се удрија на улицата 11 Октомври во центарот на Скопје, кај поранешен ЗОИЛ. Верижната сообраќајка се случи на тргнување по вклучено зелено светло на семафорот на крстосницата, пренесува Сакам да кажам.
Според СДК, се слушале 4 секавични удари, се дигнала бела прашина од воздушни перничиња. Сите лица излегле од удрените автомобили, стоеле во редица фатени за глава.
Во сообраќајната несреќа нема повредени и се чека да дојде полиција да изврши увид на лице место. Фотографијата од сообраќајната несреќа може да ја погледнете ТУКА.