Рускиот претседател, Владимир Путин, денеска ќе ги потпише документите со кои и формално ќе се анектираат четирите украински региони, по референдумите одржани на нивната територија, кои Западот и властите во Киев ги отфрлија како фарса.
На црвениот плоштад во Москва веќе е поставена бината на која е најавено обраќањето на Путин и концерт за прослава на присоединувањето на Луганск, Доњецк, Херсон и Запорожје со Руската федерација.
Рускиот претседател Владимир Путин синоќа одржа разговори со шефовите на разузнавачките служби од поранешните советски земји на кој констатираше дека се што се случува сега во Украина е резултат на распадот на Советскиот сојуз и нагласи дека уривањето на Униполарната хегемонија е објективна реалност што Западот не сака да ја прифати .
Претседателот Џо Бајден пак остро го критикуваше рускиот „т.н. референдум“ на украинските територии како „бесрамен и транспарентен напор на Русија да анектира делови од соседна Украина.