34.8 C
Скопје
19/06/2025 12:41
МАКТЕЛ

   

[Видео] Ковачевски: Новата 17 MW соларна електрана е чекор напред кон енергетска независност, развој на зелената економија и подобар животен стандард

      

   

Ковачевски: Новата 17 MW соларна електрана е чекор напред кон енергетска независност, развој на зелената економија и подобар животен стандард

Премиерот Димитар Ковачевски, придружуван од министерот за економија Крешник Бектеши денеска се обрати на настан по повод отпочнувањето со работа на 17 мегаватна соларна електрана, кумулативно најголемата фотоволтаична електрана во земјата, лоцирана во Свети Николе, Амзабегово.

Електраната се состои од 31.772 сончеви панели на површина од 300.000 квадратни метри со 17 мегавати номинална инсталирана моќност и предвидено производство од 25.000 MWh зелена енергија годишно, што би можела да снабдува над 5.500 македонски домаќинства.

Во продолжение Ви го пренесуваме во целост обраќањето на премиерот Ковачевски:

„Денес не зборуваме за минатото, денес зборуваме за иднината. Зборуваме за нови проекти кои треба да ни донесат стабилност и сигурност во снабдувањето со електрична енергија меѓутоа и како да ја зајакнеме економијата и подобриме животниот стандард на граѓаните.

Ова што денес го пуштаме како најголемата инвестиција во фотоволтаична централа во државата, покажува како работи една одговорна Влада, како може да функционираат институциите и на централно ниво и на локално ниво, како може да постои дијалог меѓу државни институции и реномирана приватна компанија која работи во 25 држави во светот и како на крај од тоа има резултат којшто резултат доаѓа 3 месеци пред зададениот рок. Затоа кога станав премиер кажав дека јас имам доверба и во македонските граѓани и во македонските компании и воопшто во државата. Со ова го потврдуваме дека можеме да го направиме. Оваа фотоволтаична централа со големина од 17 МВ капацитет, тоа е најголемата фотоволтаична централа во државата. Директорот на ГЕН-И не кажа уште една работа, оваа централа е поголема од сите централи кои што се направени во Словенија. Ако ја однесете поединечно во Словенија, тогаш оваа централа ќе биде поголема. Тоа е затоа што Македонија е земја на сонцето. Тоа го препознава ГЕН-И сонце, тоа го знае и оваа Влада. Ова е начинот на кој треба да се инвестира во обновливи извори на енергија. Тоа значи работа за наши инженери, работа за наши техничари, работа за сите оние кои ќе ја користат таа електрична енергија.

Се справивме и се справуваме брзо и ефикасно со енергетската криза, но и поставуваме курс за тоа како треба да изгледа државата во иднина кога зборуваме за производство на енергија и зелена индустрија и економија која се стремиме да ја креираме.

Стабилноста во обезбедувањето на електрична енергија преку сите расположливи ресурси е наш врвен приоритет, особено во време на најголема светска енергетска и економска криза.

Затоа, ми претставува чест што денес сум поканет тука и задоволство што заедно со менаџментот на ГЕН-И го означуваме почетокот на работа на 17 мегаватна соларна електрана на оваа групација, како кумулативно најголемата соларна електрана во нашата држава.

Сакам да се заблагодарам на менаџментот на ГЕН-И затоа што ја избра Северна Македонија за нивната инвестиција. Можеа да ја однесат инвестицијата каде сакаат, на кое било друго место во регионот па дури и во Светот. Но сепак, тие ја одбраа нашата земја, затоа што овде, тие добија најдобра поддршка и услуга. На овој начин ќе се бориме за секој денар нова странска инвестиција чекор по чекор, инвестиција по инвестиција за да нашиот енергетски сектор го направиме независен, меѓутоа и енергетски сектор кој ќе се базира на обновливи извори на енергија.

Ова исто така покажува дека Северна Македонија е угледна и почитувана земја кога станува збор за странски директни инвестиции. Денес, јас сум горд што можам да кажам дека сум Македонец и сум навистина среќен што пред нас е период на нови проекти кои оваа Влада ќе ги имплементира.

Ова е огромен чекор напред во остварување на владините амбиции за обезбедување електрична енергија од обновливи извори на енергија на кој јас инсистирам дека мора да се случат што поскоро.

Оваа инвестиција, оваа фотонапонска централа, има инсталиран капацитет кој е ист како сите изградени фотонапонски централи во Северна Македонија за вкупно 11 години колку што владееше претходната власт. Тоа покажува визија за иднината, но и посветена работа на Владата, особено во дадениот контекст на енергетско-економска криза.

Токму оваа Влада го воведе премиумот како начин на поддршка за изградба на фотонапонските електрани во Северна Македонија. Оваа фотонапонска централа е резултат на првата транспарентна и конкурентна постапка организирана од Министерството за економија, затоа сакам да им се заблагодарам на сите од Министерството за економија кои што учествуваа во оваа постапка.

Ќе ви презентирам еден фрапантен податок, за сите претходни изградени фотонапонски електрани во време на претходната Влада со капацитет од 16 мегавати, годишно преку сметките на граѓаните се исплаќаат околу 5 милиони евра. Граѓаните плаќаат 5 милиони евра за да тие кои изградиле фотонапонски централи добијат тарифи од 180 и 200 евра. Додека за оваа електрана, државата исплати 250 евра. А во буџетот беа уплатени околу 2,7 милиони евра од страна на ГЕН-И сонце за да може да ја гради фотонапонската електрана од 17 мегавати. Па сега вие, како медиуми и граѓаните нека ценат, кој модел е подобар дали оној во којшто граѓаните плаќаат на приватни компании за да има централи или овде каде што компаниите и плаќаат на државата за да изградат фотонапонска централа.

Е вака изгледа грижа за парите на граѓаните.

Република Северна Македонија е важен партнер во извршувањето на овој проект. Како клучно засегнат стратешки учесник и како директна договорна страна, започнувањето со работа претставува важна пресвртница во зголемувањето на капацитетот на соларните електрани како и клучен придонес во зеленото сценарио на земјата, согласно Стратегијата за развој на енергетиката.

Оваа инвестиција и сите други од ваков тип, се голем чекор во политиките кон кои целиме, тоа е зелената транзиција. Соларната електрана ќе произведува чиста електрична енергија од нашето македонско сонце, а ќе обезбеди чиста електрична енергија за над 5.500 македонски семејства. Или ќе обезбеди повеќе електрична енергија од целата електрична енергија која што ја користат основните и средните училишта во државата.

Ние имаме над 280 сончеви денови, нашата татковина има доволно сонце, сѐ што е потребно се инвестиции во обновливи извори на енергија.

Донесовме нова Стратегија за развој на енергетика до 2040 година, целосно базирана на Европскиот Зелен Договор, која што веќе се имплементира.

Преку концептот на Стратешки инвестиции, веќе се разговара и се подготвуваат документите за инвестиции во обновливи извори на енергија до 1 гигават капацитет во проекти за изградба на фотонапонски и ветерни централи и тоа со реномирани европски компании. Го поддржуваме Европскиот Зелен Договор за одржлива економија, кој подразбира претворање на климатските и еколошки предизвици во можности за зелена транзиција од која ќе имаат придобивки и државата и компаниите и граѓаните.

На локацијата на поранешните наоѓалишта на јаглен во РЕК „Осломеј“ веќе работи фотонапонската електрана од 10 мегавати во сопственост на ЕСМ.

Во моментот, пред започнување со градба се и фотонапонските централи по пат на приватно партнерство со ЕСМ, во Осломеј, со инсталиран капацитет од 100 мегавати.

Јас сум премиер 9 месеци. Досега сум присуствувал на пуштање на 27 МВ инсталиран капацитет во државата, коишто произведуваат електрична енергија. Некој беше премиер 11 години, имаше и советници во тој период. За 11 години толку капацитети се пуштени колку што во мандатот на оваа Влада за 9 месеци.

Токму сончевите електрани ќе бидат двигатели на енергетската транзиција во Северна Македонија. Во ЕСМ се финализираат и други проекти за изградба на фотонапонски централи во РЕК „Битола“, со што како што кажа и МЕ инсталираната моќност треба да биде меѓу 200 и 300 мегавати на краток рок.

Очекувам во наредните 30 – 40 дена, во Собранието да се достават неколку закони за стратешки инвестиции, тие што беа прогласени во текот на претходниот период и тоа за ветерниот парк „Вирови“, од страна на германската компанија ВЕПЕДЕ, најголемата фотонапонска централа во овој дел од Европа, СТИПИОН со капацитет од околу 400 мегавати од реномираната француска компанија АКУО.

Една од најголемите грчки компании Митилинеос, аплицираше за стратешки проект за изградба на когенеративна електрана за производство на топлина и електрична енергија во Скопје, со инсталиран капацитет од 150 мегавати. И тие во текот на неделава ќе бидат разгледани од страна на Владата со цел да бидат прогласени за стратешка инвестиција.

Очекувам во наредните 2 години, да се пуштат во употреба сите 130 мегавати на фотонапонски електрани, по пат на премиуми за кој се потпишани договори во изминатите две години.

Ги олеснивме исто така процедурите за поставување на фотонапонски централи на крововите на домаќинствата и правните лица и овозможивме вишокот енергија да биде откупена од универзалниот снабдувач. Сите граѓани и компании се жалеа дека за фотонапонските централи кои што сакаат да ги вградат на своите кровови не беа во можност да ја предадат електричната енергија на универзалниот снабдувач. Оваа Влада го смени правилникот и тоа е овозможено. Оваа Влада, односно Министерството за транспорт и врски ги поднесе сите законски измени во Собранието за олеснување на изградба на фотонапонски централи на крововите на граѓаните и до 40 кв на компаниите, по примерот на западноевропските држави.

Издадени се овластувања за изградба на 3 ветерни електрани, со вкупен инсталиран капацитет од 110 мегавати на приватни инвеститори. Очекувам, првиот Богословец кој се наоѓа наспроти денешната фотонапонска централа која се пушта во употреба, официјално да започне со работа во текот наредните 2 квартали. Таму веќе почнуваат да пристигаат ветерните турбини.

И на крај, сакам да кажам неколку зборови и за најзначајниот проект за базна енергија во државата, а тоа е проектот Чебрен, историски проект, кој токму сега, токму во мандатот на оваа Влада за прв пат има понуда која се разгледува од страна на комисијата за негова изградба. 36 години за овој проект немаше доставено ниту една компанија и конзорциум понуда. Сега има понуда која се разгледува за изградба на овој историски проект којшто значи базна енергија, не само за Северна Македонија, туку и за регионот. Објавивме дека во тек е евалуација на единствената понуда на грчкото државно електростопанство ППС. Ова е проект проценет на 800 милиони евра кој ќе ја овозможи нашата енергетска транзиција повторно со обновливи извори на енергија.

Овие инвестиции се влог во трајни добра, кои на среден и долг рок ќе придонесат за зголемување на нашата енергетска независност.

Во моментов целиот свет е исправен пред предизвикот како да се обезбедат енергенси по најевтина цени, да се произведе мегават повеќе, да се обезбеди стабилно снабдување со електрична енергија за граѓаните и за стопанството.

Вчера, јас заедно со министерот за економија и министерот за финансии имавме прес-конфереција на која ги кажавме мерките, односно поддршката која што Владата ја обезбеди за најранливите категории на граѓани и за пензионерите со пониски примања, како и за сите компании во однос на одржување на нивната ликвидност. Веќе во Министерството за економија и за финансии се подготвени мерките за поддршка на компаниите, средни и големи кои се соочуваат со високите цени на електричната енергија. Тие ќе бидат разгледани на една од наредните седници на Владата, откако нормално ќе бидат координирани и разгледани со нашите меѓународни финансиски партнери од ММФ и пред странски кредитори и секако презентирани со раководството на стопанските комори. Компаниите да знаат дека Владата веќе подготвува пакет и за нив и тоа во детали разработен кој сега се координира со другите заинтересирани страни.

И токму овие инвестиции и заложби на Владата, имаат сериозен удел во задржувањето на економската активност на нашата држава, во справувањето со енергетската криза, со економската криза, но и трансформација на енергетскиот систем и заштита на животната средина. Воедно, ваквите инвестиции креираат работни места. Високо платени работни места во зелената економија. Инвестиции како оваа, но и останатите кои оваа Влада ги обезбеди и ќе продолжи да ги обезбедува, овозможуваат граѓаните, младите да останат дома и тука да си ја градат својата иднина во вакви високо технолошки индустрии.

Јас сум човек кој 22 години помина во работен век во високо технолошки индустрии, тоа се индустриите кои го носат економскиот напредок на оваа држава напред и ги вработуваат оние кои се одлучуваат на високо технички и технолошки универзитети.

Инвестиции како оваа овозможуваат Северна Македонија да е подобро место за живеење, за работа, за креирање бизниси. Нашиот народ и сите наши граѓани заслужуваат и подобра и побогата иднина. Иднина која ќе биде во согласност со стратегијата на ЕУ, која ќе ја градиме ние овде во партнерски односи со нашите партнери од ЕУ. Нашето место е на истата маса каде што седат најразвиените 27 држави од Европа обединети во ЕУ, држави од кои доаѓа и оваа компанија која тука ја изведе 17 мегаватната фотоволтаична централа. Таму е нашето место затоа што јас кажав на почетокот ќе зборувам за иднината. Сакам граѓаните да ги уверам дека оваа Влада и јас лично работиме на побогата иднина на нашите граѓани.

За крај, уште еднаш честитки до компанијата, посакувам успешна работа и уште многу успешни проекти. Ви благодарам и посакувам среќа во работата.“

   

Најново

(ВИДЕО) Фудбалерите на Јувентус во Белата куќа, Трамп ги праша: Дали може жена да игра во вашиот тим?

Sase Ivanovski

Одморите започнаа, што треба да проверите на автомобилот пред патувањето

Sase Ivanovski

Скопјанец возел со 121 километар на час на место каде било дозволено 50

Sase Ivanovski

Јужното овошје од Костарика седум пати поевтино од домашното: Ако не можеме да пробаме цреши, ќе јадеме ананас!

Sase Ivanovski

Контролорите на летање најавуваат штрајк на 10 јули, ако продолжи вработувањето на партиски кадри за советници

Sase Ivanovski

Вториот блок на РЕК Битола сè уште е исклучен, сомнежите за саботажа се истражуваат

Sase Ivanovski

Сообраќајка на патниот правец Бошков мост – Дебар

Sase Ivanovski

ЕК ја казнува Шпанија! Причината е имотот на странците во земјата

Sase Ivanovski

Кои земји ќе доминираат со светската економија во 2039 година

Sase Ivanovski

Конститутивната седница на Собранието во Приштина беше прекината по 34-ти пат

Sase Ivanovski

Силни експлозии во областите на Ерусалим и Тел Авив

Sase Ivanovski

Со завршен збор на одбраната, продолжува судењето против Мерко за поставувањето директори на четири училишта

Sase Ivanovski

Арагчи: Иран останува посветен на дипломатијата, но ќе продолжи да дејствува во самоодбрана

Sase Ivanovski

Герасимовски: Рана детекција на сколиоза со стручни тимови во новата учебна година

Sase Ivanovski

Угостителите од Трговскиот центар реагираат на кривичната од градоначалникот Крстевски: Oд 700 објекти со решение за отстранување зошто први ние?!

Sase Ivanovski

Денот во 60 секунди – Македонија и Данска ја засилуваат билатералната соработка, Владата продолжува да го подобрува животниот стандард и економскиот развој во Македонија

Sase Ivanovski

АЈДЕ ТРИПУНОВСКИ РЕАГИРАЈ, ОЈДОА 30 МИЛИОНА ЕВРА У БЕСТРАГА: Поради дефект на водоводна цевка се суши тутунот во Прилепското поле – надлежните немаат решение за проблемот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) САД: Новинар кој известуваше за протестот против Трамп се соочува со депортација

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Тексас: Ракетата „Спејс Икс“ експлодираше за време на тест

Sase Ivanovski

Кина ги евакуира своите граѓани од Израел, а Индонезија од Иран

Sase Ivanovski

Македонски државјанин ќе биде екстрадиран од Грција во Германија, бил баран со потерница за грабеж и убиство

Sase Ivanovski

Орбан: Брисел легна во кревет со Украина, бирократите сакаат да ја продолжат војната

Sase Ivanovski

По седум години повторно се отвора комплексот „Македонско село“

Sase Ivanovski

Путин: Немаше да има руско-украински конфликт доколку Трамп победеше на изборите во 2020 година

Sase Ivanovski

Без струја делови од Центар, Газа Баба, Сарај и Сопиште

Sase Ivanovski

САД се подготвуваат за војна со Иран и преместуваат дел од воените авиони и бродови од базите на Блискиот Исток

Sase Ivanovski

Трамп го одобри планот за напад врз Иран, но не издаде „конечна наредба“

Sase Ivanovski

Еве како да ја препознаете најслатката лубеница: Најсигурни методи за избор на зрела и сочна

Sase Ivanovski

Избегнувајте го: Ова е најлошиот утрински пијалак за кожа склона на акни!

Sase Ivanovski

На денешен ден – 19 јуни: Роден е Илија Милчин, македонски актер, режисер, јазичар и преведувач

Sase Ivanovski

Сончево и топло, попладне нестабилно со грмежи и дожд

Sase Ivanovski

ЗА ПОВЕЌЕТО ОВА Е НЕВОЗМОЖНА МИСИЈА: Само една земја во светот произведува доволно храна за своите потреби

Sase Ivanovski

КЕЛНЕРИ, ПИЦА МАЈСТОРИ, ЧИСТАЧКИ: Колкави плати им нудат Хрватите?

Sase Ivanovski

ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ: Надзорна расправа во Собранието сепак ќе има

Sase Ivanovski

СЕ НАМАЛУВА БРОЈОТ НА ОНИЕ КОИ ОДАТ НА ОДМОР ВО ГРЦИЈА СО ХРАНА КУПЕНА ВО МАКЕДОНИЈА: Зошто навиките се сменија?

Sase Ivanovski

Поголема минимална плата или помал број на приматели на минимална плата?

Sase Ivanovski

ИРАН НЕ СЕ ШЕГУВА Испукана е ултратешка балистичка ракета „Саџил“

Sase Ivanovski

СИЛНО НЕВРЕМЕ ЈА ЗАФАТИ ЦРНА ГОРА Поплавени се улиците во Котор, ветришта беснеат во Сутоморе

Sase Ivanovski

Филипче: Пад на поддршката за ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

ЦУК: Поројните дождови без сериозни штети, поплавени неколку објекти во Арачиново

Sase Ivanovski

Максо ќе трча за трет мандат градоначалник на Куманово ВМРО ДПМНЕ ќе му биде ветер во грб

Sase Ivanovski

Конфликтот Израел-Иран може да има импликации за македонската економија, вели академик Таки Фити

Sase Ivanovski

Чешката опозиција не успеа да изгласа недоверба на владата на Петр Фијала

Sase Ivanovski

Украина дозволи двојно државјанство за справување со демографската криза

Sase Ivanovski

Работник од Македонија е тешко повреден на австриско градилиште, го згмечила машина тешка 15 тони

Sase Ivanovski

Богатите Израелци бегаат со јахти за 600 евра од човек, редот накај Кипар е голем

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Боно блескаше на голот, Реал Мадрид не го победи Ал Хилал

Sase Ivanovski

Овие 10 намирници се најдобри и најздрави за појадок: Одлични се за зголемување на енергијата и за сити до ручек

Sase Ivanovski

Филипче: Наместо економски бум, Македонија тресна на дното во Европа

Sase Ivanovski

Ристески од Штип – Објавен оглас за обука на работно место кај конкретен работодавач

Sase Ivanovski

Крива Паланка беше домаќин на вискока делегација од Република Словенија

Sase Ivanovski

Руските саботажи во Европа во пораст

Sase Ivanovski

МАКЕДОНИЈА НЕЛЕГАЛНА Во цела држава биле пријавени над 473 илјади нелегално изградени објекти, а 201.495 сѐ уште имаат статус на дивоградба!

Sase Ivanovski

Филипче пред градската организација на СДСМ за Скопје: Скопје е затрупано со ѓубре, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го држат градот во заложништво

Sase Ivanovski

Ограбил куќа во Скопје, украл накит и техника вредни 296.000 денари – обвинителството бара притвор

Sase Ivanovski

За првпат, Иран лансираше ултратешка ракета „Саџил“ со среден дострел кон Израел

Sase Ivanovski

МОЖНИ СЕ ПОПЛАВИ ВО АРАЧИНОВО, СТАЈКОВЦИ И НА СКОПСКА ЦРНА ГОРА Повик до граѓаните да не излегуваат од дома

Sase Ivanovski

Град Скопје објави јавен повик за субвенции за велосипед!

Sase Ivanovski

Можни се поплави од Скопска Црна Гора вечерва, ЦУК има важно предупредување

Sase Ivanovski

Министерот Дурмиши: Над 4.500 граѓани веќе аплицирале, голем интерес од невработените за мерките од Оперативниот план

Sase Ivanovski

Одбрана или демонстрација на сила? Русија гради воен комплекс кај границата со Финска

Sase Ivanovski

Трамп: Можеби ќе го нападнам Иран, можеби не

Sase Ivanovski

Нуклеарниот часовник повторно отчукува: Светот се приближува до атомска нестабилност

Sase Ivanovski

Стејт департментот го осуди откажувањето на Европската рабинска конференција во Сараево

Sase Ivanovski

Милановиќ: Израел во моментов е предводен од криминална елита, која сака да го вовлече светот во војна

Sase Ivanovski

Мотоциклист од Кавадарци е во болница со тешки повреди, се судрил со автомобил

Sase Ivanovski

Додик во Санкт Петербург: Руската подршка за Република Српска останува стабилна

Sase Ivanovski

Иран е речиси целосно без интернет

Sase Ivanovski

Десет пациенти од пожарот во Кочани примија ПРП терапија без да патуваат до Скопје

Sase Ivanovski

Расчистен вчерашниот инцидент во Чаир, поднесена кривична пријава против едно лице

Sase Ivanovski

Уште еден американски носач на авиони ќе пристигне во Средоземно Море

Sase Ivanovski

Израелски напад близу седиштето на Националната полиција во Техеран

Sase Ivanovski

Нетанјаху му се заблагодари на Трамп за „поддршката“ во војната против Иран

Sase Ivanovski

Судирот меѓу Израел и Иран води кон астрономски скок на цената на нафтата – драма на светските пазари

Sase Ivanovski

Иран ги повика жителите на Хаифа да се евакуираат

Sase Ivanovski

Левица: Владата на Мицкоски доделила државно земјиште на фирма осомничена за криминал во „Адитив“

Sase Ivanovski

ЦИВИЛ: Слободата на изразување не е подарок од власта, таа е неприкосновено право на секој човек – пресудата против Дерала е директен атак на медиумските слободи

Sase Ivanovski

Двајца војници повредени при гаснење пожар во тетовската касарна

Sase Ivanovski

38 РАКОПИСИ ПРИЈАВЕНИ ЗА НАГРАДАТА „ОЛИВЕРА НИКОЛОВА“ Победникот ќе добие 60.000 денари, романот ќе се објави во посебна едицијана романот

Sase Ivanovski

Тинејџери од Скопје запалиле кабел, па предизвикале пожар

Sase Ivanovski
Вчитувам....