30.8 C
Скопје
15/06/2025 14:23
МАКТЕЛ

   

(ВИДЕО) Ковачевски: Постоиме благодарение на 11-октомвриското победничко востание и АСНОМ, да бидеме и денес на вистинската страна, напредокот!

      

   

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, по повод одбележувањето на државниот празник Денот на народното востание- 11-ти Октомври, денеска во Куманово на Спомен- костурницата присуствуваше и говореше на свечениот настан под слоганот „Секогаш на вистинската страна“.

Премиерот Ковачевски истакна дека одбележувањето на овој празник е продолжение и насока за нашата иднина, а нашата денешна битка е да продолжиме по патот на напредокот и мирот, без да дозволиме кој било и што било да ни го попречи овој пат.

Во продолжение е целото обраќање на премиерот Ковачевски:

„Почитувани граѓани,
почитувани претставници од Сојузот на борци од Народноослободителна борба,
Почитувани пратеници и министри,
Почитуван градоначалник на Куманово
почитувани пријатели – претставници на меѓународната заедница,
почитувани медиуми,
почитувани присутни во револуционерно Куманово, на Централната свеченост, во чест на 11 Октомври – Денот на востанието, во денешна суверена, самостојна и независна Македонија.

“Денес“ е продолжение и насока!

Tоа што го правиме ние денес, одредува каде ќе бидат нашите деца и нашата држава – утре!

Затоа, од најголемо значење е да се биде на вистинската страна!

Изборот на нашите претходници покажува дека – да се биде на вистинската страна, значи да се избере патот на мирот и напредокот!

И денес, повторно, нашата денешна битка е токму таква – да продолжиме по патот на мирот и прогресот, без да дозволиме кој било, што било и било кога да ни го попречи овој пат!

Таков е заветот, таков е најсветлиот аманет изграден и оставен од нашите предци, кои секогаш и одлучно, ја избирале вистинската страна.

Затоа, за секој кој го почитува македонското минато и си ја сака родната земја, ова е патоказот и во одлуките денес и утре! И засекогаш, во сите времиња!

Бележникот на македонската историја испишува дека 11-ти октомври 1941-та година го означува почетокот на антифашистичкото востание и на Народноослободителната борба. Но, тоа значело и продолжување на слободарските заложби за самобитност и државотворност од Илинденското востание, 1903-та година.

Со одлуката да пристапи кон антифашистичката коалиција, нашата држава во 1941-та година застанала на страната на слободата, на правдата, на целокупното прогресивно човештво, против уништувачкиот фашизам и нацизам во светот.

Водени од илинденската идеја за слобода, македонскиот народ и сите народи во нашата држава, во 41-та, ги формира првите партизански одреди коишто прераснаа во доброорганизирана, над стоилјадна, народноослободителна армија, којашто, по четири години, се избори за слободарскиот идеал.

Данокот на оваа победа е во крв: страдања и загуби на луѓе, на домови и огромни економски штети.

Но, денешна, Република Северна Македонија постои благодарение на ова, 11-октомвриско победничко антифашистичко народноослободително движење, чијшто политички успех е првото заседание на АСНОМ, кога народот го официјализира и идеалот за сопствена македонска држава.

Ова е непобитна вистина!

И ние како граѓани, сме и мораме да бидеме вечно благодарни!

И многу важно почитувани граѓани, сите ние, денес сме на вистинската страна, на патот на напредокот и мирот, бидејќи борците од Народноослободителната борба во 1941-та година се избориле и ни го покажале патот, кога во Втората светска војна го отфрлиле окупаторот и се избориле за слободата и државотворноста.

Овој континуитет, да се биде на вистинската страна, го задржале и генерациите од поновата македонска историја, кога во 1991-та година, при распадот на тогашна Југославија, отфрлиле нов раздор и војна, се обединиле во етничките и сите други различности и избрале по мирен пат да ја создадат независна Република Македонија.

Застанавме на вистинската страна и со членството во Обединетите нации, каде обезбедивме меѓународно признание македонскиот јазик, на нашиот македонски идентитет и на нашата заедничка држава на рамноправни народи: Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци и сите други – во единствената, суверена и независна Република Македонија.

Бевме на вистинската страна и кога во 2001-та година спречивме меѓуетничкиот конфликт да прерасне во граѓанска војна, со потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.

Застанавме во огромно мнозинство на вистинската страна и во 2017-та година кога ја обновивме демократијата во државата, по премрежјата на нестабилност и изолација на домашен и меѓународен план.

На вистинската страна се поставивме и кога одлучивме да градиме Едно општество за сите и како функционална, мултиетничка држава, Европа во мало. Нашиот уникатен и одржлив модел на демократија е она по што денес светот нè гледа и препознава. Ние сме регионално, европски и меѓународно препознаени како фактор на стабилност, безбедност и развој..

Застанавме на вистинската страна и во 2018-тата година, со потпишувањето на Договорот од Преспа, по што станавме 30-тата полноправна членка на НАТО. Денес, во услови на мировните закани во глобален контекст, се сфаќа вистинското значење на оваа тешка, но единствено исправна одлука, со којашто ги зацврстивме територијалните граници на нашата држава на европската и светската мапа.

Пред предизвикот сме да ги реализираме и европските интеграции и да станеме полноправна членка на Европската Унија, што е нашата втора рамноправно важна, национална и државна стратешка цел.

Европската Унија, јасно и гласно, во документите, преку европските лидери и на дело, во формалната комуникација што е достапна на сите граѓани, секојдневно, но и трајно го потврдува признанието на македонскиот јазик и македонскиот идентитет.

Ја имаме целосната поддршка и во развојот на нашата мултиетничка граѓанска држава.

Недвосмислено се почитува и нашето практикување на европски вредности во унапредувањето на добрососедските односи.

Се вреднуваат и нашите определби со коишто се поставивме целосно на линија на политиките на ЕУ, во поглед на позициите во војната во Украина.

Како што за време на Втората светска војна народот во нашата држава се стави на вистинската страна во борбата против фашизмот, заедно со народите од европските држави и САД за да се постигне светскиот мир и просперитет – и денес сме рамо до рамо со државите членки на ЕУ и на НАТО, на страната на светскиот мир и напредок.

Во услови кога агресијата и војната, неочекувано за 21-от век, се појавува повторно, значаен е сечиј придонес во унапредувањето на меѓусебното разбирање и во дијалогот како цивилизациски придобивки.

Ние покажавме, низ сопствен и конкретен пример при зачленувањето во НАТО, дека примената на функционална и успешна дипломатија за сопствените државни, но и заеднички, на нашите сојузници, интереси и вредности е можна.

Денес, седиме на заедничка маса со европските лидери, во Европската Унија и без посредници, лично, ги адресираме и актуелните предизвици со обезбедувањето енергија и храна и посочуваме и бараме решенија за сите прашања што ги цениме за важни.

Тоа е придобивката од започнатите преговори со Европската Унија!

Членството во Унијата нам ни е потребно, за да го осигураме развојот на државата, според европските демократски принципи и стандарди.

Но и на Европската Унија ние сме ѝ потребни, како стабилизирачки фактор во регионот на Западен Балкан.

Оваа историска шанса не смее и нема да се пропушти!

За нас внатре, дома е најважно и неопходно да продолжиме со следните забрзани чекори во евроинтеграциите.

Да се избере да се продолжи со евроинтеграциите до полноправно членство во ЕУ, денес значи повторно да се биде на вистинската страна!

Овој избор е пред генерациите на денешнината и на ова прогресивно политичко раководство на државата.

Владата и јас како Премиер сме подготвени да предводиме на патот кон целосно зачленување во ЕУ, со целосна цврста и трајна заштита на националните и државните интереси.

Во исто време, повикувам на максимална посветеност во решавањето на овој наш генерациски предизвик, со одговорно однесување од страна на сите пратеници во Парламентот и на сите политички и општествени чинители во државата.

Ќе повторам дека нема лесен пат до вредна цел.

Историјата бележи дека за остварувањето на секој идеал е потребна цврста одлучност, напор и верба.

Низ нашата историја, до денес, донесени се тешки одлуки кои барале различни жртви.

За време на Втората светска војна тоа биле човечките жртви.

Денес, кога го имаме дијалогот како средство за доаѓање до помирувачки решенија – никој нема право да ги погази делата на борците, нивната жртва и нивната верба дека еден светол ден, многу скоро, нашите нови генерации ќе живеат во својата родна Македонија која што ќе биде напредна земја членка на ЕУ.

Секоја генерација е исправена пред свои предизвици, коишто бараат избор. И никој нема право да го избегнува изборот на која страна ќе застане – кон напред, или во стагнација, во регрес со непредвидливи последици по иднината.

Партизаните, со почит кон минатото, избрале да гледаат кон иднината на својата земја, дури и кога тоа значело на неа да се положи сопствениот живот.

Денес, да се почитува минатото и да се гледа кон иднината, значи да се продолжи по стапките на борците од Народноослободителната борба, од чијшто виор е макотрпно изнедрена нашата држава и да се овозможи повторно нејзиниот натамошен напредок.

Ако порано напредокот барал обединување за да се постигне слобода, и своја држава основана на својот вековен јазик и идентитет, независност, како и членство во НАТО – денес да се биде на вистинската страна значи европски интеграции, примена на европските вредности, постигнување на европскиот животен стандард, придонес во европскиот мир.

Денес, во глобалниот контекст на случувања, да се застане на вистинската страна значи да се помогне да се обезбеди безбедниот и економски напредок и живот на граѓаните.

Блокадите на закони и мерки дома, на напредокот на меѓународен план, изолацијата на државата – се погрешна страна! И со ништо не може да се оправда ваквото однесување, бидејќи е современ чин на предавство на својот народ и својата држава.

Ако прифатиме дека значењето на антифашистичката борба е безвременско и државничко, дека е одраз на континуитет и бара континуитет, тогаш европскиот напредок на Република Северна Македонија е нашата вистинска страна и нашата битка кон успехот на тој план.

Свесен сум за загриженоста што ја предизвикуваат обидите за спорадични и иритирачки провокации, коишто повремено и намерно се стимулираат во земјава, од страни, чиишто интерес се реакции – спротивни на остварувањето на нашите државни стратешки цели, или со подлабоки мотиви.

Но, ние сме целосно посветени на заштитата на државните интереси и кон институционални решенија, согласно законите и европското поведение и на овој начин ќе се справуваме со таквите предизвици.

Веруваме дека, како и за сè досега, нашата мудрост е и врата и клуч за нашата европска иднина – клуч за предизвиците и врата за решенијата.

Оние кои се заробени во историјата, ја заробуваат и историјата во себе и така таа станува нивна кочница.

Но ние имаме европски поглед и тој е насочен кон иднината, врз база на историјата од којашто учиме и која што ја славиме како што ја славиме и денес тука во Куманово на 11 Октомври.

Така нејзината вредност наместо да заробува – ослободува и води напред. Оваа гледна точка нам нè поставува на вистинската страна и со тоа ни дава за право да веруваме дека ќе успееме во битката на нашето време.

Тоа е погледот напред каков што го имале Мирче Ацев, Стив Наумов, Коста Солев Рацин, Бајрам Шабани, Христијан Тодоровски Карпош, Ибе Паликуќа, Михајло Апостолски и многу други знајни и незнајни борци во НОБ, кои дејствувале по примерот на Гоце Делчев, Даме Груев, Јане Сандански, Никола Карев, Питу Гули и други бројни илинденци, а за чии подвизи пишувале Славко Јаневски, Ацо Шопов, Блаже Конески, се пишува денес и ќе се пишува за навек на македонски јазик.

Почитувани граѓани, почитувани присутни,

На ова свето место, Спомен костурница во Куманово, вечниот дом на околу 300 борци кои своите животи ги положиле во темелите на родната земја, оддаваме искрена почит кон сите борци во антифашистичката и народноослободителна борба и ја испраќаме пораката дека светиот аманет да се биде На вистинската страна е примен, чуван, реализиран и ќе биде предаден на идните генерации, како отсекогаш, во името на добрата иднина на Република Македонија.

Како што се вели во една мудра порака: Да направиме нешто вредно за читање, или нешто вредно за пишување.

Почитувани граѓани,

Дозволете како роден кумановец да искажам искрени позиции. Чест и гордост ми е што сум Македонец. Чест и гордост ми е што сум роден во Куманово. Најголема, врвна одговорност и обврска ми е што во еден од најтешките периоди ја имам обврската да ја водам државата!

Тогаш, кога е најтешко, кога треба да се покаже храброст, смелост, одважност, чесност и најмногу од се правдина и визија! Како и многу други наши поранешни, сегашни и идни сограѓани!

Денес и утре, во следната блиска иднина, сите наши сограѓани, убеден сум дека ќе покажат и докажат дека ја поддржуваат вистинската страна на обединувањето, на соживотот, на прогресот и на иднината!

Целата наша држава, нашите граѓани никогаш не биле на погрешната, на малата, на ситната, на страната на дневната политика!

Моето, нашето Куманово, нашата држава, секогаш била вистински, искрено, без двоумење, на вистинската страна! Така било, така е, така ќе биде! И знам дека тоа ќе биде одлуката на сите наши граѓани, во сите наши градови и општини!

Сите досегашни, а особено идни одлуки, на нашата држава и на Европската Унија ќе покажат и докажат дека нашиот македонски јазик е признат и потврден, нашиот национален идентитет е признат и прифатен, а нашата држава е рамноправна со сите Европски држави!

Може да има многу скептици, политиканти, калкуланти и слични на нив! Имало такви и во минатото, има сега, ќе има и во иднина!

Но, ве уверувам, тие не се на вистинската страна!

Сите тие се на погрешната страна!

И мое, ваше, наше Куманово, цела држава ќе биде сведок дека многу брзо ќе следат бројни институционални, политички, економски и безбедносни Договори со Европската Унија, како Фронтекс Договорот, кои ги договараме и ќе ги потпишеме на македонски јазик како рамноправен јазик со сите јазици на Европската Унија. Тоа е најдобар начин и јасни факти кои не прават рамноправни граѓани и држави со сограѓаните од Европската Унија! Од самиот почеток на нашите преговори со Европската Унија во едно сме целосно убедени и непоколебливи, исто како нашите предци- дека нашиот вековен македонски историски национален, јазичен и културен идентитет е посебен, обезбеден, зачуван и унапреден! Сега и во иднина!

Е тоа е начин како се брани и развива држава!

Со срце, со памет, со душа, со верба, со знаење!

И во тешко, а денес и во арно, а и утре во најдобро!

Ве повикувам искрено, како и секогаш да веруваме, да имаме верба и да го дадеме нашето најдобро за нас, самите!

Обединети, На вистинската страна да продолжиме напред! Нашите најголеми победи како во минатото, да ги направиме најголеми успеси во сегашноста и иднина.

Нека ни е честит и вековит 11 Октомври – Денот на востанието! Да живеат граѓаните, да живее слободна и независна Македонија!“

   

Најново

БЛИСКИТЕ БАРААТ ПОМОШ: Се изгубил Македонец во Германија

Sase Ivanovski

Кривични за шестмина возачи за –„безобзирно управување со моторно возило“

Sase Ivanovski

Три сообраќајки вчера во Тиквешијата

Sase Ivanovski

Министерот Кац: Израел ќе продолжи да ја „дере кожата на иранската змија во Техеран“

Sase Ivanovski

Нетанјаху: 13 загинати во иранските напади, меѓу нив и деца

Sase Ivanovski

Кривични пријави за незаконски изведена реконструкција на ООУ „Петар Мусев“ во Богданци

Sase Ivanovski

СДСМ: Нема правда без одговорност на Тошковски и Јанев, актуелната власт е виновна за Кочани

Sase Ivanovski

Левица на оглас бара кандидати за градоначалници со визија и храброст

Sase Ivanovski

Образованите бегаат од Германија

Sase Ivanovski

Митови и факти ЕП 17 | Драган Б. Костиќ: Југославија беше трета музичка сила во Европа

Sase Ivanovski

Новинарот Фуркан Салиу вели дека Македонија станува мала Србија, заради тоа што го блокираме евроинтегративниот процес

Sase Ivanovski

КАЗНИ ДО 12 ИЛЈАДИ ЕВРА, РАЈНЕР ПРЕДУПРЕДУВА! Непристојното однесување во авион, скапо ќе го платите

Sase Ivanovski

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ лаже, Филипче ниту  го поседува ниту го поседувал возилото Ауди

Sase Ivanovski

МАКЕДОНСКОТО МНР ОБЈАВИ СОС БРОЕВИ ЗА СИТЕ НАШИ ГРАЃАНИ ВО ИРАН И ВО ИЗРАЕЛ Еве каде да се обратите за помош

Sase Ivanovski

ИДЕНТИФИКУВАН ОСОМНИЧЕНИОТ КОЈ ЗАСТРЕЛА ПРАТЕНИЧКА И СЕНАТОР ВО МИНЕСОТА Работел за гувернерот Тим Волц

Sase Ivanovski

На туѓо име матичен гинеколог правел бесплатен ПАП тест- сведоштво за Телма

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) АЛИУ: Јас како доктор по информатика нема да правам операција на срце, туку ќе створам систем во кој пациентите ќе добиваат квалитетна здравствена услуга

Sase Ivanovski

Герасимовски: Центар со финансиска помош за Кочани, кога е најтешко да си подадеме рака

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Прес-конференција на министерот за здравство, Алиу: Првиот состанок како министер за здравство ќе ми биде со директорката на болницата во Кочани, тие ќе ми бидат приоритет

Sase Ivanovski

АРСОВСКИ: Изборниот модел како шпанска серија

Sase Ivanovski

НИКИЦА КОРУБИН: Идентитетот во својата културолошка и цивилизациска суштина, нема потреба од дефиниција

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) На парадата на Трамп, армијата покажа роботски кучиња, тенкови…

Sase Ivanovski

(Видео) Крстевски за Трилинг: Кочани нема повеќе да трпи – време е Владата да одговори

Sase Ivanovski

Несреќа со воздушни балони во Турција: Еден загинат, 19 повредени

Sase Ivanovski

Додека е на лекување на Панчо нема да му се суди, постапката запрена за 11 лица

Sase Ivanovski

Град Скопје го предводи регионот со проектот за пречистителна станица за отпадни води

Sase Ivanovski

Кафе 4, топка сладолед 2, крофни 3 евра- цените во Црна Гора за 2025 година би можеле да ве изненадат

Sase Ivanovski

ФИФА има план: Пред ТВ екраните ќе ја лажира посетеноста на Светското клупско првенство

Sase Ivanovski

Велика Британија фрла 2,5 милијарди фунти во во проект кој сè уште постои само на хартија

Sase Ivanovski

ОГРОМНИТЕ АМБИЦИИ НА СОПСТВЕНИКОТ НА ЛИДЛ: Сега сака да го освои морето и да ги совлада „облаците“

Sase Ivanovski

Јемен нападна со балистички ракети врз Израел – координација со Иран, тврдат извори

Sase Ivanovski

Спречен обид за измама вреден повеќе од 40 милијарди долари

Sase Ivanovski

Израелската војска ги предупредува Иранците да ги напуштат воените објекти и нивната околина

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Економијата покажува знаци на стабилизација и раст

Sase Ivanovski

НАСАМАРЕНИ ОД „ПОЛИЦАЈЦИ“ И ОД „БАНКАРИ“ Голема полициска акција во 5 земји против мрежа со 30.000 измами

Sase Ivanovski

Анкета: Поскапувањата на цените остануваат најголем проблем за Грците

Sase Ivanovski

Крива Паланка го најавува Културното лето 2025 со над 60 настани

Sase Ivanovski

Младите Јапонци веќе не „рмбаат“ како нивните баби и дедовци

Sase Ivanovski

Израел: Ги продолжуваме нападите врз Иран

Sase Ivanovski

Херцог жали за жртвите од иранскиот ракетен напад: Многу тажно и тешко утро

Sase Ivanovski

ЗЕМЈА ОД РЕГИОНОТ ПРEСЕЧЕ: Нема повеќе стимулации за вработување имигранти

Sase Ivanovski

Ирански ракетни напади врз Израел: Осум загинати, над 100 повредени

Sase Ivanovski

Протест пред МВР поради случајот „Феликс“

Sase Ivanovski

Режимот во Техеран е потресен, дали му се заканува колапс?

Sase Ivanovski

МАКЕДОНИЈА ПОДОБРА ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД СКАНДИНАВСКИТЕ ЗЕМЈИ Ранг листата ја направи американско бизнис списание

Sase Ivanovski

Смртниот биланс од иранските напади врз Израел се искачи на 10 лица

Sase Ivanovski

Трамп: САД немаат ништо со нападот врз Иран

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Малиот волшебник уште еднаш докажа: КЛАСАТА Е ВЕЧНА!

Sase Ivanovski

Три сообраќајки вчера во Тиквешијата

Sase Ivanovski

Ирански министер: Израелските напади немаше да се случат без „зелено светло“ од Вашингтон

Sase Ivanovski

Најцрните сценарија од Блискиот Исток: До каде може да оди конфликтот меѓу Иран и Израел?

Sase Ivanovski

ГРАД СКОПЈЕ: Во општина Гази Баба, фирма затекната од инспекторат на град Скопје при вршење нелегални активности, правење огромна дива депонија со градежен и опасен отпад и бесправна експлоатација на земјиште, без лиценци, елаборати, дозволи и одобренија, што претставува сериозна опасност по здравјето на граѓаните и животната средина

Sase Ivanovski

Актуелната администрација на Општина Центар сака да го ограничи движењето на возила во Дебар Маало за викенд

Sase Ivanovski

Американска амбасада во Приштина: Косово е првата земја во Европа што ќе прими депортирани лица од САД, благодарни сме

Sase Ivanovski

Трамп на воената парада во САД: Нашите војници доаѓаат по секој што ја загрозува Америка

Sase Ivanovski

По ударите од Иран врз Израел – преполни болниците со повредени

Sase Ivanovski

Трамп: Во случај на ирански напад врз САД, ќе има одговор што досега не е виден

Sase Ivanovski

Седум лица, меѓу кои и едно дете, загинаа во хеликоптерска несреќа во Индија

Sase Ivanovski

На „Богородица“ и „Табановце“ се чека околу половина час за влез и излез од државава

Sase Ivanovski

Сончево и топло со слаб до умерен северен ветер

Sase Ivanovski

Протести и тужба за депонијата во Кичево – градоначалникот Дехари: притисокот врз работниците е политички терор

Sase Ivanovski

Велика Британија распоредува борбени авиони на Блискиот Исток во услови на растечки тензии меѓу Израел и Иран

Sase Ivanovski

Макрон го повика Иран да се врати на преговарачката маса

Sase Ivanovski

Желјазков: Очекуваме поддршка од ПССЕ за заштита на правата на бугарската заедница во С Македонија

Sase Ivanovski

Кои земји ќе бидат зајакнати, а кои ќе бидат елиминирани до 2050 година?

Sase Ivanovski

Студија: Која е првата работа која жените ја забележуваат кај мажите?

Sase Ivanovski

„Тему“ и „Шејн“ бегаат од САД и се вртат кон Европа

Sase Ivanovski

Што е Железна купола и дали штитот на Израел е семоќен?

Sase Ivanovski

Купете цело село за 834.000 евра – замка што многумина не ја очекуваат

Sase Ivanovski

Идентификуван осомничениот за убиството на демократската претставничка од Минесота

Sase Ivanovski

Освен крема за сончање, на одмор не заборавајте и очила со УВ заштита- вели офталмолог

Sase Ivanovski

Гарсониера, гаража или деловен простор – што носи најбрз профит?

Sase Ivanovski

Дали авиокомпаниите навистина вработуваат само убави стјуардеси?

Sase Ivanovski

ДУКОВСКИ ВЕЛИ ДЕКА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УСТАВЕН НОСИ „ФЕЈК“ РОЛЕКС:„Ова нема врска со ништо, освен со лош вкус“

Sase Ivanovski

ПОЖАР ВО ВИСОКОКАТНИЦА ВО ДУБАИ Евакуирани 4.000 станари

Sase Ivanovski

Луксузно одморалиште, со пет ѕвезди ќе се гради на местото на поранешните хотели во Купари

Sase Ivanovski

Украинскиот фронт попушта: Страв од падот на Суми и руско напредување кон Днепропетровск

Sase Ivanovski

Фискалните апарати не се за украс, давајте фискални сметки!

Sase Ivanovski

Русија и Украина разменија затвореници, Москва ги испрати и телата на убиените

Sase Ivanovski

АКО ДОБИЕТЕ 100.000 ЕВРА ПОМОШ, ДАЛИ БИ СЕ ВРАТИЛЕ ДА ЖИВЕЕТЕ НА СЕЛО: Еве што ни одговорија граѓаните…

Sase Ivanovski
Вчитувам....