Почитувани граѓани,
Одговорот на прашањето ќе Ви го дадам на Вас. Бидејќи во ова Собрание дадов заклетва, како највисока и света обврска дека ќе го почитувам Уставот и законите и дека ќе работам за Вас, граѓаните.
Бидејќи вие граѓаните заслужувате да ги знаете сите информации, факти и да знаете кој е каков, и како политичар и како човек пред се!
Јас, Димитар Ковачевски, од самиот почеток како премиер ветив дека ќе ја зборам само вистината, директно, цело време!
Сосема накусо!
Во 2000-тата година согласно сите законски процедури, базирани на Законот за одбрана од 1992 година, член 51 и во рамки на јавна, повеќестепена процедура, врз основа на мислење на стручни лица-доктори на медицина, а заради мој здравствен, абдоменален проблем, со кој сеуште се соочувам, се регистрираше мојата неможност за служење на воената обврска.
Не јас самиот, не моето семејство, туку непознати за мене лица, во регрутните комисии констатирале таков факт!
И тоа во 2000-тата година, пред да се случи воениот конфликт и криза во 2001 година!
Ниту сум бил првиот ниту последниот таков случај, базиран на објективна медицинска состојба!
Јасно, гласно, прецизно, целосно ја соопштував и ја соопштувам вистината!
Не за да се објаснувам, бидејќи вистината и фактите не се објаснуваат! Туку, како и секогаш, да ја говорам вистината!