Дали Македонија се празни поради иселувањето на граѓаните кои одат во потрага по подобар живот? Од 2011 до 2019 година од земјава си заминале 700.000 граѓани. Ова го изјави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, кој вели дека станува за алармантна бројка.
Битиќи истакна дека има слободни работни места во Македонија, но институциите треба да креираат политики за преквалификација на граѓаните на пазарот на трудот.
Но, вицепремиерот вели дека како што наши граѓани одат во странство на работа, така и странски државјани доаѓаат за да работат во земјава.
Според Битиќи, иселувањето е глобален феномен кој е присутен и во Германија, Норвешка, па дури и во Америка.