Мактел дознава дека Илче Гебелс денеска испратил многу налутен мејл до GOOGLE и тоа напишан на Yahoo Mail?!?!
Во мејлот Илче барал од Google да ја избрише од интернет денешната фотка на Ковачевски со францускиот претседател Макрон затоа што тоа им ги рушело шансите да победат на следните избори.
– Ние се утепавме од медиски патки за да ја убедиме јавноста дека Ковачевски е политички аматер и дека никој не го ферма во светот а тој денеска се шета по Прага и се дружи со Макрон, го третираат како македонски Барак Обама, па ова фер ли е?!?!
Плачел Илче кој бил неофицијален советник за медиуми на Мицковски во ВМРО ДПМНЕ.
– Кога веќе сме на темата бришење, ве молам да ја избришете од Јутуб и рекламата со Мицковски како со чук млати во тараба, не знам кај им беше паметот, јас тогаш не бев тука па работите избегаа од контрола. – напишал Илче Гебелс во мејлот до менаџментот на Google.