Започнавме со реализација на уште еден значаен проект во делчевските училишта кој носи бенефит и заштеда на енергија.
Во ООУ „Ванчо Прке“ започнаа градежните работи за изградба на енергетско-ефикасна фасада. Фасадата на училиштето не е реконструирана од неговото отворање во 1972, а изградбата на енергетско-ефикасна фасада е приоритетен проект за нашето училиште и во ова време на економска и енергетска криза, освен што значи нов лик на зградата, ќе донесе и заштеда на енергија и повеќе средства во буџетот на училиштето кое сега ги троши за затоплување.
Средствата за реконструкција на фасадата на училиштето се обезбедени од пренамената на средствата за изградба на карго- аеродромот во Штип, а врз основа на анализа за проценка на економска оправданост. За изградба на енрегетско-ефикасна фасада на ООУ „Ванчо Прке“, преку Договорот со ТАВ, се одвоени 5,1 милион денари.