Украинскиот претседател, Володимир Зеленски преку објава на Твитер им изрази благодарност на дeветте земји од Европа меѓу кои и на Македонија за дадената поддршка за членството во НАТО и осудата за припојувањето украински територии кон Русија.
Тој во објавата поединечно ги наброи претседателите на Македонија, Црна Гора, Естонија, Летонија, Литванија, Полска, Романија, Словачка и Чешка.