Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека по референдумот во областите од источнните делови од неговата земја веќе нема да бидат можни преговори со рускиот претседател Владимир Путин.
„Референдумот може да доведе до многу трагични ситуации. Луѓето кои нема да се појават на референдумот можат да останат без струја, бидејќи Русите може да им ја прекинат струјата и да им оневозможат нормален живот. Тие ги принудуваат луѓето да гласаат, ги фрлаат во затвори. Ги тераат да одат на псевдореферендум“ – изјави Зеленски за американската мрежа „CBS“.