МАКТЕЛ

    

Ако судот пресуди дека треба да се вратат парите, ние не можеме да избегаме од тоа, вели Димитриеска Кочоска за солидарниот данок

      

Судството е независно, ако судот пресуди дека треба да се вратат парите, ние не можеме да избегаме од тоа, вели министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, во однос на Законот за данок на солидарност, што доколку биде укинат од Уставниот суд би значело враќање на 49 милиони евра од Буџетот. Мојот став во однос на солидарниот данок, нагласи Димитриеска Кочоска, во моментот кога се воведуваше го знаете и дека бевме против од многу причини, но сега, да ја почекаме одлуката на судот.

– Наша должност, како Министерство за финансии е да ги почитуваме и спроведуваме законите. Ако судот пресуди дека треба да се вратат парите, ние не можеме да избегаме од тоа, ние имаме обврска да ги вратиме. Јас морам да го почитувам законот, изјави Димитриеска Кочоска, одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на настанот „Фискалната политика на крстопат: Патот кон стабилност и одржливи јавни финансии“, во организација на Фискалниот Совет на Република Северна Македонија и Finance Think. Прашана што би значело тоа за буџетот, со оглед дека 50 милиони не се малку, Димитриеска Кочоска, рече дека ова е „резултатот од нестандардните политики“ и “нестабилност, која што ја правеше претходната влада“.

   

– Ова се резултатот од нестандардните политики и не знаење што се прави. Во изминатите години за ова зборувавме. Ова е таа нестабилност, која што ја правеше претходната влада играјќи со персоналниот данок, со данокот за солидарност и само имаме проблеми. Затоа и нема инвестиции, изјави Димитриеска Кочоска. Затоа, нагласи Димитриеска Кочоска, сега и правиме напори да ги охрабриме инвеститорите. – Да им ветиме дека даночната политика е веќе стабилна и предвидлива, рече Димитриеска Кочоска.

Уставниот суд во средата донесе одлука да поведе постапка за оценување на уставноста на Законот за данок за солидарност. Судот изрази сомнеж дека оспорениот Закон ја повредува темелната вредност владеење на правото уредена со членот 8 став 1 алинеја 3 од Уставот и фундаменталните принципи на кои почива, како што е правната сигурност на субјектите во нивната правна положба, правната предвидливост и правната извесност во легитимните очекувања на субјектите во правото.

Според дискусијата и аргументите во оваа насока со донесувањето на Законот нарушена е правната сигурност на компаниите кои оствариле профит над 615 000 000 денари во 2022 година, со тоа што во септември 2023 година е донесен закон кој им наложува задолжителен вонреден данок на солидарност на веќе одданочениот профит од претходната година. Во расправата уставните судии изразиле сомнеж дека станува збор за Закон кој произведува повратно дејство, што е во спротивност со членот 52 од Уставот. Судот го имал предвид фактот дека ретроактивноста и нејзиниот исклучок е дозволен само кога станува збор за тековни постапки, но во случајот засегнатите субјекти ги окончале односите со плаќањето на данок во 2022 година. Судот во оваа фаза оценува дека со донесувањето на таков вид на данок, компаниите се ставени во нееднаква положба и дека Законодавецот направил упад во уставно загарантирано право на сопственост,како и упад во слободата на пазарот и претприемништвото.

Иако Законодавецот во јавноста презентирал дека спорниот Закон се носи за да се усогласи со Регулатива 2022 на ЕУ, Уставниот суд, изразува сомнеж дали станува збор за усогласување, бидејќи ЕУ регулативата се однесува на вонредно оданочување на компании од енергетскиот сектор, кои оствариле значително зголемен приход како резултат на кризата, што не може да се спореди со субјектите кои се опфатени во Законот за данок на солидарност во Република Северна Македонија, бидејќи во законското уредување е предвиден критериум, а тоа е 615 000 000 денари, без оглед на тоа со каква дејност тој профит бил остварен.

Кога станува збор за аргументот на солидарноста, Законодавецот напоменува дека овој данок се плаќа во услови на непредвидливи и неповолни економски околности и е заснован на принципите на правичност, еднаквост и пропорционалност, според кој секој е должен да учествува во намирувањето на јавните расходи, согласно своите економски можности. Во расправата одредени уставни судии изразија сомнеж во овие аргументи на Законодавецот, со оглед на фактот дека суштината на солидарноста е да се подели товарот од сите, пропорционално, правично, а не селективно само на одредени субјекти, што може да води кон дискриминација. Во расправата беше посочено дека законодавецот не ја почитувал и уставната обврска за vacatio legis, односно пропуштил да даде аргументи и образложение за исклучокот од овој уставен принцип кој го применил во конкретниот закон. На ова Решение за поведување на постапка, судијата Добрила Кацарска најави издвоено мислење По одржување на седницата, претседателот на Судот Дарко Костадиновски одржа брифинг со новинарите, на којшто истакна дека сега следува втората фаза на постапката, испитување на уставноста.

-На следната седница треба да го утврдиме нацртот на решението кое го донесовме денеска и потоа се обраќаме до доносителите на Законот за да дадат свое мислење. Што се однесува до одлуката, се знае кои се можностите и тие се утврдени со нашиот Акт, Судот може да укине, да поништи акт или во специфични ситуации да ја запре постапката. Не би сакал и неможам да прејудицирам ништо, сепак станува збор за одлука која ќе ја носат сите судии, рече тој.

На прашањето која опција е поверојатна, дали укинување или поништување и кои ќе бидат ефектите, Костадиновски кажа дека кога станува збор за укинување, значи дека во иднина не може да да се примени ниту донесе идентичен закон, додека поништувањето подразбира да се поништат последиците кои настанале од укинатиот закон, односно поништувачката одлука значи како таков закон да не ни постоел. На прашањето кога би можело да се очекува одлука, претседателот Костадиновски објаснувајќи ги процедурите во постапката изрази мислење дека тоа би можело да биде на почетокот на следната година.

  

Најново

Тројца кавадарчани ќе одговараат, преку социјална мрежа му се заканувале на шефот на полицијата

Sase Ivanovski

Преговорите меѓу Русија и САД се во ќор-сокак – Путин одолговлекува, вели Бербок

Sase Ivanovski

Цуцуловски за случајот со обезбедувањето на Мицкоски: КАКО Е МОЖНО?

Sase Ivanovski

„Тетово сака парк“: Државно земјиште е продадено за смешни 7.000 евра, Касами се грижи само за капиталот на урбаната мафија

Sase Ivanovski

Трагично загина руски политичар, проверувал дали пиштолот е полн и му пукнал во рацете

Sase Ivanovski

Вучиќ: Одиме кон воен сојуз со Унгарија

Sase Ivanovski

Милошоски: Министерот за правда Филков има слаби перформанси!

Sase Ivanovski

Градоначалникот на Крива Паланка до директорот на Булмак: Ако имавме држава Тоневски ќе беше на обвинителна клупа, а не да дебатира со мене на медиум

Sase Ivanovski

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со учесниците на програмата „Конекција Оксфорд“

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ, Петрушевски: Донесени се првите законски измени, забрана за употреба на пиротехника во затворен простор и повисоки казни за прекршителите

Sase Ivanovski

Анкета: Големо мнозинство Европејци поддржуваат одмазднички царини против САД

Sase Ivanovski

Репортажа: Инфлацијата во ЕУ забавува, цените во Германија пониски од Македонија

Sase Ivanovski

За да се расчистат над 1.200 ѓубришта, итно ни требаат функционални депонии по европски стандарди

Sase Ivanovski

MOН го објави конкурсот за упис во средно образование

Sase Ivanovski

Со настани во Скопје и Тирана, утре ќе се одбележи Меѓународниот ден на проверка на факти

Sase Ivanovski

Истрагата за трагедијата во Кочани трае, Обвинителството не открива детали

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Иднината на серијалот игри Horizon Zero Dawn со најава за online верзија

Sase Ivanovski

Измените на Законот за субвенциониран студентски оброк пред пратениците, УСС УКИМ апелира да ги изгласаат

Sase Ivanovski

Северна Македонија не планира да стане дел од соработка во одбраната меѓу Хрватска, Албанија и Косово

Sase Ivanovski

Хрватската ХРТ со документарец за несреќата во Кочани – солзи сами течат – Не смее да се заборави – не смее да се повтори!

Sase Ivanovski

Владата одобри набавка на 120 еколошки автобуси, 80 ургентни во Скопје останатите по потреба

Sase Ivanovski

Димитрија Доксевски е новиот директор на ИФФК „Браќа Манаки“

Sase Ivanovski

Во притвор припадник на обезбедувањето на премиерот за оддавање службена тајна

Sase Ivanovski

ЕСМ: Од 1 до 5 април минимални редукции на парното во Скопје

Sase Ivanovski

Амбасадата на САД во Скопје апелира носителите на визи да ги следат американските закони и правила

Sase Ivanovski

Стејт департмент: Трамп ја отфрли идејата за странска управа во Украина

Sase Ivanovski

Додик: Ниту побарав, ниту добив руско државјанство

Sase Ivanovski

Најмалку три лица загинаа во израелски воздушен напад на југот на Бејрут

Sase Ivanovski

Сомнителни набавки за роднини и другари во општина Велес: Тракторчето од 44.000 евра во рацете на приватна фирма

Sase Ivanovski

Вучиќ: Нема да има преодна влада

Sase Ivanovski

Путин ја потпиша мобилизацијата: Најмногу луѓе се повикани на воена служба во последните 10 години

Sase Ivanovski

Ле Пен по осудата за кражба на пари од ЕУ: Милиони Французи се бесни

Sase Ivanovski

Шкендија: Минутата молк беше испочитувана, но група поединци се однесуваше неодговорно

Sase Ivanovski

Неуспешна амбиција: Најголемиот стадион во светот со години е празен, изграден за инает на непријателот

Sase Ivanovski

Над 2.000 жртви, 300 исчезнати и 4.000 повредени по земјотресот во Мјанмар, прогласена е седумдневна жалост

Sase Ivanovski

Тројца загинати од паднато дрво во бурата во Мичиген

Sase Ivanovski

Марин Ле Пен: Нема да се кандидирам во 2027, но ќе продолжам со борбата

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода возачот кој со возило удри велосипедист во Скопје

Sase Ivanovski

СДСМ поднесе кривична пријава против градоначалникот Коњановски оти не ги потпишувал одлуките на Советот за смена на управните и надзорните одбори во јавните претпријатија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Сајкоски: Денеска заедно со општествено одговорни компании донираме едно амбулантно возило за потребите на Општа болница – Кочани

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Преговори за заеднички контроли на Граничен премин Табановце-Прешево

Sase Ivanovski

Соработката е клучна: Општините се прва линија во управувањето со отпад

Sase Ivanovski

Влада: Усвоена информација за изградба на нови објекти и за реконструкција на постојните објекти во културата, и набавка на 120 еколошки автобуси

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Посебен режим на сообраќај утре во Скопје

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Кривична пријава против 10 полициски службеници од Единицата за брзо распоредување за злоупотреба на службена положба и овластување

Sase Ivanovski

Коалиција за заштита на децата со писмо за подршка за децата до Антонио Милошоски

Sase Ivanovski

ВЛАДА, Мицкоски на Советот за реформа на јавната администрација: Време е за промени, потребна ни е ефикасна и посветена администрација

Sase Ivanovski

Факултет за музичка уметност – Скопје: ГРАН ПРИ за нашиот оркестар „Солисти на ФМУ” и проф. м-р Сашо Татарчевски

Sase Ivanovski

МЕЏИТИ, КАСАМИ И ИБРАХИМИ КОНТРА ТАРАВАРИ: НЕМАМЕ НИКАКВА КОМУНИКАЦИЈА СО АЛИ АХМЕТИ

Sase Ivanovski

Поскапуваат горивата

Sase Ivanovski

На концертот посветен на Тоше ќе се пеат песни и од ДНК, дел од средствата ќе се донираат за Кочани

Sase Ivanovski

Инспекторот од обезбедувањето на премиерот сакал да продаде тајни документи за да добие 50.000 евра

Sase Ivanovski

20-годишник натепан во населба Перо Чичо

Sase Ivanovski

Александар Николоски: Креираме нов едношалтерски систем за Царинската управа со што ќе овозможиме поефикасни постапки за увоз, извоз и транзит на стока

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Мицкоски: Странските инвестиции ќе бидат главен мотор на економијата

Sase Ivanovski

ВНИМАТЕЛНО СО МИНИМАЛЕЦОТ: Расчекорот со растот на продуктивноста е закана за инфлацијата

Sase Ivanovski

Секоја втора жена во Македонија не работи, а тие што работат се помалку платени

Sase Ivanovski

СЀ ПОМАЛКУ ЛИЦА БАРААТ РАБОТА – невработеноста постојано паѓа, но бројот на вработени осцилира

Sase Ivanovski

Систем за одржливо управување со отпад – клучен чекор кон почиста иднина на Северна Македонија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Јована Тренчевска: Сите пратеници да го поддржи законот на СДСМ за покачување на платите до 15.000 денари

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски: Дали Иван Пешевски е гласен синдикалец затоа што зема 80.000 денари плати? – Синдикалците на батерии се прочитани

Sase Ivanovski

Манасиевски: Наместо да ја поздрават акцијата на МВР, СДС се однесуваат како дете на кое ништо не може да му се погоди, ВМРО-ДПМНЕ води бескомпромисна борба против секаков вид злоупотреби

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Богданка Кузеска: СДСМ ја повика ДКСК да го прошири предметот со новиот скандал за Андоновски

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Инцидент за време на протестите во Белград: Маж се обидел да ја пробие блокадата и ги навредувал и им се заканувал на студентите

Sase Ivanovski

Забрана за користење пиротехника во затворен простор – пратениците едногласно ги изгласаа законските измени

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ, Миле Талески : Мицкоски не може да не знае – втор обезбедувач од неговиот круг фатен во контакт со подземје

Sase Ivanovski

Неопходна е итна акција – регионалниот систем за управување со отпад целосно ќе го модернизира начинот на кој се справуваме со отпадот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Мицкоски со одлична вест за пензионерите: Денеска започнува исплатата на повисоки пензии за 2.500 денари, со тоа го испорачавме нашето ветување за повисоки пензии од 5.000 денари

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ, Петрушевски до Трендафилов: Синдикалецот на батерии Трендафилов за 14 месеци инкасирал 1.688.000 денари!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Библиска катастрофа од Парос

Sase Ivanovski

НБА се сели во Европа: Влезот во новата лига ќе чини 500 милиони евра

Sase Ivanovski

2.508 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава во текот на продолжениот викенд

Sase Ivanovski

Љуљзиме Лека Муљаку во Чифте амам со циклусот „Метаморфоза II“

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е тешко да сфати, но кога последен пат бил уапсен член на обезбедувањето на премиерот, нема милост за криминогените

Sase Ivanovski

Над 340.000 пензионери во државата од денес ќе добиваат за 2500 денари повисоки пензии

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Фатен жив… Бране од опозиција бараше илјада евра минимална плата – На власт вели дека миминалецот не мора да расте туку ќе расте неговата куповна моќ

Sase Ivanovski

Таравари: Од 100 километри се гледа неусогласеноста на ВЛЕН во Владата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Разорна бура во моментов го погодува островот Парос. Во Науса возилата се носат во морето со насилен порој.

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Драматична снимка од Ѓаково: Автомобил влета во кафуле и ја оттурна келнерката. Имала 2,14 промили!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Храната во @ucilnica се подготвува сочно, мераклиски и домаќински од страна на Биџо кој многу ја сака кујната особено бавно печеното месо со кои ги подготви Pulled pork сендвичите.

Sase Ivanovski
Вчитувам....