Пазарење за празниците во САД / Фото EPA-EFE/JUSTIN LANE
Американската малопродажба годинава е повисока во претпразничниот период за разлика од 2022 година, открива Мастеркард, истакнувајќи дека граѓаните се фокусирале на поволни онлајн понуди и попусти кон крајот на шопинг-сезоната.
Во периодот од 1 ноември до 24 декември потрошувачката пораснала за 3,1 отсто, пресметале во Мастеркард. Во истиот период лани таа скокнала за 7,6 отсто.
Бројката се заснова на продажната активност во платежната мрежа на Мастеркард и проценките добиени од анкетите за готовина и не е приспособена за инфлацијата.
Продажбата на мало преку интернет порасна за 6,3 отсто, по 10,6 отсто растот кој беше забележан во 2022 година. Во физичките продавници е зголемена за 2,2 отсто.
Пред празниците граѓаните најмногу трошеле на облека, според порастот за 2,4 отсто. Продажбата на накит и електроника падна за два отсто, односно за 0,4 отсто.
Во услужниот сектор се истакнаа рестораните, при што прометот е зголемен за 7,8 отсто.„Потрошувачите купуваа многу внимателно оваа празнична сезона“, рече Мишел Мајер, главен економист во Економскиот институт на Мастеркард.