МАКТЕЛ

     

(ВИДЕО) Ковачевски: Со магистралниот пат Куманово – Страцин, го развиваме регионот, ја поврзуваме државата на исток и запад, стануваме клучен транзитен центар на Балканот

      

   

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, заедно со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми, денеска присуствуваше и се обрати на настан по повод официјалното пуштање во употреба на магистралниот пат Куманово – Страцин.Оваа патна делница, која е дел од Коридорот 8, е реконструирана во вкупна должина од 31.2 километри, а вкупната вредност на реконструкцијата изнесува околу 12 милиони евра.

„Со пуштањето во употреба на магистралниот пат Куманово – Страцин, инвестиција вредна 12 милиони евра, го реализираме зацртаниот проект за реализација на Коридорот 8 на патниот правец исток – запад. Вкупната должина на патната делница Куманово – Страцин е 31,2 километри и се рехабилитира за прв пат после повеќе од 32 години што значи дека во независна Република Македонија, во Република Северна Македонија овој пат никогаш досега не бил рехабилитиран, никогаш не бил проширен и никогаш не изгледал така како што изгледа денес“, нагласи премиерот Ковачевски на настанот.

„Истокот и североистокот, кои многу години беа заборавени, ги развиваме со модерна патна инфраструктура. Покрај овој магистрален пат, токму во овој регион интензивно се извршуваат градежните работи на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка, каде што дополнително со реконструкцијата и проширувањето со дополнителна трета лента до граничниот премин Деве Баир со Бугарија, на источниот крак ќе имаме комплетен патен Коридор 8. Значи од најлошиот пат во државата кој водеше од Куманово до границата со Бугарија на Деве Баир сега ќе имаме модерен магистрален пат по кој ќе се вози и побрзо и побезбедно. Овој инфраструктурен проект ќе ја направи нашата земја клучен транзитен центар на Балканот и ќе придонесе за економско јакнење на целиот регион. Проектите за заживување на овој регион кои досега беа само на хартија, ги претвораме во реалност. И сето тоа е видливо на терен“, рече премиерот Ковачевски.Премиерот истакна дека Коридорот 10д и Коридорот 8 се најголемиот инфраструктурен проект во државава, а сега со потпишувањето на Анексот на Договорот со ЕУ и Коридорот 8 веќе е дел од мрежата на трансевропски коридори.

„Со оваа одлука на Европската Унија, со изградбата на Коридорите 8 и 10д, нашата држава од кружен тек, станува централна крстосница на Балканот, и се позиционира на сообраќајната и економската карта на Европа. Со изградбата на овие два коридори, за прв пат како држава воспоставуваме модерна патна врска кон запад и исток, а не како досега само север и југ. Се поврзуваме со две пристаништа: едното во Бургас, Република Бугарија и другото во Драч, Република Албанија. Дополнително, веќе потпишавме меморандум со Владата на Албанија дека по изградбата на новото пристаниште Порто Романо ќе биде овозможено и изградба на суво пристаниште во Струга, што дополнително ќе претставува олеснување за сите компании кои тргуваат во земјата, но и за земјите од централа и југоисточна Европа“, нагласи премиерот Ковачевски.

Со изградбата на двата Коридори 8 и 10д, како што рече премиерот, предвидени се нови 8.000 работни места, нови инвестиции од 1,3 милијарди евра и номинален раст на БДП за 2% годишно во наредните пет години, како и нови бизниси и можности за домашните компании.Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, на настанот истакна:

„Мапирањето на Коридорот 8 како еден од главните европски коридори кои минуваат низ Западниот Балкан е резултат на нашите силни напори и заедничките заложби што ги имавме со соседите од регионот, но и нашата огромна посветеност во реализација на инфраструктурните проекти. Се наоѓаме на источниот крак на Коридорот 8 каде ја завршивме рехабилитацијата на државниот пат од Куманово до Страцин во должина од 31 километар. Во овој проект ја вклучивме и рехабилитиравме и обиколницата на Куманово која беше во крајно лоша состојба“, рече министерот Бочварски, дополнувајќи дека работат на подготовка на проект за изградба на нов експресен пат од Куманово до Ранковце, за што веќе е аплицирано за поддршка преку ИПА 3 програмата.

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми појасни дека реконструкцијата на делницата Куманово – Страцин се одвивала во две фази, а изведбата оцени дека е квалитетна.
„Овој патен правец е од исклучителна важност, најнапред за граѓаните коишто гравитираат во овој регион и кои секојдневно отсега ќе можат да ги уживаат придобивките на една безбедна и сигурна модерна сообраќајница. А, потоа и за сите наши граѓани и патници, затоа што оваа патна делница економски, политички и општествено нѐ поврзува со соседна Република Бугарија.

Задоволството е уште поголемо и заради фактот што оваа делница е дел од Коридорот 8, со што слободно можам да констатирам дека успешно модернизиравме патна делница којашто е дел од европската коридорска патна мрежа“, рече директорот Рустеми, оценувајќи дека со овие активности, уште еднаш се демонстрира определбата на Владата и на Јавното претпријатие за државни патишта за реализација на амбициозна програма за изградба, модернизација, реконструкција и рехабилитација на патната мрежа низ целата држава.

   

Најново

(ВИДЕО) Владимир Димковски: Дали смокот е опасен?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Стефан Андоновски: „Ходникот е најчесто место каде се чуваа серверите во Македонија“

Sase Ivanovski

Зеленски се согласува да преговата и е подготвен да се сретне со Путин очи во очи!

Sase Ivanovski

Упатените закани кон оние кои дојдоа на парадата на 9 мај, Москва ги нарече манифестација на тероризам

Sase Ivanovski

Москва го обвини Киев дека го прекршил примирјето 14.043 пати, и тврди дека руските сили го почитувале прекинот на огнот

Sase Ivanovski

Пациентка пријавила доктор од Токсикологија за сексуално вознемирување, тој тврди – има камери, има сведоци, пациентката лаже!

Sase Ivanovski

Таравари: Алијансата за Албанците треба да биде во опозицијата, за неа таму ќе биде подобро

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Венко демантира поседување на виза, Филипче признава дека бојата на визата е златна

Sase Ivanovski

Зеленски: Очекуваме Русија да потврди прекин на огнот, целосен, постојан и сигурен, почнувајќи од утре

Sase Ivanovski

Турски државјанин тепал со капак од шахта сограѓанин во Скопје, заврши во притвор

Sase Ivanovski

Во Кичевско син со секира го уби таткото и тешко ја повреди мајката

Sase Ivanovski

ВРЕДИ: Земјотресот се случи на 8 мај, промената започна, нема да запре!

Sase Ivanovski

Истрага за сообраќајка во Чаир, тешко повреден е мотоциклист

Sase Ivanovski

92 сообраќајни прекршоци синоќа во Скопје, 50 казнети возачи на мотоцикл

Sase Ivanovski

Левица: Нов ценовен шок – власта повторно немоќна и без решенија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Костова: Да покажеме човечност и грижа – СДСМ ја повика ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Законот за Кочани

Sase Ivanovski

Панче Тошковски: Никогаш заборавени! Вечна слава на македонските херои!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Бенџамин Пасини и Малучи Вивар: Директно од Перу, нашите гостински шефови влегуваат во кулинарски дуел што ќе ги разбуди сите сетила!

Sase Ivanovski

Каранфилова Пановска: Власта нема желба за исчекор во европските интеграции и земјата е ставена во авто блокада

Sase Ivanovski

СДСМ до Максим Димитриевски: Луѓе фатени во корупција не можат никого да прозиваат

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Фрчкоски на албанската државна Радио -Телевизија: За односите Македонија – Албанија и Македонци – Албанци во Македонија

Sase Ivanovski

Османи за РСЕ: Владата спроведува селективна правда, ја уништува ЕУ-перспективата и го анулира Охридскиот договор

Sase Ivanovski

Премиерот ќе оди во Кочани на средба со родителите откако тие одбија средба во Скопје

Sase Ivanovski

Мицковски ќе го викнел Таравари на “збогум кафе”

Sase Ivanovski

Кој чепкал во струјата во Штипската модуларна болница? Сакал ли реприза на трагедијата во Тетово?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кривична пријава за мачење животни

Sase Ivanovski

Радев бара референдум за еврото

Sase Ivanovski

Мицкоски најави инвестиција од десетици милиони евра на швајцарската фармацевтска компанија „Ронтис“

Sase Ivanovski

Малолетничка пријавила дека доктор ја допирал по телото на клиниката „Мајка Тереза“

Sase Ivanovski

Песков: Режимот во Киев се обиде да ја спречи парадата на 9 мај во Москва

Sase Ivanovski

Мицкоски најави средба со Таравари, и вели дека Владата е стабилна

Sase Ivanovski

Независниот синдикат на полицијата утре излегува на протест, основната плата не може да биде пониска од минималната плата

Sase Ivanovski

Турција е подготвена да биде домаќин на разговорите меѓу Русија и Украина за прекин на огнот

Sase Ivanovski

Релативно слаба излезност на изборите во Албанија, до 11 часот гласале 17,3 отсто од гласачите.

Sase Ivanovski

Упатените закани кон оние кои дојдоа на парадата на 9 мај, Москва ги нарече манифестација на тероризам

Sase Ivanovski

Во Скопје синоќа 92 сообраќајни прекршоци, 50 санкционирани возачи на мотоцикл

Sase Ivanovski

Конститутивната седница на собранието во Приштина е прекината по четиринаесетти пат

Sase Ivanovski

Уапсен маж од кичевско, со секира ги нападнал родителите, таткото починал

Sase Ivanovski

Пациентка го пријавила докторот Иса Муча од Токсикологија за сексуално вознемирување, тој тврди – има камери, има сведоци, пациентката лаже!

Sase Ivanovski

Кривична пријава против турски државјанин за обид за убиство во Скопје, одреден му е притвор

Sase Ivanovski

Зеленски се согласува да преговата и е подготвен да се сретне со Путин очи во очи!

Sase Ivanovski

Додик: Ќе го поканам Путин во Бања Лука кога меѓународната ситуација ќе дозволи

Sase Ivanovski

Божиновска: Граѓаните се наш приоритет – нема да дозволиме ценовни шокови

Sase Ivanovski

Низ сите општини низ Македонија од 9 мај па до денес (11 мај) се одвива масовната еколошка акција „Генералка викенд“

Sase Ivanovski

ШТО СЕ СЛУЧУВАШЕ НА КЛУПАТА НА ВАРДАР НЕГОТИНО: Кондицискиот тренер ја превзема палката и донесе убедлива победа во Богданци…

Sase Ivanovski

Четврта рунда преговори меѓу Иран и САД за иранската нуклеарна програма

Sase Ivanovski

Настан „Гуш и бац е љубов“ за зголемување на свесноста за лицата со атипичен развој

Sase Ivanovski

Како влијае врз нас илузијата за совршенство на социјалните мрежи?

Sase Ivanovski

Бримора за МИА: Работиме на приближување на ставовите на Скопје и Софија, спроведете реформи, вратите за ЕУ се отворени

Sase Ivanovski

Макрон за предлогот на Путин: На ​​безусловен прекин на огнот не му претходат преговори

Sase Ivanovski

Во Женева продолжуваат преговорите меѓу американската и кинеската делегација за царината

Sase Ivanovski

Студентите во Србија бараат распишување избори до средината на мај, во спротивно се закануваат со радикализација

Sase Ivanovski

Во Киев е на сила предупредување за напади со руски беспилотни летала

Sase Ivanovski

Денко Малески: Македонија и ЕУ имаат ист проблем со свирепата меѓународна политика

Sase Ivanovski

Мерсел Биљали: Црква во служба на ѓаволот?!

Sase Ivanovski

Трамп за повикот на Путин за разговори: Потенцијално голем ден за Русија и Украина

Sase Ivanovski

Во Албанија почна гласањето за парламентарните избори

Sase Ivanovski

Путин е подготвен за преговори со Украина, предложи кога и каде да се одржат!

Sase Ivanovski

Денеска ќе се одржи 9. издание Скопје Трча 10КМ“, пријавени 1700 натпреварувачи

Sase Ivanovski

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради одржување на улична трка

Sase Ivanovski

Авионска дезинсекција против комарци во Скопје

Sase Ivanovski

Променливо облачно со сончеви периоди

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Сметајте на нас, пријателе, му порача Макрон на Зеленски

Sase Ivanovski

Едно движење на телото открива психопат! Можеби е пред вас без да знаете

Sase Ivanovski

Тие те сакаат vs Тие сакаат да ги почувствуваш (Бруталната разлика)

Sase Ivanovski

Мажите имаат 15 пати поголеми шанси да доживеат оргазам за време на секс

Sase Ivanovski

Коби Брајант: АКО САКАШ ДА БИДЕШ ОДЛИЧЕН ИГРАЧ, ИГРАЈ СЕКОЈ ДЕН

Sase Ivanovski

Николоски може да праша во ВМРО-ДПМНЕ од каде е информацијата за 5-6 милијарди евра од странство

Sase Ivanovski

Лидерите на Велика Британија, Франција, Полска и Германија пристигнаа во Кијив, за поддршка на Украина

Sase Ivanovski

Нуркачи го чистат Охридското езеро од пластика, метал, мрежи и друг отпад

Sase Ivanovski

„Кликни безбедно“, прв хакатон за креирање иновативни решенија од средношколци

Sase Ivanovski

Индија и Пакистан прогласија примирје

Sase Ivanovski

Започнаа Мајските оперски вечери во Националната опера и балет

Sase Ivanovski

ДЕМАНТ: ЈП Комунална хигиена Скопје ги демантира наводите на властите на општина Чаир кои во обид да ја покријат сопствената неспособност обвинуваат дека подигнувањето на комуналниот отпад во оваа општина се одвива нередовно

Sase Ivanovski

СДСМ: Димитриевски треба да одговори за големиот скандал, а враќањето членови од ЗНАМ во СДСМ веќе започна

Sase Ivanovski

,,ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД” ВО КАРПОШ

Sase Ivanovski

Лишен од слобода крадец во Куманово

Sase Ivanovski

Манасиевски: Ако Филипче има златна виза од друга држава, тогаш како може да вели дека тој е иднината

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерноста на СДС ги поминува сите граници

Sase Ivanovski

Дрвошанов: (Скандал) Фото – СДС одржува партиски состанок во училиште во Струмица, училницата претворена во штаб

Sase Ivanovski
Вчитувам....