Филипче преку видеото, на стартот на кампањата за Парламентарните избор 2024, одговара зошто се враќа во политиката. Тој е носител на листата на кандидати за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Изборната единица 4.
„Човек со две раце и само 24 часа во денот може да помогне на само еден одреден број на луѓе, а како пратеник преку креирање на закони, реформи и унапредување на здравствениот систем може да се помогне на многу поголем број на пациенти, а мојата основна цел ќе добие национални димензии“, вели Филипче во видеото.Тој додава дека секогаш со истата жар ќе работи со пациентите и таму каде што му е местото на докторот во операциона сала.Видеото можете да го погледнете на следниот ЛИНК