16.8 C
Скопје
06/05/2025 08:54
МАКТЕЛ

     

ГРУБИ ПОДАДЕ РАКА ДО ОГНЕНИТЕ: ДА СЕ ОБЕДИНИМЕ, НЕМА ДА ИМА ОГОРЧЕНОСТ И РЕВАНШИЗАМ

      

Со голема посетеност и бројни пораки синоќа се одржа бомбастично најавуваниот собир на ДУИ во Чаир. Лидерот на партијата Али Ахмети влезе во салата во придружба на претседателот на Собранието Талат Џафери, првиот вицепремиер Артан Груби и шефот на дипломатијата, Бујар Османи. Во обраќањето пред присутните доминираа пораки за единство, помирување и обединување, за интеграцијата во ЕУ, за визијата на Ахмети, за иднината на Косово, но и за судбината на казината во земјава! ДУИ и во партиско соопштение ги испрати клучните делови од обраќањата на лидерот и партиските функционери и министри.

За помирувањето Иако „огнените“ изјавија дека не биле поканети на партискиот собир, според првиот вицепремиер Артан Груби, токму целта на собирот била – помирување и обединување.

„Овде сме вечерва затоа што ни треба помирување и обединување, а не поделба и скараност. Раката ми останува подадена, затоа што немам огорченост или гнев. Навикнати сме да бидеме заедно затоа што така сака времето и тоа е вистинскиот момент. Сите заедно ги згуснуваме патиштата на ДУИ за интересите на нацијата, а не на поединецот, затоа што ДУИ е на сите, а не на малкумина (…) На видеото видовме тунел со светлина на крајот. Обично светлината симболизира надеж, но јас би рекол: На возот не може да му се застане на патот ” порача Груби.Ахмети „возот” го замени со „ураган”, и објасни зошто е важно обединувањето.

   

„Нашата мисија започна за обединување, да им го дадеме на Албанците тоа што историски го заслужиле, слобода, правда, еднаквост, бидејќи слободниот говор и мисла без граници е анархија! (…) Во 2001 година ми рекоа – што ти требаат Арбен Џафери и Имер Имери? Ни требаа затоа што ни требаше сојуз и единство повеќе од кога било. Се надминавме себеси по многу прашања, бидејќи единството ве прави важен, затоа што имаме морална и национална одговорност Албанците да бидат таму каде што заслужуваат. Не доаѓаме од канцеларии или телевизиски екрани, туку од војски и војни, за да урнеме стар систем и да воспоставиме систем на еднаквост. Никој не треба да се плаши од фронтот на ДУИ. Зборував со многу политички лидери – ви кажав да ги оставите на страна гневот и незадоволството. Да се обединиме и да ја направиме оваа земја Европа, бидејќи членството на нашата земја во ЕУ е најголемата услуга што можеме да им ја направиме на албанските семејства со запирање на емиграцијата. Патот кон ЕУ не се запира со пропаганда, затоа Артан, ние не сме воз туку незапирлив ураган, не дозволувајте ураганот да ве прегази“, порача Ахмети.

За Косово Охридскиот дијалог меѓу Белград и Приштина беше една од темите во обраќањето на лидерот на ДУИ.

„Сакам вечерва да споделам радост со сите вас за историското достигнување што Косово го постигна на 18-ти март во Охрид, отворајќи ги патиштата за членство во меѓународните институции од ЕУ, НАТО до ОН. Ова е договорот кој го обезбедува сигурниот пат на Косово, затоа честитки до премиерот на Косово, Албин Курти и целиот народ, бидејќи Косово имаше легитимитет, но сега Косово има легитимитет, суверенитет и е суверена држава“ порача Ахмети.

Според Османи, токму присуството на Ахмети во Охрид, и неговата средба со делегацијата од Косово, му дале „тежина“ на настанот.

Али Ахмети во говорот пред сопартијците во Чаир се осврна и на преговорите Курти-Вучиќ во ОхридАли Ахмети во говорот пред сопартијците во Чаир се осврна и на преговорите Курти-Вучиќ во Охрид

„Охридската сабота беше ден на гордост. Видов колку сум горд што сум со Али Ахмети, поради фактот што Охрид е избран за дијалог и договор каде ќе се прифати државјанството на Косово, договор со посредство на Вашингтон и Брисел. Ние сме водечка земја во ОБСЕ, ние сме во НАТО, ние сме земја на големи договори и ќе бидеме во ЕУ. Самото присуство на Али Ахмети и даде тежина на саботата, кога тој и порача на косовската делегација дека сме со вас во секоја прогресивна одлука за државата“, ги сподели впечатоците Османи.

За култот на личноста Во обраќањата на Груби и Османи беа изречени многу пофални зборови за лидерот на ДУИ, со речник типичен за градење култ на личноста.Груби, говорејќи во контекст на надминувањата на разликите, и Чаир, и Скопје му ги „препиша“ на Ахмети, и откри чиј дух ќе биде вечен, и кој е последниот преродбеник на Албанците.

„Чаир не е леб, Чаир и Скопје се на Али Ахмети. Само слабите се плашат од конкуренцијата. Ништо не започнало и нема да заврши ниту со мене, ниту со некој друг, само духот на Али Ахмети треба да биде вечен, затоа што е најдобро за Албанците. Она што го правиме денес нѐ дефинира денес и утре во иднина, затоа сакаме да се потсетиме дека застанавме покрај последниот преродбеник на нашиот народ, Али Ахмети“, рече Груби.

Османи им се заблагодари на Чаирчани за големото присуство на собирот, а посочувајќи ги остварените резултати рече дека секој ја почувствувал „топлата рака на Али Ахмети“.

„Многу ви благодарам што бевте овде вечерва и што бевте толку многу, што се собравте за нашата гордост, за лидерот Али Ахмети. Благодарен сум му на господинот Ахмети за довербата што ми ја даде да бидам координатор на оваа активност. Секој жител на Чаир ја почувствува топлата рака на Али Ахмети, инвестираше во образованието, во обука на кадри кои нѐ прават горди, па ви благодариме Али Ахмети. Активистите од Чаир се лојални на вашите политики и мисии, визионерски политики кои секогаш триумфираат. Али Ахмети не се грижи за насловите на весниците туку за судбината на Албанците и денес и утре“, рече Османи.

И генералниот секретар на ДУИ, Фатон Ахмети, не заостана во пофалите за лидерот визионер и преродбеник.

„Оттука ја даваме пораката дека стоиме зад последниот преродбеник, визионерот Али Ахмети. Кога скептиците ги негираа нашите напори за членство во НАТО, ние победивме. Сега е мисијата на ЕУ, и повторно ќе победиме. Од оваа сала ви порачуваме дека Али Ахмети никогаш зад себе не оставил отворени рани и недовршени работи. ДУИ отсекогаш била одговорна за работите со кои раководела, така што секогаш сме биле успешни. Мудроста и умот на нашиот лидер секогаш и служат на националната кауза. Ние имаме среќа да учиме од Али Ахмети, многу генерации се израснати и професионализирани со неговиот труд и можност. Ова е Али Ахмети, тој што го трасира патот за новите генерации”, порача Фатон Ахмети.

Ниту Ахмети не штедеше пофални зборови за сопартијците, особено за министрите на ДУИ.

„Јас, Талат Џафери и сите како нас, мора да работиме да го трасираме овој пат и да го направиме просперитетен за новите генерации, бидејќи времињата се сменија. Денеска се бара образование, квалитет и професионализам, затоа сум многу горд на тимот што го има ДУИ во Владата, а оваа гордост се зголемува кога добивам комплименти од меѓународни претставници за тоа колку добар имиџ имаме. Сите тие професионални кадри треба да ги поддржиме да ги покажат своите вештини, а не да ја задушиме ДУИ, затоа што имаме 100 илјади до 152 илјади гласачи овде и во следните 20 години“, рече Ахмети за тимот на ДУИ во Владата.

За казината Набројувајќи ги значајните инвестиции во инфраструктурата, Груби во неговиот говор, накусо се осврна и на казината. „Ниту еден проект не заглавува поради владини процедури, напротив инвестираме во албански средини! Ќе бидат отстранети и казината на 500 метри од училиштата и џамиите“, рече тој.

На истата тема се осврна и претседателот на Собранието, Талат Џафери. ДУИ остварува и спроведува, порача во Чаир, претседателот на македонскиот парламент, Талат ЏафериДУИ остварува и спроведува, порача во Чаир, претседателот на македонскиот парламент, Талат Џафери

„Нема да зборувам многу, но ќе спомнам едно прашање. Ни рекоа – држете ги рацете подалеку од казината. Имаме раце надвор од тие работи, но правиме сѐ што е можно тие казина да се оддалечат од населбите и местата каде што се учи. Не зборуваме, туку со закон ги спроведуваме итните барања на граѓаните. Мисијата што ја презедовме ќе ја извршиме до крај, бидејќи не се занимаваме со клевети и празни зборови, туку остваруваме и спроведуваме”, најави Џафери.

 

Распеани, разиграни

Во пресрет на собирот, Артан Груби на неговиот фејсбук-профил објави видео на кое Али Ахмети пее. Ова е втора таква „распеана снимка” на лидерот на ДУИ, која уследи по неодамнешната во која министри на ДУИ се релаксираат во кабинетот на Груби со играње фудбал, во време кога ДКСК за некои од нив отвори предмет за користењето на службени возила за партиски активности.

„ДУИ покажува аздисаност од власт и час поскоро сметам дека граѓаните на следните парламентарни избори треба да го казнат за таквото однесување. Во контиунитет се зборува за злоупотреба на државни ресурси. Каде е собирот? Во државен објект. Како дојдоа? Со државни коли” рече градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски, на ТВ 21.

„Тоа што тие го манифестираат во континуитет, апсолутно не е за одобрување. Тоа што денеска се случуваше со пеење по кабинети.., јас не плаќам даноци за вие како мој избраник да седите и пеете. Па и да пеете доколку граѓаните се среќни, но во Македонија на сите анкети граѓаните не се чувствуваат среќни, а политичарите им пеат“, рече Димитриевски.

Тој го покани Али Ахмети да дојде и да запее во техничкото училиште на албански наставен јазик СОУ „Сами Фрашери“, и да види во какви услови се учи.

Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска вчера одговарајќи на новинарско прашање, рече дека врз основа на документацијата што ја добиле од ДКСК, изрекле опомени за првиот вицепремиер Артан Груби, министерот за надворешни работи Бујар Османи и тогашниот министер за животна средина Насер Нуредини.

„Ќе провериме дали откако им беа изречени опомените имало нови вакви ситуации и што би можеле да преземеме“, рече Грковска.

Според неа, играњето фудбал во канцелариите на вицепремиерот Груби, не е начин на кој треба да се однесуваат функционерите.

„Не сметам дека е тоа начин на којшто функционерите би требало да се однесуваат и сметам дека треба да се има малку повеќе сензибилитет за тоа како функционерите би требало да се однесуваат и каква слика даваат пред граѓаните“, изјави Грковска.

Извор: ДВ

  

Најново

Сообраќајот тековно и без застои

Sase Ivanovski

АКО СЕ ОВА ЦЕНИТЕ ВО ПРЕДСЕЗОНА, ШТО ЌЕ БИДЕ ВО СЕЗОНА? Хрватите удрија со цените

Sase Ivanovski

СИСТЕМИ ЗА ВЕНТИЛАЦИЈА ВО ОБЈЕКТИТЕ: Еве како можат да помогнат во случај на пожар

Sase Ivanovski

СЕЗОНАТА НА ОДЗЕМАЊЕ ТАБЛИЧКИ И ВОЗАЧКИ ВО ГРЦИЈА ПОЧНА: Еве што да направите ако останете без нив

Sase Ivanovski

ПАЦИЕНТИ ОД КОЧАНИ ДОЖИВЕАЛЕ НЕПРИЈАТНОСТИ НА АЕРОДРОМОТ ВО ИСТАНБУЛ Мицкоски ургирал кај Ердоган за да се среди ситуацијата

Sase Ivanovski

ЈАЗИКОТ Е НАШИОТ БЕДЕМ И ИДЕНТИТЕТ Нема да отстапам од цивилизациското право да говориме на македонски, порача премиерот

Sase Ivanovski

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд

Sase Ivanovski

Стојановски: Резултатите на локалните избори ќе покажат дали има потреба од предвремени парламентарни

Sase Ivanovski

Левица: Зад параван на „меѓународно претставување“, ДПМНЕ-ВРЕДИ-ЗНАМ повторно го злоупотребуваат државниот буџет за луксуз

Sase Ivanovski

Препознајте ги доматите кои се полни со хемија – обрнете внимание на овој дел

Sase Ivanovski

Лицата со дијабетес бараат од Владата за сите нив да бидат обезбедени модерни инсулински пумпи

Sase Ivanovski

Министер за одбрана на БиХ: Вучиќ беше избркан од САД поради обид да влезе на вечера на Трамп со лажен идентитет

Sase Ivanovski

Телма -Министри некои и со сопругите, ген секот и портпарлот на владата. За кој од бројната делегација за Осака било платено,кој бил муфте,кој сам си платил

Sase Ivanovski

Студентите во Блокада во Белград бараат предвремени парламентарни избори

Sase Ivanovski

Пеколно лето ја чека Европа – топлотни бранови и суши!

Sase Ivanovski

Во среда, 07 мај 2025 во 13.30 часот во МКЦ: Комеморација за Тоше Поп Симонов

Sase Ivanovski

Македонските евровизиски фанови и дадоа најмногу поени на Мелоди од Шпанија!

Sase Ivanovski

Путин: Во 2014 година Русија сè уште не беше подготвена за конфликт со целиот Запад

Sase Ivanovski

ЗНМ со изложба и доделување награди за најдобри фотографии

Sase Ivanovski

Актерката Снежана Коневска-Руси е добитник на наградата за животно дело на МТФ „Војдан Чернодрински“

Sase Ivanovski

Прв час по македонски јазик за децата во Шпанија: историски настан за македонската заедница

Sase Ivanovski

Бериша: На 11 мај се одвојуваме од режим што нè осиромаши во изминатите 10 години

Sase Ivanovski

Цените на нафтата паднаа под 60 долари

Sase Ivanovski

Нетанјаху: Новата офанзива во Газа ќе биде жестока и долгорочна

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Сврти на Smooth и освежи го денот на свој начин

Sase Ivanovski

Апсолутно нема потреба од предвремени парламентарни избори заедно со локалните, вели претседателката на државата

Sase Ivanovski

Заврши средбата Мицкоски – Таравари, разговорите продолжуваат во текот на мај

Sase Ivanovski

Населението во Македонија се намалува, многу деца живеат во сиромаштија

Sase Ivanovski

Бледски договор (1947)

Sase Ivanovski

Како ќе се враќа солидарниот данок? За 5 години треба да се исплатат 49 милиони евра, ќе има ли кривична одговорност за мерката?

Sase Ivanovski

Трамп ќе постави царини на филмови произведени надвор од САД за да ја спаси Холивудска индустрија

Sase Ivanovski

Сојузник на Трамп од крајната десница победи во првиот круг од повторените претседателски избори во Романија

Sase Ivanovski

Уметничка од Јапонија со потекло од Србија ќе го црта балканскиот рис и ќе собира пари за негова заштита

Sase Ivanovski

Oдбележан Меѓународниот ден на акушерките

Sase Ivanovski

Голема распродажба на Star Wars игрите на сите платформи

Sase Ivanovski

УНИЦЕФ: Малтретирањето во училиштата е во пораст

Sase Ivanovski

Александар Николоски: Инвестираме дополнителни 70 милиони денари поддршка за инфраструктура во Штип

Sase Ivanovski

(ВИДО) Teма на денот со Петар Богојески, директор на Агенцијата за европски образовни програми

Sase Ivanovski

Во Куманово одбележани 80 години од кодификацијата на македонскиот јазик

Sase Ivanovski

Панова: Секој ден во Собранието гледаме само лицемерие од СДС

Sase Ivanovski

Филипче: Македонскиот јазик е нашиот глас во светот, нашата татковина дома

Sase Ivanovski

Средба на Димитриеска Кочоска со турскиот министер Болат – Договорена интензивирана соработка во областа на царината

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Средба на министерот Тошковски со јапонската амбасадорка, Н.Е. Кавахара Сецуко

Sase Ivanovski

МОН со стипендии поттикнува средношколци да се запишуваат на студиски програми по македонски јазик

Sase Ivanovski

МОН: Конкурс за есеј за основците и средношколците по повод 80 години од усвојувањето на македонскиот јазик како службен јазик

Sase Ivanovski

Обраќање на академик Живко М. Попов, претседател на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) на: Свечена академија по повод 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик

Sase Ivanovski

Јаневска: Законот го штити македонскиот литературен јазик, но и секој лично може да придонесе во неговото унапредување

Sase Ivanovski

“ПЕРОТО НА КОЧИЌ” ЗА 2025 ГОДИНА МУ Е ДОДЕЛЕНО НА МАКЕДОНСКИОТ ПОЕТ ХРИСТО ПЕТРЕСКИ

Sase Ivanovski

Средба Костадиновски-Челик: Привршуваат подготовките за проектот за дигитализација на Уставниот суд

Sase Ivanovski

Средба помеѓу државниот секретар во МВР и заменик амбасадор на Француската Република

Sase Ivanovski

Oдбележување 5 Мај – Денот на македонскиот јазик: Јазикот е нашата татковина, ако го зачуваме, тој ќе не зачува нас!

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС го деградираше македонскиот јазик, Заев е тој кој тврдеше дека македонскиот и бугарскиот се исти

Sase Ivanovski

Објавен конкурсот за необјавена поетска збирка „Антево перо“ 2025

Sase Ivanovski

(ФОТО) Општина Куманово: СОУ Гимназија “Гоце Делчев” го одбележа патрониот празник

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС нека не се секира за Аеродром, реконструкцијата на Владимир Комаров се реализира согласно договорот

Sase Ivanovski

(ФОТО+ВИДЕО) Манасиевски: Филипче во друштво на криминалци и уживатели на дрога, што има заедничко со нив?

Sase Ivanovski

Лишени од слобода три лица поради разбојништво во Скопје, одземеното вратено на сопственикот

Sase Ivanovski

Консултативна дебата на Собранието и УНИЦЕФ: Потребно е постојано унапредување на агендата за правата на децата

Sase Ivanovski

Комесарот ја држел вратата, а претседателот на ФК „Слога“ тепал фудбалер на ФК „Карбинци“

Sase Ivanovski

Расчистено вчерашното убиство во Шуто Оризари, поднесена кривична пријава против две лицa

Sase Ivanovski

Вучиќ наместо дипломатска служба за време на посетата на САД користел неформални канали

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Нов закон за енергетика

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ниту една фирма не сакала да оценува позитивни и негативни вести во медиумите

Sase Ivanovski

Прв час по македонски јазик за децата во Шпанија: историски настан за македонската заедница

Sase Ivanovski

Хутите истрелаа ракета на аеродромот Бен Гурион во Израел

Sase Ivanovski

Орбан тврди дека Трамп ѝ предложил на Унгарија да ја напушти Европската Унија

Sase Ivanovski

Тешка сообраќајна несреќа во Куманово – шестмина повредени, меѓу нив и дете

Sase Ivanovski

Зеленски: За Украина во ЕУ треба да одлучува Европа, а не индивидуален манипулатор

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЕК: Пакет од 500 милиони евра за привлекување научници во Европа

Sase Ivanovski

Фицо заплива во Дунав по шпекулациите за неговото здравје

Sase Ivanovski

Кривична пријава против двајца поранешни вработени во МВР за злоупотреба на службената положба и овластување

Sase Ivanovski

Љутков: Грижата за македонскиот јазик e чин на современ патриотизам

Sase Ivanovski

Потенцијални кандидати за локалните избори – албанските партии ги започнаа калкулациите со имиња

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Агелер со честитка за Денот на македонскиот јазик

Sase Ivanovski

Путин: Западот се обидува да не испровоцира да употребиме нуклеарно оружје против Украина

Sase Ivanovski

Се тепале соседи во Берово, едниот сакал да го прегази другиот со кола

Sase Ivanovski

Две лица уапсени за експлозијата на 26 април во иранско пристаниште

Sase Ivanovski

Кокаин пронајден во гајби со банани во Норвешка

Sase Ivanovski

Хамас го обвини Израел дека хуманитарната помош ја користи за „политичка уцена“

Sase Ivanovski

Телма: Министри некои и со сопругите, ген секот и портпарлот на владата. За кој од бројната делегација за Осака било платено,кој бил муфте,кој сам си платил

Sase Ivanovski
Вчитувам....