Блиски роднини го презеле и се грижат за 8-годишниот син од Куманово кое вчера беше сведок на трагедијата во која неговиот 46 годишен татко со нож ја избоде до смрт 40-годишната сопруга и нејзината мајка, а потоа и се самоуби. Канал 5 објави дека веќе се шпекулираат неколку верзии од вчерашната драма во Куманово. Според сознанијата детето било заклучено во една соба, додека во друга се одвивала кавга помеѓу таткото и неговата мајка. Откако ги избодел, 46 годишникот самиот се фрлил од прозорецот, а соседите повикале полиција поради повиците за помош од детето. Според друга верзија пак, мажот се фрлил од прозорецот на 6тиот кат во зградата на улица Лесковачка, откако ги видел екипите на полицијата. Осомничениот веднаш бил префрлен во кумановската болница, но не преживеал.