14.5 C
Скопје
13/05/2025 08:04
МАКТЕЛ

     

Зошто во Бугарија пак ечи „Македонијаааа!“

      

Што последно се случуваше во Бугарија и дали давањето на енормни размери на инцидентот во Охрид е поврзан со шенгенскиот неуспех, мрачните зборови на американската амбасадорка и експлозивната сторија во германски „Велт“.Кога лани во јуни партијата Има таков народ ја напушти четричлената кршлива владина коалиција во Бугарија и го предзвика падот на кабинетот на Кирил Петков, нејзиниот лидер, Слави Трифонов, во интервју за Радио Дарик се обиде да ја објасни во два збора причината за тој чекор. Тој стави рака на устата, погледна нагоре и гласно извика – „Заради Македонијаааа!“. Во тоа време се калибрираше францускиот предлог.

Откако последниве десетина дена дојде до „совршена бура“ во односите меѓу Македонија и Бугарија, која толку многу ги напрегнарелациите меѓу двете земји, многумина овде се прашуваат од каде и зошто се појави ова арктичко студенило кое ги преплавува двете страни на Деве Баир. Познатата бугарска новинарка Емилија Милчева, пишувајќи како повторно се заврти машината за мразење, наведувајќи ги настаните кои доведоа до радикализација по претепувањето на момчето во Охрид, во текст за „Еурактив“ вели дека тестот за нормализација на односите меѓу двете државиќе биде 4 февруари, кога треба да се одбележи денот на раѓањето на Гоце Делчев. И го завршува текстот со реченицата: „А во исто време во Бугарија ечи: Македонијаааа!“

Изјавите од овде и од Бугарија ги знаеме, тие е невозможно да се набројат. Знаеме што значи и бугарската разгоропаденост околу инцидентот со охриѓанецот, знаеме и за заканите на Софија дека може да ги прекине сите меѓудржавни проекти, знаеме какви големи последици може да има бугарскиот „десант“ на црквата „Свети Спас“ (кој треба да биде поголем од оној кога во Битола се отвори бугарскиот клуб). Јасни се и многу други работи – како онаа на пример, дека споменувањето во Софија за можно вето е беспредметно, затоа што нема апсолутно никаква ситуација каде тоа може да се стави. Македонија сега има билатерален скрининг со Европската комисија, а ако биде променет Уставот, втората меѓувладина конференција за отворање на поглавјата, според усвоената преговарачка рамка, почнува автоматски без да се бара одлука на земјите-членки. Вето на која било земја на ЕУ може да стигне за време на преговорите за поглавјата. Што значи во некоја иднина, која во моментов изгледа непредвидлива.Затоа понатаму во текстот ќе ви претставиме дел од настаните во и околу Бугарија во последниве два месеци кои формираа значаен дел од политичкиот мозаик, па самите може да процените дали ова повторно ечење на зборот „Македонијаааа“ има некаква врска со тоа. И дали бегството во радикализација е затоа што проблемите не можат да се решат со истото размислување со кое биле создавани.

   

Шенгенската траума На 8 декември Бугарија (заедно со Романија) беше оставена да чека пред вратите на Шенген групата поради тоа што Холандија и Австрија не дадоа зелено светло. За да биде фрустрацијата поголема во Софија, Хрватска, која влезе шест години по Бугарија во ЕУ, беше примена не само во Шенген, туку и во еврозоната. Неколку дена претходно, на 5 декември, кога веќе беше јасно дека Холандија и Австрија ќе бидат против, премиерот на службената влада, Галаб Донев, го повикуваше на разум кабинетот на Холанѓанецот Марк Руте, затоа што Софија ги исполнила техничките услови уште во 2011 година. Откако свика состанок со министрите за надворешни и внатрешни работи, и за правда, Донев ѝ се закани со одмазда на Холандија.

Бугарска влада е подготвена за одмазднички мерки доколку Холандија и Австрија стават вето за членството на Бугарија во Шенген, изјави тогаш премиерот Донев. „Силно се надеваме дека нема да бидеме соочени со таква неопходност. Напротив, веруваме дека сепак ќе надвладее разумот и позитивната волја на огромното мнозинство од земјите-членки“, рече Донев, без да прецизира на какви контрамерки мисли. Една од работите што се споменуваше за одмазда беше блокада на изборот на холандскиот генерал Ханс Лајтенс за шеф на агенцијата за гранична контрола на ЕУ, Фронтекс. Таква закана, ако постоела, не се случи. Лајтенс на 20 декември со тајно гласање на Управниот одбор на агенцијата беше избран за шеф на Фронтекс меѓу тројца кандидати.Пет дена претходно, на 15 декември, претседателот Румен Радев на самитот на ЕУ побара гаранции за тоа кога Бугарија ќе стане членка на Шенген. „Ние сме на пат да постигнеме точен рок за влез на Бугарија во Шенген кој мора да биде неповратен. Крајниот рок за влез на земјата во Шенген треба да биде октомври 2023 година“, рече тој, изразувајќи надеж дека тоа може да се случи и порано.

Александар Андреев од бугарската редакција на Дојче веле во тие денови на шенгенското „не“ во коментар ја цитираше легендарната автоиронична исповед на Гручо Маркс: „Не сакам да бидам член на клуб кој би ме прифатил токму мене за свој член“. Отфрлањето на членството во Шенген (а и во еврозоната) беше силен удар не само за самодовербата на бугарското општество, туку најмногу за политичките елити кои сиве овие години не успеаја да ја подготват државата за влегување во овој граничен систем. Во тоа време се редеа неуспешните обиди да се состави влада по изборите во октомври, на кои излезноста беше екстремно ниска – 39,3 отсто, што укажуваше на огромната разочараност на граѓаните од партиите и нивните раководства и начинот на кој се води државата.

Бугарската поддршка на Украина

На 18 јануари, во германскиот весник „Велт“ беше објавена експлозивна сторија во која со бројни изјави се документираше дека сиромашната Бугарија ѝ помогнала на Украинаво најкритичниот момент на војната (лани во април), со тоа што тајно ја снабдувала украинската армија со гориво и муниција од советски калибар. Бугарската политика и тогаш, а и сега, еподелена околу Русија. Поголем дел од нејзината политичка елита е со проруска наклонетост и поради тоа се мачеше како да се постави спрема руската агресија и како да одговори на украинските барања за оружје. Бугарската политичка елита се мачеше во текот на инвазијата да нагласи дека не ја вооружува Украина за да не го вознемири прорускиот дел од населението. Според истражувањето на „Велт“ тоа, сепак, било димна завеса. Благодарение на ексклузивните интервјуа со украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба, поранешниот бугарски премиер Кирил Петков и неговиот министер за финансии Асен Василев, „Велт“ состави слика за тоа како Бугарија се вклучи и користеше посредници за да му обезбеди на Киев витални резерви на оружје, муниција и дизел во критичната фаза на борбите. Петков во разговорот рече: „Проценуваме дека околу една третина од муницијата потребна на украинската армија во раната фаза на војната дојде од Бугарија“. Тоа го потврди украинскиот министер Кулеба.

Петков за „Велт“ изјави дека неговата влада овластила посредници да извезуваат, не директно во Украина, туку во посреднички компании во странство. „Нашата приватна воена индустрија произведуваше со полна брзина“, рече Петков. Снимките од април покажуваат преполни товарни авиони со оружје кои летаат меѓу Бугарија и Полска, до аеродромот во Жешов, 70 километри од украинската граница и строго чуван од НАТО. „Се погриживме и копнената рута преку Романија и Унгарија да биде отворена за камиони“, рече Петков. Кулеба ги потврди тие испораки.

Оваа сторија, на некој начин, избезуми двајца актери во бугарската политика: претседателот Румен Радев и шефицата на Бугарската социјалистичка партија, Корнелија Нинова. Тие целата измината година беа против Бугарија да извезува оружје во Украина, секогаш имајќи ги на ум односите со Москва. Оваа сторија покажа дека претседателот на државата, и Нинова како вицепремиерка, можеби знаеле за овие тајни испораки.

 

Инцидент во Охрид и пораките на американската амбасадорка

Еден ден подоцна по објавувањето на оваа истражувачка сторија, на 19 јануари вечерта, се случи инцидентот во Охрид во кој беше претепан секретарот на бугарскиот клуб, Христијан Пендиков.Утредента, на 20 јануари, во Софија се одржа собир организиран од Американската комора на која амбасадорката на САД, Херо Мустафа, кажа толку многу прекори за бугарската политика на најотворен начин што предизвика политички земјотрес во државата.Еве дел од она што го кажа Мустафа во својот подолг говор:

„Една област за која жалам што не видовме голем напредок е во областа на владеењето на правото. Пред да дојдам во Бугарија на сите мои воведни состаноци, многу бугарски функционери ми рекоа: ‘Не употребувајте го тој збор на К. Не користете го тој збор на К – корупција, тоа не е за почнување на мисијата’. Тоа ќе го уништи мојот однос со владата. Тоа ќе ме подготви за неуспех. Сепак, кога разговарам со Бугарите и со институциите и првото нешто што го велат дека за нив е најголема грижа е корупцијата.

Слушаме приказни за бизниси кои се цел на моќни поединци. Тие ги користат институциите за малтретирање, заплашување, изнудување на противниците. Слушаме за адвокати со акт-чанти, матни зделки, мито. Слушаме за нетранспарентни практики за набавки, наместени тендери, спецификации и фаворизирање во владините договори. Тоа го слушаме од нашите компании, па го знаеме ова од прва рака. Во Бугарија видовме дека корупцијата суштински го искриви начинот како функционираат некои институции и кој ги контролира и тоа е на штета на бугарскиот народ.

Во однос на помагањето на добрите момци, има многу поддршка во Бугарија и тоа го направивме заедно со нашите американски партнери. Тие обучија над 1.000 обвинители, истражители, судии, правни професионалци. Тие испраќаат бугарски експерти во САД за професионални програми за размена. Доведовме нови меѓународни и американски невладини организации да работат на антикорупциски прашања на национално ниво, на општинско ниво.Но, многу мала група создаде во Бугарија систем кој ја збогати олигархиската класа и ги презеде државните ресурси. Кој не припаѓа на овој систем ја губи надежта. Оние кои сакаат да се борат за својата земја се обесхрабрени. Навистина е болно да се види тоа.

Често слушаме членови од правосудството и од заедниците за спроведување на законот кои прават храбри напори да ја истражат и гонат корупцијата, како тие истраги се затворани, префрлени во други канцеларии или одложување на неодредено време кога ќе се приближат премногу до одредени црвени линии. На овие јавни службеници им се одбива унапредување, се префрлаат во далечни градови и се отпуштени. Не кажувам ништо што не знаете. Јас само ја зборувам вистината како ваш пријател“.Овие зборови беа шокантни за политичката и друга класа која се подготвува за избори во април, затоа што никој не сакаше да ги слушне, иако сите тие структури го знаат токму тоа.

Тој шок требаше да се покрие со уште поголем произведен шок. Истиот ден, 20 јануари попладнето, повредениот Пендиков со воен авион беше префрлен во Воената болница во Софија, затоа што наводно во Охрид немал соодветна нега, иако тој бил згрижен таму. Спиралата на обвинувања и закани можеше да се отпушти. Кој има време и желба да се занимава со мрачните зборови на амбасадорката Херо Мустафа.Еден ден подоцна, на 21 јануари, претседателот Румен Радев во интервју за Радио Дарик изјави дека текстот во „Велт“ за испораките на оружје на Украина „очигледно има нарачана природа“. Ден подоцна Корнелија Нинова за БТВ изјави: „Се согласувам дека е апсолутно нарачана. Можете да видите колку чини. Имаше објави за тоа колку чини да се нарача статија во ‘Велт’ – 26.000 евра, нешто слично“.

Тврдењата на Нинова за „26 и нешто илјада“ всушност се однесуваат на објави на сомнителни сајтови кои ги цитираат цените на „Велт“ за објавување на тнр. рекламна статија. Објави кои според правилата се експлицитно означени како платени.

„Не, овој текст не се однесува на реклама“, одговори „Велт“ на прашањето на Дојче веле. Тие накратко ги објаснија причините за објавување на статијата: „Природно е новинарите да бараат возбудливи приказни и да ги истражуваат“. Самиот автор Филип Фолкман-Шлук даде интервју за БТВ и изјави дека дебатите околу обезбедувањето оружје на Украина од страна на Германија биле повод да се раскаже бугарската приказна. Фолкман-Шлук рече и дека контактирал со Кирил Петков кој му кажал интересни работи и затоа се обратил до шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба за да ги потврди зборовите на поранешниот бугарски премиер.

Германскиот совет за печат изјави дека според изричните правила секој рекламен текст треба да се означи, а статијата за вооружувањето на Украина немала таков знак. Реакциите на Радев и Нинова на индиректен начин потврдија голем дел од она што го кажа амбасадорката Мустафа за состојбата со владеењето на правото и слободата на печатот во Бугарија и како на нив гледаат политичарите.А во јавноста веќе ечеше „Македонијаааа!“ Доаѓаат уште едни избори.

Љупчо Поповски извор: Дв

   

Најново

ЗЛАТЕВ: АПАСИЕВ ТРЕБА ДА БИДЕ СУДЕН ЗАТОА ШТО БЕШЕ НА ПАРАДА?! Рускиот рулет на Таравари!

Sase Ivanovski

„Само Вистина” со Сотир Костов и Мирјана Најчевска

Sase Ivanovski

Учество на премиерот Христијан Мицкоски на Самитот 2025 во организација на „Македонија 2025“

Sase Ivanovski

“На кавга со Иван“ – Љубомир Гајдов

Sase Ivanovski

Тема на денот со Крис Павловски

Sase Ivanovski

Руските војници ги заменуваат тенковите со мотоцикли

Sase Ivanovski

Полска нареди затворање на рускиот конзулат во Краков откако Москва беше обвинета за подметнување пожарот во 2024 година

Sase Ivanovski

ЗЕМЕТЕ СИ КАБАНИЦА ИЛИ ЧАДОР Ќе врне и ќе дува засилен ветер низ цела Македонија

Sase Ivanovski

СО ДОБРИ ЗАКОНИ МАКЕДОНИЈА МОЖЕ ДА СТАНЕ ЕВРОПСКИ КРИПТО ЦЕНТАР Фокусирајте се на енергијата и на вештачката интелигенција и ќе имате просперитет, порачува Крис Павловски

Sase Ivanovski

ОТСЕГА МОЖЕТЕ ДА СИ КУПИТЕ ДЕВОЈКА РОБОТ ЗА 125.000 ДОЛАРИ Дали „епидемијата“ на машка осаменост е сериозен проблем во денешницата?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НЕМАТЕ ВРЕМЕ ДА СРЕДУВАТЕ ПО ДОМА? Овој робот може да ве замени – чисти, пере и дипли алишта

Sase Ivanovski

ВО 3:30 ЧАСОТ НЕКОЈ МИ ТРОПНА НА ВРАТАТА И МИ ЈА СООПШТИ ЛОШАТА ВЕСТ Мицкоски откри кој бил неговиот најтежок ден во животот

Sase Ivanovski

Хамас на МКЦК му го предаде израелско-американскиот заложник Еден Александар

Sase Ivanovski

Агенцијата на ОН за цивилно воздухопловство пресуди: Русија е одговорна за соборувањето на авионот на „Малезија ерлајнс“ во 2014 година

Sase Ivanovski

Касами: Нема да има (пре)именување улици во Тетово пред локалните избори

Sase Ivanovski

Касами за 360- Може ке направиме трампа и ќе им го дадеме министерството за здравство на ВМРО ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Таравари- Влеговме во влада со ветување дека за 6 месеци ке ги почнеме преговорите со ЕУ. Нема ништо од тоа и одиме во опозиција

Sase Ivanovski

Осудениот врховен судија Георгиев се вработи како магационер: сега излегува денски, навечер се враќа во затворот

Sase Ivanovski

Со нож го убил својот татко во Подгорица

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Пожар во куќата на британскиот премиер

Sase Ivanovski

„Мајка ти треба сама да дојде“: Адвокат кој ја застапувал својата беспомошна мајка, не можел да и извади картичка од ЈСП

Sase Ivanovski

Откако го откажа декемврискиот концерт во Скопје, Владо Јаневски најавува ексклузивен концерт на лето во Охрид!

Sase Ivanovski

Нарендра Моди: Индија ја прекина својата воена акција и ќе одговори на секој терористички напад

Sase Ivanovski

Муцунски ја посети болницата „Каролинска“ во Стокхолм, каде се лекуваа македонски пациенти повредени во пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

Вучиќ го пречека Кошта во Белград: Ќе разговараме за клучните прашања од односите меѓу Србија и ЕУ

Sase Ivanovski

„Арс Ламина“ освои седум награди од Македонската асоцијација на издавачи на Саемот на книгата 2025

Sase Ivanovski

Газдата на „Рамбл“ предлага Македонија да биде неутрална како Швајцарија

Sase Ivanovski

Касами: Таравари избра да ја игра улогата на тројански коњ

Sase Ivanovski

Крис Павловски, директорот на „Рамбл“: Моите родители се од тука, сакам да направам Македонија да напредува

Sase Ivanovski

Димитриевски: СДСМ ја претвори Македонија во корупциски пазар

Sase Ivanovski

Арбен Таравари излегува од Владата

Sase Ivanovski

Топ Тема: Дали политиката ја убива емпатијата?

Sase Ivanovski

Куќа стара 738 години во Швајцарија има извонредна тајна за својата долговечност. Изградена во 1287 година, Витлеемската куќа е најстарата дрвена куќа во Европа, изградена без метални клинци

Sase Ivanovski

Терасираната висококатница во Росток (1969–1977), дизајнирана од архитектите Ватерстрат, Баумбач и Росток колективен станбен градежен комбинат

Sase Ivanovski

Шилегов распали по Венко Филипче: Златна да визата!

Sase Ivanovski

ЛДП: Градскиот парк личи на џунгла, излегува на површина неспособноста на Арсовска

Sase Ivanovski

Апасиев: Во Влада се луксузираат, а во Собранието нема паркинг, кафе и јајца за доручек

Sase Ivanovski

Јаневска: Се залагаме за едносменска настава во сите училишта

Sase Ivanovski

Бендевска: За ЗНАМ е неприфатливо да седи во иста Влада со субјект кој се договара со ДУИ

Sase Ivanovski

Македонија 2025: Дигитализацијата клучна за економски развој, борба против корупција, поефикасна државна управа и подобри јавни услуги

Sase Ivanovski

ВРЕДИ: Оваа влада има доволно мнозинство за да продолжи со проекти во корист на граѓаните

Sase Ivanovski

Песков: Јазикот на ултиматум не може да се користи за дијалог со Русија

Sase Ivanovski

Анчелоти е нов селектор на Бразил

Sase Ivanovski

Тајани: Путин треба да одлучи дали ќе има мир во Украина

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Трамп: Можеби ќе им се придружам на Путин и Зеленски на преговорите в четврток во Истанбул

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Не е здрава храна ако го намалиме лебот и го тргнеме „благото“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ова може да ја револуционизира иднината на возењето

Sase Ivanovski

Машен, Германија – Повеќе од град, тоа е еден од клучните железнички центри во Европа

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Орце Ѓорѓиевски: За нас, говорат делата!

Sase Ivanovski

Недела поладне во Белград! Pan-Pot во кафетерија

Sase Ivanovski

Фуркан Салиу: Каде што застана Груевски, продолжува Мицкоски

Sase Ivanovski

Масивната вежба на писта на американските воздухопловни сили со 53 авиони – испратена порака до ривалите како Кина

Sase Ivanovski

На многаја лета Свети Василиј Острошки…

Sase Ivanovski

Полска еднаш ги отвори вратите за милиони украински бегалци, но сега расположението се смени

Sase Ivanovski

Полска: Руската тајна служба стои зад пожарот во трговскиот центар во Варшава во 2024 година

Sase Ivanovski

Научниците откриваат колку точно тежина ви е потребно за да кревате за да стекнете мускули

Sase Ivanovski

САД и Кина се согласија да ги намалат царините во рамките на деескалацијата на трговската војна

Sase Ivanovski

Администрацијата на Трамп е подготвена да прифати „палата на небото“ како подарок за Трамп од Катар

Sase Ivanovski

Објавена е првата излезна анкета од изборите во Албанија, Социјалистичка партија и Еди Рама водат со 79 пратенички места

Sase Ivanovski

Зошто кинескиот борбен авион J-10C „Vigorous Dragon“ е во тренд…

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Бендот „Фанк Шуи“ со голем хуманитарен концерт за Кочани во МКЦ на 15 мај

Sase Ivanovski

Ќе се работи Студија за природните вредности на Јабланица, целта е да се прогласи за заштитено подрачје

Sase Ivanovski

Лишени од слобода четири лица во гостиварско затоа што управувале возила со поголема брзина од дозволената

Sase Ivanovski

ДИЦ: Освен во училишта, матурата годинава ќе се полага и на пет универзитети

Sase Ivanovski

Ретроспективната изложба на Анета Светиева

Sase Ivanovski

Изгубениот контекст на изјавите на Тони Блер

Sase Ivanovski

Муртезани на средба со известувачот за Северна Македонија, Вајц  во Брисел: стратешки разговори за напредокот во пристапниот процес и поддршка за реформите

Sase Ivanovski

Лишен од слобода тетовец затоа што управувал возило со 2,16 промили алкохол во крвта

Sase Ivanovski

(ФОТО) (Галерија) На Школка се одржа настанот „Гуш и бац е љубов“, децата учеа и се поврзуваа без предрасуди

Sase Ivanovski

Европските лидери го посетија Киев и и порачаа на Русија: 30-дневен прекин на огнот сега или ќе се соочат со огромни санкции

Sase Ivanovski

ОСНОВЦИТЕ ОД КАРПОШ ЌЕ СЕ ЕДУЦИРААТ, КАКО ТРЕБА ДА СЕ ОДНЕСУВААТ КОН СВОИТЕ СОУЧЕНИЦИ СО ПОПРЕЧЕНОСТ

Sase Ivanovski

Наставници од земјава ќе учат како да применуваат нови методи во наставата

Sase Ivanovski

Претрес во Куманово, пронајдена дрога, приведен дилер

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова со претставници на македонската дијаспора: Во процес е формирање на Совет за дијаспората како институционален облик на соработка

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Кривична пријава против две вработени во Управни работи во Куманово за несовесно работење во службата

Sase Ivanovski

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и измеќарите од ЗНАМ не можат да излажат никого

Sase Ivanovski

Министерство за финансии: Министерката Димитриеска-Кочоска во работна посета на Брисел на 11. Економски и финансиски дијалог со ЕУ

Sase Ivanovski

Вчера 968 сообраќајни прекршоци, 636 за брзо возење

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Пронајдена дрога во Кавадарци, лишени од слобода две лица

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Македонскиот павилјон меѓу 10-те највпечатливи на Венециското биенале, GOVTECH дигитална програма за решавање на проблемите на граѓаните, се зголемува довербата на граѓаните во финансискиот систем

Sase Ivanovski
Вчитувам....