24.8 C
Скопје
18/05/2024 15:48
МАКТЕЛ

  

     

 

Зошто комунистите ја мразат средната класа? Бидејќи силна средна класа (граѓанското општество) е способна да ја држи владата под отчет

      

Неодамна за време на гостувањето кај „Лазаров поткаст“ пратеникот Димитар Апасиев имплицитно (преку напис на маица) изјави дека „Ќе ни ги ебел мамето кулачко“.
Прва и битна работа овде да разбереме што се тоа кулаци.
Петар Котевски дава одлично образложение (линк во Коментар 1). Накратко кажано, кулаците во Советскиот Сојуз беа сите оние кои поседуваат повеќе имот отколку што можат да обработуваат со сопствените две раце. Ако поседуваш повеќе имот отколку што можеш самиот да го обработуваш т.е. доколку ти требаат работници, тоа те правеше дефакто капиталист, бидејќи со тоа што најмуваш труд, значи дека според комунистичката доктрина си експлоатирач.

   

Значи кулакот е во суштина припадник на средната класа. А, како што добро знаеме, комунистите ја мразат средната класа. Секој колективистички режим (комунизам или фашизам) прво и основно удира по средната класа. Најпрвин морално ја уценуваат и ја напаѓаат со тоа што ја обвинуваат дека не била „доволно пролетерски освестена“, односно дека се „ситна буржоазија“.
Втората линија на напад е реформската, а неодамна го видовме и тоа преку предложената мерка на Левица за контрола на висината на киријата. Значи Левица сака да дефинира колку кирија, ти, кулакот, смееш да наплаќаш за станот за кои макотрпно си работил да го купиш.

 

Ова е кулачката омраза на дело – прво, идеолошки те прогласуваат за недоволно Разбуден, и за ситна буржоазија, а после удираат по твојата материјална сопственост.
Зошто комунистите ја мразат средната класа? Бидејќи силна средна класа (граѓанското општество) е способна да ја држи владата под отчет. А една колективистичка гарнитура не го сака тоа. Централизираниот режим не сака никој да биде над нив. Затоа ќе те демонизираат тебе, којшто си во можност да си дозволиш патики од 600 евра. Ќе те нарекуваат материјалист. Ќе те нарекуваат ситна буржоазија. Ќе те нарекуваат недоволно Разбуден.

   

     

Овде полека доаѓаме до парадоксот кој објаснува зошто социјалистичките режими се толку честа појава низ историјата. Не само што комунистите ја мразат средната класа, туку и средната класа се мрази себеси. Односно да бидам попрецизен, средната класа има склоност да страда од чувство на вина.
Фридрих Хајек има напишано: „Атавистичкиот копнеж кон животот на благородниот дивјак е главниот извор на колективистичката традиција“.

Популаризиратор на идеата за благородниот дивјак е кој друг ако не Жан Жак Русо, идеолошката инспирација на Робесјпјер, кој пак е идеолошка инспирација на фашистот Бенито Мусолини. Идеја којашто тврди дека луѓето во нивната природна состојба се мирни, несебични, и дека проблемите како што се алчноста и насилството се продукт на цивилизацијата.
Преку едно вакво стојалиште, Русо всушност ја критикуваше идејата за историјата како движење кон прогрес. За него подемот на приватната сопственост, уметностите и генералниот прогрес во материјалниот просперитет и долговечност се всушност џиновски чекор назад.

Значи, Русо е во суштина романтичар, но овде е битно да разбереме дека во тесна смисла, романтизмот е уметничка насока, но во поширока смисла, романтизмот е идеолошки бунт против неприродните последици од ренесансата – капитализам, природни права и наука.
Романтичарскиот дух се бунтува против железниот кафез на модернизмот и средната класа, и копнее за враќање назад кон имагинарна автентичност во човековиот живот, во хармонија со природата. Значи романтизмот е во суштина чувство – чувство дека порано било подобро, и покрај тоа што секој објективен историски доказ укажува на спротивното. Овде веќе станува појасно зошто комунизмот и фашизмот, односно колективизмот се романтичарски движења – и двете му даваат примат на чувството, наспроти емпирицизмот.

Што е тоа што продуцира средна класа?
Капитализмот.Но како што многу пати посочувам – капитализмот не е природна појава. Капитализмот е во спротивност со човековата природа.

Зошто капитализмот е неприродна појава? Што всушност му направи капитализмот на човековиот ум кој, пак, од своја страна е одговорен за неверојатниот материјален просперитет последниве 300 години?Сѐ почна кога Исус Христос рече – You should render to Caesar what is Caesars. Односно, „Дај му го на Цезар тоа што му припаѓа на Цезар“.

Значи, во суштина, Исус aлудираше не на едно, туку на две царства – човечкото, и небесното. Или според зборовите на Свети Августин – Човечко царство и Небесно царство.
Ова идеја беше револуционерна со тоа што го воведе сознанието дека дури и кралевите одговараат на повисок закон. Ниедна друга религија ниту систем пред тоа не направи ваква јасна дистинкција, ниту античка Кина, ниту исламските султани, каде пророкот Мухамед на пример ја имаше двојната улога, и на Цезар и на Исус – значи не препознаваше простор меѓу секуларен и религиозен авторитет.
Ваквата поделба најпрвин на психолошка база беше апсолутно нова и неприродна за предмодерниот ум, и таа беше основа за понатамошна ментална поделба меѓу пазар и меѓу семејство, меѓу бог и меѓу државата.

Нашата транзиција од аграрно кон модерно индустриско општество значеше губење на една битна работа. Предмодерниот човек формираше смисла за живот, значење, во форма на слоеви, еден врз друг. Свето и сакрално, наука и ритуал, метафора и факт – сите овие лежеа едно врз друго, преклопувајќи се и формирајќи една целокупна призма низ која го гледавме светот.
На пример, семејството е светост, но истовремено е и практична неопходност за преживување. Храната те одржува во живот, но истовремено е и социјален ритуал. Прединдустрискиот ум ги гледаше сите овие аспекти како една мешана целина, политиката го информираше семејството, и обратно.

Индустриската револуција го смени тоа. Сега имаме посебна призма за различни аспекти од животот – една за религија, друга за бизнис, трета за семејство, четврта за храна.
Токму ваквата ментална поделба на трудот е одговорна за огромниот материјален просперитет под капитализмот. Но истовремено отвори и друг неочекуван проблем.
Ваквата склоност да ги силоизираме, да ги разграничиме и поставиме различните аспекти од нашите животи во засебни острови е неприродна за човечкиот ум. Со тоа што ги разводнивме различните аспекти што ја продуцираат целисходноста на она што го нарекуваме значење се чувствуваме помалку исполнето.

Затоа копнееме да го повратиме таканареченото вистинско значење во нашите животи, и покрај тоа што такво нешто не постои. Или како што ѝ рече рече докторот на Робин Рајт во анимираниот филм „The Congress“ – Не постои нешто наречено Дом, нашиот мозок го измислува.
Затоа атавистичкиот копнеж кон животот на благородниот дивјак. Бидејќи копнееме да ја анулираме ваквата ментална поделба на трудот (на која човековиот ум сѐ уште не може да се навикне), ваквата силоизираност на аспектите врз база на кои формираме смисла за животот, и да се вратиме на начин на живот кој ни изгледа поавтентичен и повеќе холистички. Се приврзуваме на идеологии кои ветуваат обединетост (комунизам и фашизам) кои ветуваат дека сите ќе бидеме дел од едно племе, една целина.

Затоа постојано потенцирам дека фашизмот и комунизмот се романтичарски, реакционерни движења – ветуваат да нѐ вратат кон некаков похолистички, предмодерен начин на живот. Романтичарот сака да ги урне ѕидовите меѓу различните оддели во нашите животи и да ја поврати смислата за свето или патриотско.
Ова е сосема природна појава и и дел од нашето програмирање. Од друга страна, токму ваквата компартментализираност е неприродна појава, стара само 300 години, наспроти 10000 години претходно трибалистичко програмирање.

Ова воедно и ја опишува таканаречената криза на средната класа. Токму атавистичкиот копнеж кон животот на „благородниот дивјак“ ги направи колективистичките режими можни. Значи, не само што кoмунистите ја мразат средната класа, туку и самата средна класа ги поканува оние кои ги мразат, да ѝ постави чизма на вратот, замаени од нивното ветување дека ќе ги вратат на некојси холистички пред-модерен, пред-капиталистички начин на живот, начин на живот со повеќе значење, со повеќе смисла.

Ова веќе се случи еднаш – за време на Индустриската револуција во 19. век. Феномен кој извади толку многу луѓе од калта, од сиромаштијата, но најпосле го засили и атавистичкиот копнеж кон минатото. Луѓето беа отцепени од своите селски трибални контексти, материјално попросперитетни, но дезориентирани поради брзиот материјален прогрес.
Токму ваквиот неприроден, огромен материјален просперитет на кои човекот кој претходно живееше десетици илјади години во валканици и сиромаштија не беше навикнат, ги засили струите на колективистичките религии кои му ветуваа на човекот дека ќе го вратат назад кон период со поголема смисла.

Истото го гледаме и денес – глобализацијата од 1960-те повторно од калта извади милиони луѓе, и тоа со невидена брзина. И повторно истото сценарио – материјално обогатени, но дезориентирани луѓе. Повторно со копнеж да се вратат на некои минати, девствени времиња каде ваквата ментална, па и физичка поделба на трудот, заради кои е можен денешниот просперитет не беше типична.
Значи поривот кон фашизам и комунизам доаѓа од две насоки – од една страна, идеолошките комунисти се непријателски настроени кон главниот продукт на капитализмот – средната класа. Од друга страна, самата средна класа доброволно им допушта на првите крвници да им постават чизма на вратот на основа на нивните романтичарски очекување дека овие ќе ги вратат во некои поедноставни, поневини времиња.

Колективизмот (фашизмот и комунизмот) се дефакто програмирање на човековата природа. Фашизмот и комунизмот ни доаѓаат најлесно, најприродно. Она што ни паѓа тешко е слободарството. Капитализмот. Просперитетот. Комерцијална размена со луѓе илјадници километри далеку. Менталната поделба на трудот опишана погоре. Модернизмот и изумот наречен пари, кој ни овозможи да тргуваме со тотални странци, иако до само неодамна човековиот ум беше научен на интеракција само на припадници од својата непосредна близина, од своето племе.
Ова е значењето на терминот цивилизација. Цивилизацијата се појави кога човекот научи да ги контролира мрачните демони во својата природа, односно кога научи да ги контролира и да не им се предава на своите природни склоности кон трибализмот. Цивилизацијата се јави тогаш кога човекот ѝ сврте грб на природата, односно на нејзиниот шармантен повик за враќање назад, за враќање кон колективизмот.

Цивилизацијата бара труд бидејќи е потребно труд и постојан напор да ги држиме сопствените трибалистички демони под контрола. Капитализмот бара труд. Слободата бара труд. Слободарството бара труд. Триста години слободарство, триста години индивидуализам се ништо наспроти 10000 години колективистички импринт во нашиот кернел. Затоа слободата е ранлива и будно треба да биде чувана. Затоа комунизмот и фашизмот се постојана закана, која постојано виси над нашите глави.
Природата евентуално доаѓа по своето. Ентропијата е неминовна. Цивилизацијата е неприродна појава. Слободата е неприродна појава.
(Блаже Аризанов е претприемач и автор. Неговата книга „Белиот трофеј“ е позната во светот на претприемаштвото.)

    

Најново

(ВИДЕО) ПЕРО КАМИКАЗА: 1990-TA ТРЕБАШЕ ДА БИДАМ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА МЛАДИНА НА ЈУГОСЛАВИЈА НА ПРЕДЛОГ НА НОВИНАРКАТА ОЛИВЕРА ТРАЈКОВСКА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПЕРО КАМИКАЗА РАСПАЛИ ПО ДАНЕЛА, ВЛАТКО СТЕФАНОВСКИ, МИЛЧИН, РАСКАЖА СЛУЧКИ СО БРЕГОВИЌ, БРАНКО ЦРВЕНКОВСКИ

Sase Ivanovski

ПРВ УСПЕХ НА ВМРО ДПМНЕ: ПАК НЕ ИМА НА ББЦ И ЦНН

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ОЛИВЕРА ТРАЈКОВСКА: ВМРО ДПМНЕ 5 ДЕНА ЈА ПРОВОЦИРА ГРЦИЈА И НЕ ПРАВИ СИТЕ БУДАЛИ

Sase Ivanovski

БУЈАР ОСМАНИ: ВЛАДА СО НЕЛЕГИТИМНИ АЛБАНЦИ Е ИСТО КАКО ВЛАДА БЕЗ АЛБАНЦИ

Sase Ivanovski

ЈОВАНА МОЈСОСКА ОД ЛЕВИЦА СО ПОРАКА ЗА ТАРАВАРИ: Ако ги слуша барањата на ЕУ, ќе бара и укинување на Рамковниот балансер

Sase Ivanovski

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ…“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

Sase Ivanovski

„ВМРОИДИТЕ СИ КУПИЛЕ ЧЕТВОРИЦА ПРАТЕНИЦИ НА КВАНТАШКИ“: Се огласи Апасиев за тоа што ВМРО-ДПМНЕ обезбедија 61 пратеник

Sase Ivanovski

МЕГА ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ЛИДЛ МАКЕДОНИЈА: Се бараат работници за над 20 позиции, еве во кои сектори

Sase Ivanovski

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица – Панче Заев и Г’на дебитанти

Sase Ivanovski

Одобренијата за градба стопирани, законите заглавени во Собрание, коj сака да гради ќе мора да чека

Sase Ivanovski

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

Sase Ivanovski

ФИЦО Е САМО ПОЧЕТОК, ВО ОПАСНОСТ СЕ СИТЕ ШТО НЕ СЕ ВКЛОПУВААТ ВО АГЕНДАТА НА ЗАПАДОТ Руските политичари упатија предупредување

Sase Ivanovski

Мицкоски на средба со „Македонија 2025“: Следува забрзан економски развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните

Sase Ivanovski

ЛУДО ВИДЕО: СРБИН КУПУВА БИГ МЕК ОД МАКЕДОНЕЦ ВО ГЕРМАНСКИ МЕКДОНАЛДС

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) „ПАГАНИНИ НА ГИТАРАТА“ ЈА ВООДУШЕВИ БЕЛГРАДСКАТА ПУБЛИКА Младиот Марцин го покажа својот раскошен талент

Sase Ivanovski

Средба на раководството на СВР Скопје со претставниците на мисијата на ОБСЕ

Sase Ivanovski

РЕДОВНИ ГИНЕКОЛОШКИ ПРЕГЛЕДИ ЗА ПОКВАЛИТЕТЕН ЖИВОТ Превентивните прегледи се важни и од финансиски аспект

Sase Ivanovski

РАБОТЕЊЕТО ОД ДОМА Е ПОДОБРО ЗА ЗДРАВЈЕТО Германска студија ги покажала предностите на онлајн работата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПОТРЕСНА СЦЕНА ЈА ТРОГНА ХРВАТСКА Пожарникари спасија исплашено куче, сопственикот плачеше

Sase Ivanovski

ПОТРЕБЕН НИ Е 5% РАСТ, ТОГАШ МОЖЕБИ БИ СЕ ВРАТИЛА И ДИЈАСПОРАТА Комората и Македонија2025 договориле конкретна соработка

Sase Ivanovski

ДИРЕКТОРУВАЛЕ СО ЛАЖНИ ДОКУМЕНТИ Поднесени две обвиненија за директори на училишта во струшко

Sase Ivanovski

НОВИ 44 СЛУЧАИ НА ГОЛЕМА КАШЛИЦА Вкупната бројка на заболени достигна 597

Sase Ivanovski

ЌЕ ГО ПОДДРЖИМЕ МИЦКОСКИ АКО СЕ ПОДОБРУВА ДОГОВОРОТ ЗА АВТОПАТОТ, ВЕЛИ АЗЕСКИ „Бехтел и Енка“ се зачлениле во Стопанската комора

Sase Ivanovski

ГО ФАТИЛ ДЕТЕТО ЗА УВО И ГО ТЕГНЕЛ, А СОПРУГАТА ЈА ДРЖЕЛА НАСТАВНИЧКАТА Детали за инцидентот во битолското училиште

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПАДНА КОМАНДНИОТ ЦЕНТАР НА УКРАИНА КАЈ ХАРКОВ? „Не планираме да го освоиме градот“

Sase Ivanovski

ТОМИСЛАВ НИКОЛИЌ ИМАЛ СООБРАЌАЈКА Поранешниот претседател на Србија не е повреден

Sase Ivanovski

Отворен првиот „Саем на средни училишта на Град Скопје “ на плоштад Македонија

Sase Ivanovski

Пентагон: Проектот за пристаништето Газа е завршен, помошта наскоро ќе дојде

Sase Ivanovski

Сообраќајка кај „Џамбо“: Автомобил се заби во бандера

Sase Ivanovski

Фанта-финта со Преспанскиот

Sase Ivanovski

Уште две обвиненија за Рамиз Мерко за незаконско назначување директори на училишта

Sase Ivanovski

Заслужен пораз и незаслужена победа

Sase Ivanovski

Ахмети е доволно возрасен за да ја води конститутивната седница која е планирана за 27 мај

Sase Ivanovski

Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

Sase Ivanovski

Словачките политичари повикуваат на смиреност на политичките тензии во државата: Да се намали и со кампањата за изборите за Европскиот парламент

Sase Ivanovski

(ФОТО) Османи со бројни билатерални средби во Стразбур

Sase Ivanovski

Калинак: Состојбата на Фицо по новата операција е стабилна, но многу тешка

Sase Ivanovski

Aнализа: Дали Нетанјаху има план за „ден по“ војната во Газа?

Sase Ivanovski

Словачка на работ од граѓанска војна: политичарите повикуваат на смиреност

Sase Ivanovski

Генерално чистење на дивите депонии во Битола

Sase Ivanovski

Орбан: Фицо е меѓу животот и смртта, се молиме за него

Sase Ivanovski

Водачот на Хутите: Ќе го гаѓаме секој брод што ќе се упати кон израелските пристаништа

Sase Ivanovski

Зеленски признава дека ситуацијата во североисточниот регион Харков е „исклучително тешка“

Sase Ivanovski

Управниот суд оформи седум предмети за поднесените тужби од „Европскиот фронт“, кои се против одлуката на ДИК

Sase Ivanovski

Нов критички одглас за романот на годината од Димковска – критички осврт на Мојсова-Чепишевска

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Силно невреме го зафати Хјустон: има загинати, а градот е во мрак

Sase Ivanovski

Здружението на судии апелира реформата на судството да биде аргументирана, а третата власт да биде вклучена

Sase Ivanovski

Путин вели дека Русија создава тампон зона крај Харков и не планира освојување на градот

Sase Ivanovski

Унгарија стави вето на резолуцијата на Советот на Европа за Украина

Sase Ivanovski

Бербок вели дека на Украина ѝ треба оружје со долг дострел за да го одбрани Харков

Sase Ivanovski

,,Вдоми” затоа што животот е поубав со куче

Sase Ivanovski

Макроекономските проекции претставени пред ММФ: Претпазливите политики на Народната банка клучни за одржувањето на макроекономската стабилност

Sase Ivanovski

Пукање во Стокхолм: Затворена израелската амбасада, има и приведени

Sase Ivanovski

Масовни напади на Крим, сателитски снимки откриваат уништени моќни авиони

Sase Ivanovski

Иако е на „црната листа“ на САД за корупција, Самсоненко продолжува да гради на плоштадот „Македонија“

Sase Ivanovski

Германија за Преспа: Важно е да нема сомнеж дека новата влада ги почитува обврзувачките договори

Sase Ivanovski

Црвеното злато“ руши ценовни рекорди: Македонија испушта над двесте милиони евра годишно, додека лежи на бакар

Sase Ivanovski

Реакција на членови на ДИК: Неприфатливо е мешањео на политички партии и поединци од техничката Влада во изборните процедури

Sase Ivanovski

Домашен притвор за родителот од Битола, кој во училница за време на настава натепа ученик и наставничка

Sase Ivanovski

Краткотрајно невреме следните денови, со пороен дожд, град и грмежи

Sase Ivanovski

Љупчо Палевски-Палчо бара да го застапува тим од адвокати, меѓу кои Менкиноски и Страшевски

Sase Ivanovski

Зајкова демантира дека се приклучува кон ВМРО ДПМНЕ: Тоа се нарачки од партиски ботови

Sase Ivanovski

„ВРЕДИ“: Паниката е разбирлива, но злоупотребата на функцијата и притисокот врз судот се неприфатливи!

Sase Ivanovski

Европски фронт: Дали „Вреди“ се согласиле со ВМРО за ревизија на Коридорот 8?

Sase Ivanovski

Пронашле граната и ја однеле во беровкста полиција, ЦУК со апел да не се допираат неексплодирани средства

Sase Ivanovski

Автомобил излета од патот Штип – Скопје, двајца повредени

Sase Ivanovski

Приведена девојка од Кочани, нападнала и ограбила 69-годишна штипјанка

Sase Ivanovski

Мицотакис: Без почитување на Договорот од Преспа, патот кон Европа ќе остане затворен

Sase Ivanovski

Внимание: Секој адекватен простор да се искористи за поставување фотоволтаични панели

Sase Ivanovski

Данска испраќа нов пакет воена помош за Украина во вредност од 750 милиони евра

Sase Ivanovski

Египетскиот претседател Ал Сиси го обвини Израел дека избегнува постигнување прекин на огнот

Sase Ivanovski

По атентатот на Фицо, закана стигнала и до полскиот премиер – Доналд Туск

Sase Ivanovski

Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови

Sase Ivanovski

Зеленски: На Украина и се потребни системи „Патриот“ за заштитата на Харков

Sase Ivanovski

Зајкова демантира дека се приклучува кон ВМРО ДПМНЕ: Тоа се нарачки од партиски ботови

Sase Ivanovski

Тошковски: Високораководни структури во повеќе институции се во спрега со мафијата

Sase Ivanovski

Рама до Бугарија: Политиката на блокада е ужасна, одвратна и антиевропска!

Sase Ivanovski

Пад на германските инвестиции во земјава поради недостигот на стручни кадри

Sase Ivanovski

Британскиот воен аташе во Москва прогласен за персона нон грата

Sase Ivanovski
Вчитувам....