23.8 C
Скопје
19/05/2024 15:00
МАКТЕЛ

  

     

 

ИНТЕРВЈУ ПЕЦОВСКИ: Забрзан развој на „Реплек“ преку зајакнување на позициите на постојните пазари и освојување нови

      

Една од најпознатите македонски фармацевтски компании – „Реплек АД“ објави дека почнува со реализацијата на нова развојна стратегија. Со неа се предвидува натамошна модернизација, освежување на портфолиото на производи и зголемување на продуктивноста и ефикасноста. Целта е забрзан развој на компанијата, зајакнување на нејзините позиции на постојните и освојување нови пазари. Во остварување на ваквите амбициозни цели значајна улога ќе има и новиот производствен погон, чија јавна промоција беше директен повод за разговорот што го имавме со претседателот на Управниот одбор и главен извршен директор на „Реплек АД“, Душан Пецовски.

   

Инаку, Пецовски е претставник на македонската менаџерска елита од помладата генерација кој своето високо образование и професионална експертиза од областа на финансискиот менаџмент и информатичките технологии ја стекнал на универзитетите и банкарскиот сектор во Австрија, а целокупната своја досегашна професионална кариера и искуство го стекнал извршувајќи високи раководни функции во сегментот посветен на развојот и пласманот на производите на „Реплек АД“ на странските пазари.
Господине Пецовски, вашата компанија најави финализирање на инвестиција вредна три милиони евра во опрема и простории за зголемување на производните капацитети, инвестиција која е значајна за домашната економија, особено затоа што доаѓа во време на криза од која е погоден целиот свет. Можете ли поконкретно за јавноста во земјава да објасните што ќе се произведува во новиот погон?

 

Пецовски: Забрзан развој, освојување на нови пазари и зајакнување на позициите на компанијата е наша цел, а за нејзино остварување имаме голема поддршка и од сите засегнати страни. Цврсто веруваме дека „Реплек АД“ има голем потенцијал за натамошен раст и развој, и во таа насока работиме на зајакнување на нашето портфолио и воведување нови технологии кои ќе ја зголемат конкурентноста на пазарите. Дел од таа развојна стратегија е и новиот погон со кој ќе се зголеми обемот на производство, што е важен дел на стратегијата за освојување на нови пазари на што сме фокусирани. Во погонот се вложени над три милиони евра и тој ќе овозможи двојно зголемување на капацитетот за производство на полуцврсти дозажни форми, а за 30 проценти ќе се зголеми и капацитетот за производство на течни дозажни форми. Ќе имаме и нови современи форми на пакување како резултат на новата софистицирана опрема со која располага погонот.

   

     

Во процес сме на интензивна комуникација која треба да ни овозможи заокружување и финализација на процесот на целосна усогласеност на производството во новиот погон со регулаторните барања на Агенцијата за лекови и медицински средства – МАЛМЕД, со која традиционално градиме и одржуваме долгорочна соработка на полето на усогласувањето на сите производни процеси со законската регулатива и принципите на добра производна пракса, имајќи ја предвид заедничката цел – постигнување на највисоките европски стандарди во фармацевтската индустрија во нашата земја.

Паралелно со ова, фокусирани сме на креирање на нови потенцијали за нашата компанија и веќе имаме позитивни резултати. Уверени сме дека ќе создадеме нови вредности и за вработените и за акционерите, но и за општеството воопшто.
Во првиот квартал од годинава „Реплек“ оствари раст на приходите од продажба од 5,7 отсто, за што изјавивте дека е убедливо најголемиот раст на приходите во еден прв квартал на компанијата од почетокот на нејзиното постоење. Најавивте и дека до крајот на годината е планиран раст на приходите од 20 отсто. Како тоа планирате да го постигнете и каде ги гледате најголемите предизвици?

Пецовски: Токму резултатите од првиот квартал во 2022 година се позитивен индикатор на нашата стратегија и поттик за реализација на сите наши планови. Навистина сме горди што и во услови на турбуленции на пазарите предизвикани од здравствената и воената криза успеавме да оствариме раст од 5,7 отсто на приходите од продажба, во споредба со истиот период минатата година. Ова е најголема реализација што компанијата ја остварила во прв квартал од почетокот на нејзиното постење. Овој факт нѐ радува и е показател дека се движиме во вистински правец. Дополнително сакам да потенцирам дека остваривме раст на приходите од продажба од извоз. Во услови на воена криза и отежнато движење на стоки и услуги, што креираше нови услови во меѓународната трговија, бележиме раст на приходите од продажба на странски пазари од 3,7 отсто. Тоа е навистина оптимистички сигнал, кој ни дава за право да се фокусираме на реализација на нашите планови и покрај пречките кои се реални, а произлегуваат од нестабилноста на пазарите.

Иако светот е во криза, како што често се вели „кризата е и шанса“. И тоа е навистина така. Како што напомнавте, нашите таргети за годинава се позиционирани на зголемување на приходите од продажба за 20 отсто. Оваа цел ќе ја оствариме преку новата извозна стратегија за зајакнување на позициите на глобалниот пазар. Извозната стратегија дополнително се базира на диверзификација на извозот, зголемување на портфолиото и секако на освојување на нови пазари. Во таа насока, компанијата за прв пат го осигура извозот на производите од своето портфолио, со што значително се намалува ризикот. Ги зајакнавме и позициите на пазарите во Европската Унија и Асоцијацијата на југоисточните азиски нации (АСЕАН) преку проширувањето на портфолиото на производи кои се достапни во овие земји. Паралелно, го продолжуваме и пробивот во Африка и Азија, па наскоро ќе бидеме присутни и на пазарот во Јордан. „Реплек АД“ е извозно ориентирана компанија која на странските пазари пласира 75 отсто од своето производство, додека останатиот дел од 25 проценти отпаѓа на домашниот пазар. Производите на компанијата се присутни на повеќе од 25 пазари во целиот свет, а бројот на пазари ќе расте, заедно со растот на нашето портфолио и со зголемените капацитети за производство.
Во втората половина на минатата година, Вие го презедовте најголемиот акционерски пакет, но и управувањето со компанијата. Можете ли да ни кажете кои се вашите цели и во која насока ќе се развива компанијата во иднина?

Пецовски: Како што веќе спомнав, ние во „Реплек АД“ поставивме и започнавме со реализација на нова развојна стратегија. Со неа се предвидува натамошна модернизација на компанијата, освежување на продуктното портфолио и зголемување на продуктивноста и ефикасноста, што треба да придонесе за зајакнување на сите перформанси, како и развој на човечките ресурси. Живееме во свет на брзи промени и клучен фактор за успехот е да ги предвидиме и имплементираме новите трендови. Тоа особено се однесува на воведување на иновации во технологијата, дигитализирање на процесите, како и модернизирање на целокупното работење на компанијата. Работиме посветено во таа насока, бидејќи континуираниот развој е формула за успех.

Истовремено, го менуваме и нашиот настап на пазарите. Со нов пристап на теренот ќе се обидеме да го издигнеме брендот и свесноста за него, а истовремено го јакнеме и присуството на странските пазари. Го освежуваме и нашиот корпоративен идентитет, со што внесовме нова енергија во нашата работа, но и во перцепцијата на брендот. Според планот, оваа година ќе воведеме неколку нови производи во нашата понуда, а тоа ќе продолжи и наредните години. Уверени сме дека нашата стратегија ќе продолжи да носи позитивни резултати за вработени, за акционерите, соработниците и партнерите, за потрошувачите и се разбира за земјата во целина.

Она што сега ги загрижува сите финансиски аналитичари и деловно ориентирани луѓе е инфлацијата, а пред сѐ високиот раст на цените на енергенсите, кој засега како да нема изгледи дека ќе се стабилизира. Како инфлацијата се одразува врз Вашата компанија, колку се зголемени Вашите трошоци во последниов период и како тоа се одразува врз развојните планови?
Пецовски: Растот на цените на енергенсите предизвикани пред сѐ од воената криза се навистина загрижувачки, бидејќи значително ги зголемуваат трошоците на производството. Тоа пак, како домино ефект врши притисок врз крајните цени на производите. Дополнително, сево ова влијае и на стабилноста на странските валути, што директно нѐ тангира како извозно ориентирана компанија. Имено, нашите договори за извоз се врзани со нив, па оттука овие трендови влијаат на нашето работење.

Но, ситуацијата која е полна со предизвици мора да ја прифатиме како реалност и да ја менаџираме. Секојдневно ги анализираме случувањата, ги проценуваме ризиците и преземеме конкретни чекори за нивно намалување. Дополнително на тоа, притисокот врз странските валути и ризикот што произлегува од него нѐ тера да бараме иновативни и алтернативни пристапи кои ќе ни овозможат да ги зајакнеме нашите позиции во овие турбулентни времиња. Токму оваа наша мобилност ни овозможи да ги преструктуираме тековните позиции согласно потребите. Истовремено, за да се намалат трошоците за енергија во производството сѐ повеќе компаниите инвестираат во обновливи извори на енергија. Ние ги разгледуваме и овие опции што за нашата компанија ќе значат евтина енергија, стабилно снабдување, но и придонес кон процесот на декарбонизација.

Какви се Вашите прогнози за развој на светската економија, што е она што ќе му се случува на светот и како со тие ризици ќе можат да се носат македонските компании, колку ќе бидат погодени и кои од нив најмногу?
Пецовски: Тешко е да се прогнозира, бидејќи работите се менуваат многу брзо. Она што е јасно, гледајќи од денешна перспектива, е дека многу работи кои во деловниот свет биле стандард повеќе нема да важат. Правилата се менуваат, но се отвораат многу нови можности. Ние со големо внимание ги следиме сите промени за да можеме полесно да се прилагодиме, но и да ги препознаеме можностите. Мислам дека флексибилноста на компаниите, како и можноста за воведување на брзи промени во работењето ќе бидат клучни. Ова е особено важно за македонските компании, кои доаѓаат од мал пазар.

Фармацевтските компании во светски рамки профитираа од ковид кризата, кај сите нив имаше енормно зголемување на приходите и на профитите. Колку „Реплек“ имаше или немаше бенефит од таа пандемиска криза?
Пецовски: Здравствената криза беше предизвик за сите без исклучок. Фармацевтските компании имаа поголема продажба и побарувачка на своите производи, но се соочија и со новите потреби што ги наметна кризата. Можеби тие, поради својата дејност, беа во предност пред другите во оваа ситуација, но сепак завршувањето на здравствената криза што поскоро, е од голема важност за сите нас. Се надеваме дека многу скоро ќе се нормализира состојбата и ќе се отворат многу нови можности за сите.

Како ја оценувате бизнис климата во земјава, дали сметате дека Владата успешно се справува со силните економски предизвици, и има ли, според Вас, мерки кои требаше, а се уште не се донесени?
Пецовски: Сметам дека создавањето на поволна бизнис клима е континуирана обврска и одговорност на сите чинители во општеството, почнувајќи од државните институции, правосудните органи, граѓаните и нивните организации и, секако, на самиот бизнис сектор и компаниите што го сочинуваат. Во делот на одговорноста што ја има бизнисот, сметам дека токму успешните компании со своите добри деловни практики можат многу да придонесат за унапредување на вкупната бизнис клима во земјата.

Тргнувајќи од ова, ние во „Реплек“, како современа, извозно ориентирана компанија која прави одлучни и храбри чекори за да го динамизира својот одржлив развој, се трудиме да бидеме компанија која ќе придонесува за добрата бизнис клима и воедно да биде пример и за останатите. Но, за подобрување на бизнис климата од исклучително значење е тесната соработка помеѓу приватниот и јавниот сектор. Само преку дијалог помеѓу овие два чинители може да се донесат вистински решенија од кои ќе произлезат придобивки и за приватниот и за јавниот сектор. Имено, за институциите да можат да донесат соодветни регулативи кои ќе создадат подобри услови за водење бизнис неопходно е да ги знаат потребите на компаниите. Оттука, сметам дека мораме да работиме на интензивирање на тој дијалог. Во таа насока е направен голем исчекор преку Стопанската комора на Македонија и другите коморски здружувања и овој процес треба да продолжи.

    

Најново

Приведен дилер во Битола за издржување затворска казна

Sase Ivanovski

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Каменуван автобусот на ,,Чкембари“ на излезот на Скопје, повредени се неколку лица

Sase Ivanovski

Таравари за РТК: Во новата влада на Северна Македонија шест министри и претседател на Собранието ќе бидат Албанци

Sase Ivanovski

Фуркан Салиу: Во наредните денови ќе се официјализира коалицијата меѓу ВМРО ДПМНЕ и ВЛЕН

Sase Ivanovski

СИНА АЈКУЛА ТЕШКА 200 КИЛОГРАМИ Е УЛОВЕНА ВО БУДВА Ајкулата ќе биде препарирана и изложена во музеј

Sase Ivanovski

ОСПОРЕНИОТ ЗАКОН ЗА МОБИЛИЗАЦИЈА СТАПИ НА СИЛА Украина ја намали и возраста за одење во војска

Sase Ivanovski

„СЕ ПРОБИВАА ТОЛКУ БРЗО, НЕМАШЕ КОЈ ДА ГИ СПРЕЧИ“ Русите ја преминаа северната граница на Харков

Sase Ivanovski

4 километри пепел на небото и виолетови молњи – еруптираше вулкан во Индонезија

Sase Ivanovski

Нетанјаху го обвини Ганц дека „му дал ултиматум на премиерот, наместо на Хамас”

Sase Ivanovski

Вучиќ најави дека утре ќе отпатува во Њујорк за да се спротивстави на усвојувањето на резолуцијата за Сребреница

Sase Ivanovski

Ахмети: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ прават се за да добијат двајца пратеници од „Европскиот фронт“, тајните договори во подруми се неприфативи

Sase Ivanovski

Франција го обвини Азербејџан за поттикнување немири во Нова Каледонија

Sase Ivanovski

Андоновски: Министерството на Груби ќе се трансформира

Sase Ivanovski

ЦУК: Поплавени подруми и гаража, пожари на отворено

Sase Ivanovski

Таравари: Верувам дека претседател на парламентот ќе продолжи да биде Албанец

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) На излезот од Скопје каменуван автобусот „Чкембари“, повредени неколку лица

Sase Ivanovski

Протести во Израел – меѓу барањата и предвремени избори

Sase Ivanovski

Сина ајкула тешка 200 килограми уловена во Будва

Sase Ivanovski

Вкупно 23 бегалци се водат како исчезнати откако со чамец тргнале од Тунис за Италија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Невреме во Струга

Sase Ivanovski

Разлика меѓу паламудење и тртомудење

Sase Ivanovski

Силјановска ПОДАДЕ РАКА КОН БУГАРИЈА преку културна дипломатија

Sase Ivanovski

МВР со детали за нападот врз Кацарска. Напаѓачот е уапсен

Sase Ivanovski

(ФОТО) Најмалку четири возила оштетени во сообраќајна несреќа пред влезот на Клинички центар

Sase Ivanovski

Ахмети ја загуби контролата откако сфати дека ја загуби власта, порачаа од Вреди

Sase Ivanovski

Паркиран камион се придвижил и удрил во автомобил: тешко повреден возачот на камионот кој се обидел да го сопре возилото

Sase Ivanovski

Членот на израелскиот воен кабинет се закани со оставка ако Нетанјаху не го усвои неговиот нов воен план за Газа

Sase Ivanovski

Едно лице почина друго се бори за живот во несреќа во лифт во угостителски објект во Штип

Sase Ivanovski

Ветерот и сонцето произведоа рекордни 22 отсто од електричната енергија во ЕУ

Sase Ivanovski

Од девет убиени жени во Србија, седум се од Војводина

Sase Ivanovski

Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

Sase Ivanovski

Тешка сообраќајна несреќа пред влезот на Клиничкиот центар

Sase Ivanovski

Во Иран обесени седум луѓе осудени на смрт, меѓу кои и две жени

Sase Ivanovski

Лавров: Русија останува отворена за дијалог со Западот, но само под еднакви услови

Sase Ivanovski

Невработеноста голема, а бројката на отворени работни позиции расте, каде лежи проблемот?

Sase Ivanovski

Големо истражување откри што повеќе влијае на животниот век – гените или начинот на живот

Sase Ivanovski

Фуркан Салиу: Директорот на токсикологија упорно се обидува да дефокусира и ја тера дебатата во меѓуетнички контекст

Sase Ivanovski

Полска инвестира повеќе од 2 милијарди евра во зајакнувањето на својата источна граница

Sase Ivanovski

Опасната игра на ДУИ

Sase Ivanovski

(Видео) „Јас моето што го сакав, да го набркам силеџијата Шилегов, го направив“ – Со Перо Камиказа за политиката

Sase Ivanovski

Вработените во „Дрекселмаер“ засадија 1.200 садници во Жегљане

Sase Ivanovski

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со Крис Павловски, директор на Рамбл

Sase Ivanovski

Герасимовски: Булингот носи сериозни последици, само ако делуваме заедно може да го спречиме

Sase Ivanovski

„Јас одам Скопје – Атина, само не знам дал ќе минам граница“ – Стануваат ли повторно актуелни овие рефрени?

Sase Ivanovski

Куманово на врвот на листата по дивоградби – се легализираат куќи од 300 квадрати, се злоупотребува законот, се отвораат можности за корупција

Sase Ivanovski

Најголемата општина во државата – Куманово нема кино, младите бараат решавање на проблемот

Sase Ivanovski

Донесена првата неправосилна пресуда за мобинг во Кумановскиот суд

Sase Ivanovski

Ќе го урнат ли Мицкоски и Мицотакис Преспанскиот договор

Sase Ivanovski

Пронашле граната и ја однеле во полиција, ЦУК апелира да не се допираат неексплодираните средства

Sase Ivanovski

Владини функционери во Словачка ги обвинуваат медиумите и опозицијата за пукањето во премиерот Фицо

Sase Ivanovski

Д-р Димитров: ПАП тестот е историја, жените треба да прават ХПВ тест

Sase Ivanovski

Димитров: Грција и Северна Македонија постигнаа договор во Преспа, не се враќајте назад

Sase Ivanovski

Палевски во затворот во Шутка дошол со куфер, евра и лири

Sase Ivanovski

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Sase Ivanovski

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Sase Ivanovski

„СЕ ДОДЕКА ГРЦИЈА НЕ ГИ ПОТПИШЕ ПРОТОКОЛИТЕ НИЕ НЕМА ДА ГИ ПОЧИТУВАМЕ ОДРЕДБИТЕ КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ НА УПОТРЕБАТА НА ИМЕТО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“: Најчевска со предлог

Sase Ivanovski

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии

Sase Ivanovski

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

Sase Ivanovski

СООБРАЌАЈКА НА ТРИ АВТОМОБИЛИ КАЈ КИЧЕВО Повредени се тројца тинејџери и двајца возрасни

Sase Ivanovski

СЕ СУДРИЈА ТРАКТОР И КАМИОН ВО БИТОЛСКО НОВАЦИ Трактористот е тешко повреден

Sase Ivanovski

УТРЕ ЌЕ ИМА ПОСЕБЕН РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ НА ДВЕ ЛОКАЦИИ ВО СКОПЈЕ Се одржуваат две рекреативни трки

Sase Ivanovski

ПАДНАА ТУЖБИТЕ НА ЕВРОПСКИ ФРОНТ ПРЕД УПРАВЕН СУД Ќе се прегласува на 7 изборни места

Sase Ivanovski

ФОТО | Салфетката на која Меси го потпиша договорот со Барселона продадена за 888.000 евра

Sase Ivanovski

Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ донираше ламинат за детската градинка во Конче

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова освен со папата, во Рим на средба и со италијанскиот претседател Матарела

Sase Ivanovski

Претседателството на ДУИ попладнево ќе одржи состанок

Sase Ivanovski

Најмалку 50 загинати во поплавите во Авганистан

Sase Ivanovski

ВИДЕО| Бислимоски: Да ги одржуваме браните, да не ни се случи Либија

Sase Ivanovski

Поранешен српски репрезнтативец направил скандал во Белград: Беснеел во хотел и се заканувал на полицајци

Sase Ivanovski

САД со предупредување до американските граѓани, да бидат внимателни додека патуваат во странство

Sase Ivanovski

Сејдини ги отфрла тврдењата дека врши притисок врз судиите во Управен

Sase Ivanovski

Климатски активисти ги блокираа пистите на аеродромот во Минхен, објавено е одложување на летовите

Sase Ivanovski

Експертската јавност децицна – Нема правни механизми за распуштање на Советите

Sase Ivanovski

Кривична против градоначалник за незаконски исплати за време на избори

Sase Ivanovski

Кривична пријава против полицајката која беше фатена со мито од над 10 илјади евра

Sase Ivanovski

Зеленски го одби планот за примирје на Макрон:„Емануеле не веруваме во тоа“

Sase Ivanovski

Човекот кој го нападна сопругот на Ненси Пелоси со чекан е осуден на 30 години затвор

Sase Ivanovski

Изгласана новата хрватска Влада, 79 пратеници гласаа за

Sase Ivanovski

Полуматуранти во Подгорица при прослава со факли го запалиле покривот на училиштето

Sase Ivanovski
Вчитувам....