18.8 C
Скопје
18/05/2024 11:42
МАКТЕЛ

  

     

 

Камшикот, од блиску дојде

      

Изборните резултати се јасна и видлива демонстрација на осветничко настроено гласање на граѓаните. Но за разлика од убедувањата дека овој резултат е некаква справедлива освета за третманот на Груевски, попрво е дека „златната акција” на осветата е сервирана од некогашните анти-груевисти свртени со камшик кон раководствата на СДСМ и ДУИ кои така лесно, надмено, арогантно, потсмешливо ги фрлија под автобус сите оние кои со борба го рушеа Груевски и ги инсталираа „парфимираните салонаши” од Бихаќка. Желбата на Заев се исполни. Стигна камшикот. Но не од Европа. Туку од оние кои и тој, и Ковачевски, и Шеќеринска, и Маричиќ ги сметаа за безмалку малоумни суштества кои може да се контролираат и мамат со една единствена реченица: „е што, па да го вратиме Груевски?”. Таа банална уцена, таа одвратна симплификација и дрска манипулација едноставно провоцираше дрзок одговор. Кој на крај им беше испорачан како казна за една партија преполна со стратези и испразнета од играчи.

   

Колку и од ВМРО да сакаат да не убедат во спротивното, добар процент од гласачите на конто на Сиљановска не беа мотивирани од убеденоста во неа, колку што беа наострени истата да ја искористат како камшик на одмазда. Но тоа не ја намалува нејзината убедлива победа. Која однапред не беше спорна како исход, но беше шокантна како квантитет кој ги става под прашање изводливостите на било која од формулите за нејзин пораз во вториот круг. Иако е извесно, сепак е некоректно Сиљановска уште отсега да ја прогласиме за President elect. Подеднакво како што е упатно да ја препознаеме поетската правдина во нејзиниот избор. Онака како што Пендаровски беше избран според логиката „било кој освен Иванов”, така и победата на Сиљановска се должи на истата матрица „било кој друг, само не Стево”.

 

Идилата на победата

   

     

За разлика од јасниот финиш во македонскиот кампус, резултатот во албанскиот изборен дуел е далеку покомплициран. Евидентниот пораз на Таравари ќе беше далеку полесно сварлив за опозицијата доколку ВЛЕН уште од јануари не ја ширеше погубната мантра на свршен чин дека „готово е, ние сме победници”. Цената на таа умисленост и превисоко дигање на очекувањата сега доаѓа на наплата како студен туш на отрезнување. Па така, иако процентуалната разлика помеѓу Османи и Таравари не е толку голема и е подложна на пресврти на парламентарните избори, психолошкиот моментум премина на страна на ДУИ – и тоа по вина на раководството на ВЛЕН. Тој моментум дополнително добива на значење по синоќешната (свилена) порака на Мицкоски до ВЛЕН. Речиси како нарачана од ДУИ.

Сепак и во триумфот на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ има темни точки кои ја рушат идилата на победата. И двете партии бележат значаен пад на гласачкото тело во споредба со изминатите избори, особено оние од 2016 година. Оправдувањата дека тоа се должи на масовното иселување се веродостојни, но по цена на отварање на друго прашање, она за ниската излезност на гласачите. Сегашната и онака загрижувачка бројка од едвај 50 отсто излезност е дополнително алармантна доколку се стави во контекст на претходните излезности пред цунамито на иселувања. Половичната (не)излезност укажува дека веќе не станува збор за минлив тренд, туку за етаблирана култура со сопствена порака.

А таа порака е дека надвор од пропагандистички наметнатите наративи, Македонија има поделено гласачко тело, при што доминантниот дел (на неизлезност) не верува ниту во национализмот на Мицкоски, Ахмети, Сиљановска ниту во евро-интеграциските лимонади на Ковачевски, Пендаровски, Таравари. Состојбата е уште покомплицирана доколку прифатиме дека огромен дел од вчерашните гласачи се воглавно партиски војници и клиентелисти. Што уште повеќе ја засилува доминацијата на главнината на гласачкото тело кое бара нешто друго, нешто поинакво и нешто што ниту една од политичките партии и кандидати ниту го препознава, ниту умее да го дефинира, ниту знае како да го експлоатира.

Остра поделба 

Дали победата на Сиљановска е предвесник дека е извесно да се исполни желбата на ВМРО-ДПМНЕ за 61 пратеник? Бројките укажуваат дека тоа сценарио е реално, сега засилено и со предиспозицијата на „сончогледите” секогаш да бидат со победниците. Од друга страна, оваа рунда на гласање беше своевидна масивна анкета на популарноста, која може, но и не мора да се преслика врз парламентарните избори во кои односот е сепак поинаков отколку во претседателските. Но тоа е мала утеха за СДСМ, токму поради профилот на кандидатите кои не се разликуваат премногу од оној на Пендаровски. Поради што, водечката опозициска сила овој пат – и за прв пат – нема да биде СДСМ, туку албанските политички партии, според бројот на освоени мандати.

Оттаму, оние на кои не им се допаѓаше предупредувањето од 2016 година дека манипулацијата со етничкото во градење „едно општество за сите” врз темели од песок на крај ќе заврши со она што сега го сведочиме. А тоа е остра поделба помеѓу етничките партии во кое речиси веќе нема место за било кој спунт или тампон зона. ВМРО-ДПМНЕ ја заокружи кампањата на градење „македонско етничко единство”. Но по цена на зародиш на „албанското етничко единство” кое колку и да посакува да го амортизира преку сеење раздор помеѓу албанските партии, на крај ќе резултира со соочување со истата матрица која го донесе на власт – но сега од албанска страна. Една мобилизација предизвикува друга мобилизација. Мицкоски се изјасни дека посакува во неговиот шатор да го угости Таравари и ВЛЕН, но тоа е само увертира во уште поголемо јакнење на албанскиот фактор оставен надвор од шаторот и рапидно слабеење на „чесните Албанци” во скутот на ВМРО.

Формулата на ЕУ и САД

Доколку би требало да ги именуваме губитниците од овој изборен круг, тоа секако се Џејмс O’Брајен, Анџела Агелер, Дејвид Гир кои по сите предупредувања за „мачки во вреќа и половни коли” на крај добија порака дека политиката на наслонување врз сикофанти и здосадени репризни сценарија порано или подоцна завршува со болни порази. САД и ЕУ со години, море децении, не сакаат да ги слушаат предупредувањата за последиците на конфузните политики во кои веќе – токму поради нив – веќе не се знае што е проевропско, а што происточно. Сетики нема да ги слушнат ни сегашните предупредувања дека формулата за решавање на уставните предизвици преку аминување на стратегијата „меко кон Бугарите и тврдо кон Албанците” на крај повторно ќе реши помал проблем преку предизвикување на уште поголем и тешко решлив проблем.

Дотолку повеќе што токму „мудрите и визионерски” политики на САД и ЕУ ја уништија, пеплосаа и за децении ред елиминираа социјалната антикорупциска, антиолигархиска и антиелитистичка согласност и солидарност како единствената врзивна, надетничка спона која и доведе до рушење на Груевски. Слепото фаворизирање на Груевски во периодот 2006-2012 од САД и ЕУ, наследено со слепо фаворизирање на ДУИ во периодот 2016-2023, без никаква спремност да се слушнат, да се земат во предвид предупредувањата дека е погубно етничките прашања да се сведат на олигархиско-клановски профитерски интереси маскирани со етнопартиски предзнаци, на крај резултираа со рушење на базичните кохезиони врски кои општеството – или општествата – ги држеа барем на минимум линија на согласност. Флертот на САД и ЕУ со периодични експлоатации на де овој, де оној национализам, на крај финишира со цементирање на национализмот како константа и имиџ на САД и ЕУ како превртливи мешатари со домашните ни најниски пориви.

Како и да е, да почекаме како ќе се одвиваат нештата во следните две недели и на изборното парламентарно соочување. Во политиката сѐ е можно, но не поради политичарите, туку поради гласачите. Но среде сето пребројување на гласачите кои гласаа, мудро би било со едно око да се следат и со едно уво наслушуваат пораките на негласачите, како доминантно тело. Нивниот молк може да биде надежен, колку што може да биде злокобен, бидејќи токму тие се семето на поразот скриено во секој триумфализам на часот. Да повторам, Мицкоски со Силјановска ја прими пораката дека неговото посакувано национално единство е недостижно, подеднакво како што Ковачевски, Ахмети и Таравари треба да разберат дека баладите за ЕУ иритираат кога доаѓаат од корумпирани ноти. Затоа, кажано со традиционалната саркастичност на домашното сеирџиство, сумираната парола од вчерашните избори е „ви помина ли меракот?” Бидејќи, Македонија вчера гласаше „против”. Допрва, на 8 мај, ќе се гласа „за”. (dw)

Арсим Зеколи

    

Најново

ЈОВАНА МОЈСОСКА ОД ЛЕВИЦА СО ПОРАКА ЗА ТАРАВАРИ: Ако ги слуша барањата на ЕУ, ќе бара и укинување на Рамковниот балансер

Sase Ivanovski

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ…“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

Sase Ivanovski

„ВМРОИДИТЕ СИ КУПИЛЕ ЧЕТВОРИЦА ПРАТЕНИЦИ НА КВАНТАШКИ“: Се огласи Апасиев за тоа што ВМРО-ДПМНЕ обезбедија 61 пратеник

Sase Ivanovski

МЕГА ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ЛИДЛ МАКЕДОНИЈА: Се бараат работници за над 20 позиции, еве во кои сектори

Sase Ivanovski

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица – Панче Заев и Г’на дебитанти

Sase Ivanovski

Одобренијата за градба стопирани, законите заглавени во Собрание, коj сака да гради ќе мора да чека

Sase Ivanovski

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

Sase Ivanovski

ФИЦО Е САМО ПОЧЕТОК, ВО ОПАСНОСТ СЕ СИТЕ ШТО НЕ СЕ ВКЛОПУВААТ ВО АГЕНДАТА НА ЗАПАДОТ Руските политичари упатија предупредување

Sase Ivanovski

Мицкоски на средба со „Македонија 2025“: Следува забрзан економски развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните

Sase Ivanovski

ЛУДО ВИДЕО: СРБИН КУПУВА БИГ МЕК ОД МАКЕДОНЕЦ ВО ГЕРМАНСКИ МЕКДОНАЛДС

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) „ПАГАНИНИ НА ГИТАРАТА“ ЈА ВООДУШЕВИ БЕЛГРАДСКАТА ПУБЛИКА Младиот Марцин го покажа својот раскошен талент

Sase Ivanovski

Средба на раководството на СВР Скопје со претставниците на мисијата на ОБСЕ

Sase Ivanovski

РЕДОВНИ ГИНЕКОЛОШКИ ПРЕГЛЕДИ ЗА ПОКВАЛИТЕТЕН ЖИВОТ Превентивните прегледи се важни и од финансиски аспект

Sase Ivanovski

РАБОТЕЊЕТО ОД ДОМА Е ПОДОБРО ЗА ЗДРАВЈЕТО Германска студија ги покажала предностите на онлајн работата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПОТРЕСНА СЦЕНА ЈА ТРОГНА ХРВАТСКА Пожарникари спасија исплашено куче, сопственикот плачеше

Sase Ivanovski

ПОТРЕБЕН НИ Е 5% РАСТ, ТОГАШ МОЖЕБИ БИ СЕ ВРАТИЛА И ДИЈАСПОРАТА Комората и Македонија2025 договориле конкретна соработка

Sase Ivanovski

ДИРЕКТОРУВАЛЕ СО ЛАЖНИ ДОКУМЕНТИ Поднесени две обвиненија за директори на училишта во струшко

Sase Ivanovski

НОВИ 44 СЛУЧАИ НА ГОЛЕМА КАШЛИЦА Вкупната бројка на заболени достигна 597

Sase Ivanovski

ЌЕ ГО ПОДДРЖИМЕ МИЦКОСКИ АКО СЕ ПОДОБРУВА ДОГОВОРОТ ЗА АВТОПАТОТ, ВЕЛИ АЗЕСКИ „Бехтел и Енка“ се зачлениле во Стопанската комора

Sase Ivanovski

ГО ФАТИЛ ДЕТЕТО ЗА УВО И ГО ТЕГНЕЛ, А СОПРУГАТА ЈА ДРЖЕЛА НАСТАВНИЧКАТА Детали за инцидентот во битолското училиште

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПАДНА КОМАНДНИОТ ЦЕНТАР НА УКРАИНА КАЈ ХАРКОВ? „Не планираме да го освоиме градот“

Sase Ivanovski

ТОМИСЛАВ НИКОЛИЌ ИМАЛ СООБРАЌАЈКА Поранешниот претседател на Србија не е повреден

Sase Ivanovski

Отворен првиот „Саем на средни училишта на Град Скопје “ на плоштад Македонија

Sase Ivanovski

Пентагон: Проектот за пристаништето Газа е завршен, помошта наскоро ќе дојде

Sase Ivanovski

Сообраќајка кај „Џамбо“: Автомобил се заби во бандера

Sase Ivanovski

Фанта-финта со Преспанскиот

Sase Ivanovski

Уште две обвиненија за Рамиз Мерко за незаконско назначување директори на училишта

Sase Ivanovski

Заслужен пораз и незаслужена победа

Sase Ivanovski

Ахмети е доволно возрасен за да ја води конститутивната седница која е планирана за 27 мај

Sase Ivanovski

Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

Sase Ivanovski

Словачките политичари повикуваат на смиреност на политичките тензии во државата: Да се намали и со кампањата за изборите за Европскиот парламент

Sase Ivanovski

(ФОТО) Османи со бројни билатерални средби во Стразбур

Sase Ivanovski

Калинак: Состојбата на Фицо по новата операција е стабилна, но многу тешка

Sase Ivanovski

Aнализа: Дали Нетанјаху има план за „ден по“ војната во Газа?

Sase Ivanovski

Словачка на работ од граѓанска војна: политичарите повикуваат на смиреност

Sase Ivanovski

Генерално чистење на дивите депонии во Битола

Sase Ivanovski

Орбан: Фицо е меѓу животот и смртта, се молиме за него

Sase Ivanovski

Водачот на Хутите: Ќе го гаѓаме секој брод што ќе се упати кон израелските пристаништа

Sase Ivanovski

Зеленски признава дека ситуацијата во североисточниот регион Харков е „исклучително тешка“

Sase Ivanovski

Управниот суд оформи седум предмети за поднесените тужби од „Европскиот фронт“, кои се против одлуката на ДИК

Sase Ivanovski

Нов критички одглас за романот на годината од Димковска – критички осврт на Мојсова-Чепишевска

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Силно невреме го зафати Хјустон: има загинати, а градот е во мрак

Sase Ivanovski

Здружението на судии апелира реформата на судството да биде аргументирана, а третата власт да биде вклучена

Sase Ivanovski

Путин вели дека Русија создава тампон зона крај Харков и не планира освојување на градот

Sase Ivanovski

Унгарија стави вето на резолуцијата на Советот на Европа за Украина

Sase Ivanovski

Бербок вели дека на Украина ѝ треба оружје со долг дострел за да го одбрани Харков

Sase Ivanovski

,,Вдоми” затоа што животот е поубав со куче

Sase Ivanovski

Макроекономските проекции претставени пред ММФ: Претпазливите политики на Народната банка клучни за одржувањето на макроекономската стабилност

Sase Ivanovski

Пукање во Стокхолм: Затворена израелската амбасада, има и приведени

Sase Ivanovski

Масовни напади на Крим, сателитски снимки откриваат уништени моќни авиони

Sase Ivanovski

Иако е на „црната листа“ на САД за корупција, Самсоненко продолжува да гради на плоштадот „Македонија“

Sase Ivanovski

Германија за Преспа: Важно е да нема сомнеж дека новата влада ги почитува обврзувачките договори

Sase Ivanovski

Црвеното злато“ руши ценовни рекорди: Македонија испушта над двесте милиони евра годишно, додека лежи на бакар

Sase Ivanovski

Реакција на членови на ДИК: Неприфатливо е мешањео на политички партии и поединци од техничката Влада во изборните процедури

Sase Ivanovski

Домашен притвор за родителот од Битола, кој во училница за време на настава натепа ученик и наставничка

Sase Ivanovski

Краткотрајно невреме следните денови, со пороен дожд, град и грмежи

Sase Ivanovski

Љупчо Палевски-Палчо бара да го застапува тим од адвокати, меѓу кои Менкиноски и Страшевски

Sase Ivanovski

Зајкова демантира дека се приклучува кон ВМРО ДПМНЕ: Тоа се нарачки од партиски ботови

Sase Ivanovski

„ВРЕДИ“: Паниката е разбирлива, но злоупотребата на функцијата и притисокот врз судот се неприфатливи!

Sase Ivanovski

Европски фронт: Дали „Вреди“ се согласиле со ВМРО за ревизија на Коридорот 8?

Sase Ivanovski

Пронашле граната и ја однеле во беровкста полиција, ЦУК со апел да не се допираат неексплодирани средства

Sase Ivanovski

Автомобил излета од патот Штип – Скопје, двајца повредени

Sase Ivanovski

Приведена девојка од Кочани, нападнала и ограбила 69-годишна штипјанка

Sase Ivanovski

Мицотакис: Без почитување на Договорот од Преспа, патот кон Европа ќе остане затворен

Sase Ivanovski

Внимание: Секој адекватен простор да се искористи за поставување фотоволтаични панели

Sase Ivanovski

Данска испраќа нов пакет воена помош за Украина во вредност од 750 милиони евра

Sase Ivanovski

Египетскиот претседател Ал Сиси го обвини Израел дека избегнува постигнување прекин на огнот

Sase Ivanovski

По атентатот на Фицо, закана стигнала и до полскиот премиер – Доналд Туск

Sase Ivanovski

Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови

Sase Ivanovski

Зеленски: На Украина и се потребни системи „Патриот“ за заштитата на Харков

Sase Ivanovski

Зајкова демантира дека се приклучува кон ВМРО ДПМНЕ: Тоа се нарачки од партиски ботови

Sase Ivanovski

Тошковски: Високораководни структури во повеќе институции се во спрега со мафијата

Sase Ivanovski

Рама до Бугарија: Политиката на блокада е ужасна, одвратна и антиевропска!

Sase Ivanovski

Пад на германските инвестиции во земјава поради недостигот на стручни кадри

Sase Ivanovski

Британскиот воен аташе во Москва прогласен за персона нон грата

Sase Ivanovski

Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија

Sase Ivanovski

Натпревар во печење прасиња и ,,Електрични оргазам” во Куманово: Бесплатен влез за рок настанот!

Sase Ivanovski

БОМБА НА ТЕЛМА: Николовски прв полицаец, Тошковски на Правда, Муцунски Надворешни, Кочовска на чело на финансии ?

Sase Ivanovski

Средба на претседателката Гордана Сиљановска Давкова со Росана Дуџак, постојан координатор на Обединетите Нации

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЈАКИМОВСКИ ОТКРИ КАКО СЕ ВИКА ИМПОТЕНЦИЈА НА УНГАРСКИ

Sase Ivanovski
Вчитувам....