16.8 C
Скопје
19/05/2024 07:24
МАКТЕЛ

  

     

 

Ковачевски на промоцијата на монографија за Сојузот на борци: Афирмираме клучен дел од македонската историја и државност, по патот на борците од НОБ, ќе осигураме и европска Македонија

      

   

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, присуствуваше и се обрати на настан за промоција на Монографијата „Сојуз на борците од НОАВМ и граѓаните продолжувачи (1948-2023)“, што се одржа во Националната установа Музеј на македонската борба за самостојност.Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето на премиерот Ковачевски:

 

„Почитувани граѓани,Почитувани претставници од Сојузот на борци на Народноослободителната и антифашистичката војна на Македонија и граѓаните поддржувачи,Почитуван претседател на Сојузот на борци, Никола Стојановски, кого го поздравуваме сите одовде, кој од оправдани причини не е денес тука, со чии заложби стана можна реализацијата и на оваа Монографија што денеска ја промовираме,Почитувана потпретседателке на Сојузот на борци, Елена Јованова-Грујовска, директорка на Институт за македонски јазик,Потпретседател на Сојузот на борци, Наум Буревски,

   

     

Почитувани автори на монографијата „Сојуз на борците од НОАВМ и граѓаните продолжувачи (1948-2023)“ – проф. д-р Љубица Јанчева и проф. д-р Александар Литовски, кои создадовте капитално дело за сегашните и идните генерации, за најзначајниот период за македонската државност,

Директорке на Музејот на македонската борба за самостојност, Даниела Николова,Почитувани претставници од Владата, од институциите, од дипломатскиот кор,Почитувани медиуми и други присутни – на овој навистина значаен настанПоважно од тоа што се говори – е што се прави.И оваа констатација на нашите мудри повозрасни е секогаш пред нас, затоа што само со ваков пристап, зборовите стануваат дела и остануваат патоказ и за идните генерации.

Клучниот период за македонската државност и за воведувањето на македонскиот службен јазик во нашата денешна македонска држава е Народно-ослободителната борба.Сојузот на борци како организација е живо сведоштво за храброста, истрајноста, за одлучноста и вербата во чекорите по исправниот пат и за прогресивниот дух што води напред.

Овој пристап во реализацијата на стратешките цели е посебно важен денес, кога сме исправени пред современите предизвици на дијалошките маси, за заокружување на современите битки од независноста на државата до денес. Тоа е членство и во Европската Унија, по членството во НАТО. И затоа е важен, но и неопходен овој пристап, во мотивацијата, дека – кога сме одлучно поставени по вистинскиот пат, нема недостижна цел.

Оваа Влада, како што најавивме и ветивме, го овозможи заслуженото место на Сојузот на борци во нашето денешно општество. И прави и ќе направи сè што е потребно за афирмацијата на Народноослободителната борба, како суштински важен дел од македонската историја. Но и за нашата сегашност – и безбедна, стабилна и прогресивна иднина.

Во минатото, со години и децении на назад, прашањето на Сојузот на борците беше решавано на ад хок основа, кога ќе имаше потреба тие тогаш мораа да упатат барање до институциите и тоа да се одобрува, често пати и да не се одобри во минатото и затоа во текот на изминатите денови пратениците од нашата пратеничка група поднесоа амандман на буџетот кој што Владата го прифати и од 2024 година во буџетот ќе има ставка за Сојузот на борците и уште сега се одобрени 1.200.000 денари за активности кои што ги имаат Сојузот на борците и тоа до сега никогаш не било, а сега го овозможивме.

Сакам да упатам благодарност и до Сојузот на борците меѓутоа и до координаторот на пратеничката група на СДСМ во Парламентот, на министерката за труд и социјална политика, на заменик министерот за финансии кои што тоа го направија во текот на изминатите денови.

Монографијата е прво сеопфатно дело посветено на Сојузот на борците од Народноослободилената борба и антифашистичката војна во четиридеценискиот период од завршувањето на Втората светска војна и воспоставувањето на македонската државност. И се објавува во годината кога се одбележува 75-годишнина од формирањето на Сојузот на борците.

Владата го поддржа проектот преку програмата на Министерството за култура за 2023 година за музејска дејност, со финансиска поддршка од 450.000 денари (7.317 евра), на барање на Националната установа Музеј на македонската борба за самостојност.И во план е поддршка за следната година и на други дела посветени на значајни настани од НОБ.

Ги поздравувам заложбите на Музејот на македонската борба за самостојност, којшто денес ја исправа неправдата при неговото формирање – со тоа што богатата музејска граѓа посветена на значењето на Првата светска војна се проширува со музејска поставка за периодот од 1941 -1945 година од Втората светска војна. Тоа е приоритет и во следниот период.

Со поддршката за издавањето на Монографијата, овозможивме и прва соработка помеѓу музејска институција и Сојузот на борци.Борците од НОБ положија животи во борбата против фашизмот и ги поставија темелите на денешна слободна и самостојна, современа, меѓународно признаена, атлантска Република Северна Македонија, идна членка и во европското семејство на народи и држави.

Како што за вас во Втората светска војна немало пречка и сте истрајале во предизвикот да имаме самостојна и независна Република Македонија, така и мојата генерација ќе истрае и ќе имаме европска Македонија.И со почитта и благодарноста што ги покажуваме кон Сојузот на борците, како генерации на денешнината, покажуваме искрена почит и кон хероите и спомените од НОБ. Но, пред сè, дека сме го разбрале и прифатиле нивниот аманет, да стоиме секогаш на вистинската страна на историјата и да ја чуваме и сочуваме нашата Македонија.Сојузот на борци бил, е и ќе биде афирматор на прогресивната македонска идеја.

Владата дава целосна поддршка на Организацијата, со тоа што долгот што го имаше до 2016 година, од 5,5 милиони денари го покривме преку Министерството за труд и социјална политика. Овозможивме да имаат сопствени простории за работа. А ги поддржуваме и ќе ги поддржуваме и сите нивни значајни иницијативи.

Грижата за стандардот на повозрасните категории граѓани е подеднакво важна и затоа сакам и тука да потенцирам дека со новиот пакет антикризни мерки се опфатени 187 илјади пензионери, кои во наредните 5 месеци ќе добиваат државна финансиска поддршка. Пензионерите со пензија до 14.000 денари – по 3.000 денари месечно, од 14.000 до 16.000 денари – по 2.000 денари, а пензионерите со примања од 16.000 до 19.000 денари – по 1.500 денари месечно. Која што е дополнителна финансиска поддршка на веќе зголемените пензии согласно новата Методологија.

Со новата Методологија осигуравме постојан раст на пензиите и тоа веќе дава резултати. Просечната пензија денес изнесува 20.100 денари, што е за 6.400 денари повеќе во однос на 2016 година. А, минималната пензија е 13.150 денари, што е за 4.300 денари повеќе во однос на 2016 година.Да потсетам дека со измени на Законот за социјална заштита, воведовме и социјалната пензија, за лицата над 65 години, кои немаат никаков приход и не можат по друг основ да остварат пензија. И потврдувам и овде, дека, по примерот на Законот за минимална плата во државата, со закон ќе утврдиме и минимална пензија.

Ова е културен настан, но економскиот и општествениот напредок се меѓусебно условени и неделиви. И преку овој интегриран пристап кон напредокот, ќе продолжиме да работиме.Уште еднаш, честитки до авторите и до сите вклучени во изработката на Монографијата посветена на Сојузот на борци.Почитуваниот претседател на Главниот одбор на Сојузот на борците од НОАВМ и граѓаните продолжувачи, д-р Никола Стојановски, во воведното обраќање на Монографијата, прочитав, порачал:

„Верувајте во своите предци и запомнете дека ниту една борба нивна не е засекогаш завршена. Историјата се повторува, а секое време бара свои херои!“.И јас ветувам – нему, и на сите присутни овде и на сите македонски граѓани, дека овој аманет ќе го продолжиме.Република Северна Македонија има херои на новото време. И нема да направиме ни чекор назад! На напредокот на нашата родна земја работиме и по партизанскиот аманет, посакуваниот напредок – ќе го осигураме!“

    

Најново

Невработеноста голема, а бројката на отворени работни позиции расте, каде лежи проблемот?

Sase Ivanovski

Големо истражување откри што повеќе влијае на животниот век – гените или начинот на живот

Sase Ivanovski

Фуркан Салиу: Директорот на токсикологија упорно се обидува да дефокусира и ја тера дебатата во меѓуетнички контекст

Sase Ivanovski

Полска инвестира повеќе од 2 милијарди евра во зајакнувањето на својата источна граница

Sase Ivanovski

Опасната игра на ДУИ

Sase Ivanovski

(Видео) „Јас моето што го сакав, да го набркам силеџијата Шилегов, го направив“ – Со Перо Камиказа за политиката

Sase Ivanovski

Вработените во „Дрекселмаер“ засадија 1.200 садници во Жегљане

Sase Ivanovski

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со Крис Павловски, директор на Рамбл

Sase Ivanovski

Герасимовски: Булингот носи сериозни последици, само ако делуваме заедно може да го спречиме

Sase Ivanovski

„Јас одам Скопје – Атина, само не знам дал ќе минам граница“ – Стануваат ли повторно актуелни овие рефрени?

Sase Ivanovski

Куманово на врвот на листата по дивоградби – се легализираат куќи од 300 квадрати, се злоупотребува законот, се отвораат можности за корупција

Sase Ivanovski

Најголемата општина во државата – Куманово нема кино, младите бараат решавање на проблемот

Sase Ivanovski

Донесена првата неправосилна пресуда за мобинг во Кумановскиот суд

Sase Ivanovski

Ќе го урнат ли Мицкоски и Мицотакис Преспанскиот договор

Sase Ivanovski

Пронашле граната и ја однеле во полиција, ЦУК апелира да не се допираат неексплодираните средства

Sase Ivanovski

Владини функционери во Словачка ги обвинуваат медиумите и опозицијата за пукањето во премиерот Фицо

Sase Ivanovski

Д-р Димитров: ПАП тестот е историја, жените треба да прават ХПВ тест

Sase Ivanovski

Димитров: Грција и Северна Македонија постигнаа договор во Преспа, не се враќајте назад

Sase Ivanovski

Палевски во затворот во Шутка дошол со куфер, евра и лири

Sase Ivanovski

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Sase Ivanovski

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Sase Ivanovski

„СЕ ДОДЕКА ГРЦИЈА НЕ ГИ ПОТПИШЕ ПРОТОКОЛИТЕ НИЕ НЕМА ДА ГИ ПОЧИТУВАМЕ ОДРЕДБИТЕ КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ НА УПОТРЕБАТА НА ИМЕТО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“: Најчевска со предлог

Sase Ivanovski

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии

Sase Ivanovski

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

Sase Ivanovski

СООБРАЌАЈКА НА ТРИ АВТОМОБИЛИ КАЈ КИЧЕВО Повредени се тројца тинејџери и двајца возрасни

Sase Ivanovski

СЕ СУДРИЈА ТРАКТОР И КАМИОН ВО БИТОЛСКО НОВАЦИ Трактористот е тешко повреден

Sase Ivanovski

УТРЕ ЌЕ ИМА ПОСЕБЕН РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ НА ДВЕ ЛОКАЦИИ ВО СКОПЈЕ Се одржуваат две рекреативни трки

Sase Ivanovski

ПАДНАА ТУЖБИТЕ НА ЕВРОПСКИ ФРОНТ ПРЕД УПРАВЕН СУД Ќе се прегласува на 7 изборни места

Sase Ivanovski

ФОТО | Салфетката на која Меси го потпиша договорот со Барселона продадена за 888.000 евра

Sase Ivanovski

Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ донираше ламинат за детската градинка во Конче

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова освен со папата, во Рим на средба и со италијанскиот претседател Матарела

Sase Ivanovski

Претседателството на ДУИ попладнево ќе одржи состанок

Sase Ivanovski

Најмалку 50 загинати во поплавите во Авганистан

Sase Ivanovski

ВИДЕО| Бислимоски: Да ги одржуваме браните, да не ни се случи Либија

Sase Ivanovski

Поранешен српски репрезнтативец направил скандал во Белград: Беснеел во хотел и се заканувал на полицајци

Sase Ivanovski

САД со предупредување до американските граѓани, да бидат внимателни додека патуваат во странство

Sase Ivanovski

Сејдини ги отфрла тврдењата дека врши притисок врз судиите во Управен

Sase Ivanovski

Климатски активисти ги блокираа пистите на аеродромот во Минхен, објавено е одложување на летовите

Sase Ivanovski

Експертската јавност децицна – Нема правни механизми за распуштање на Советите

Sase Ivanovski

Кривична против градоначалник за незаконски исплати за време на избори

Sase Ivanovski

Кривична пријава против полицајката која беше фатена со мито од над 10 илјади евра

Sase Ivanovski

Зеленски го одби планот за примирје на Макрон:„Емануеле не веруваме во тоа“

Sase Ivanovski

Човекот кој го нападна сопругот на Ненси Пелоси со чекан е осуден на 30 години затвор

Sase Ivanovski

Изгласана новата хрватска Влада, 79 пратеници гласаа за

Sase Ivanovski

Полуматуранти во Подгорица при прослава со факли го запалиле покривот на училиштето

Sase Ivanovski

Деветмесечно бебе почина во Општата болница во Охрид

Sase Ivanovski

Герила акција кај фонтана во парк: Поставена макета – конструкција на јавен тоалет

Sase Ivanovski

Град Скопје: Фирма без дозвола поставува панорамско тркало во Карпош, институциите да постапат во најкус период

Sase Ivanovski

Божинов и Момировски првите луѓе во кабинетот на Силјановска Давкова

Sase Ivanovski

Евакуирани околу 10.000 луѓе од украинската област Харков

Sase Ivanovski

Напаѓачот на Фицо призна вина

Sase Ivanovski

(Видео) Ордановски- Во врвот на ВМРО ДПМНЕ се шокирани од однесувањето на Мицковски и Силјановска околу Преспа договорот

Sase Ivanovski

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Sase Ivanovski

(Видео) Села: Прво уставни измени, па формирање Влада – како гаранција дека продолжуваме на тој пат

Sase Ivanovski

Променливо облачно и топло време, попладне нестабилно со дожд и грмежи

Sase Ivanovski

Азески за милијардата: Господ да е на помош на сите што ќе овозможат да се донесат нови пари

Sase Ivanovski

Мисовски и Зајкова демантираат дека ќе преминат во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Реакции на Зеленски и Путин за предлогот за прекин на огнот за време на одржувањето на Олимпијадата во Париз

Sase Ivanovski

„Њујорк тајмс“: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска во Украина за обука на украинските сили

Sase Ivanovski

Управен ја одби тужбата на Европски фронт на решението на ДИК за избирачко место во Крушево

Sase Ivanovski

Европски фронт: Скандалозен јавен политички притисок врз Управниот суд од страна на поразените

Sase Ivanovski

Нетанјаху: Ќе ги донесеме сите заложници дома, живи или мртви

Sase Ivanovski

Судир на два воза во Белград

Sase Ivanovski

Членовите на ДИК се жалат на притисоци, стравуваат за својата сигурност

Sase Ivanovski

(Видео) Мециновиќ: Левица е создадена за да биде власт, ќе го замениме СДСМ во левиот блок

Sase Ivanovski

Денеска е меѓународен ден против хомофобија, бифобија и трансфобија

Sase Ivanovski

Продолжуваат средбите на работните групи помеѓу ВМРО-ДПМНЕ – ВРЕДИ

Sase Ivanovski

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

Sase Ivanovski

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

Sase Ivanovski

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА – таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

Sase Ivanovski

Стара измама – нова жртва, прилепчанка останала без 6.000 евра

Sase Ivanovski

Работите не изгледаат добро – грчки аналитичари за новиот спор за името

Sase Ivanovski

„ЗА МАКЕДОНИЈА НАЈДОБРО Е ДА ГО ПРЕЗЕМЕ ГЕРМАНСКИОТ СЛУЧАЈ“

Sase Ivanovski

Претрес во Струмица, приведен дилер

Sase Ivanovski

„Простор за разговор“ за јакнење на родовата еднаквост, на културната сцена во шест градови

Sase Ivanovski

Соопштение за јавност: ГРАД СКОПЈЕ ПРОДОЛЖУВА СО РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВОДОВОДНА МРЕЖА ВО СТОПАНСКИ ДВОР

Sase Ivanovski

Отстранети знамињата на ЕУ и НАТО од Кабинетот на претседателот? Eве што велат од таму

Sase Ivanovski

Мицотакис: Новата Влада да го користи само името Северна Македонија во и вон земјата, во спротивно ќе има проблеми во односите и со Грција и со Европа

Sase Ivanovski

Во среда ќе има прегласување на седум изборни места, ДИК ги разреши претседателите и изборните членови

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ОРДАНОВСКИ: НЕ ОЧЕКУВАВ ТОЛКУ ЖЕСТОК СТАРТ НА СИЉАНОВСКА И МИЦКОВСКИ, ЗА САМО 2 ДЕНА НАПРАВИЈА БУРА

Sase Ivanovski
Вчитувам....