24.8 C
Скопје
21/05/2024 19:41
МАКТЕЛ

  

     

 

Која е тајната на успешната македонска винска приказна?

      

Традицијата на производство на квалитетно вино е добро позната во овие краишта низ историјата за што сведочат големиот број на археолошки локалитети и предмети изложени низ голем број на вински музеи низ државата.Сместена во централниот дел на Балканскиот Полуостров, со 260-290 сончеви денови, Македонија спаѓа во винската зона, која го опфаќа поголемиот дел од Медитеранска Европа, вклучувајќи некои од најпознатите вински дестинации на стариот континент, како што се Провенс, Корзика и регионот Писпул де Пин (Франција), Болгери и Сицилија (Италија) и Санторини (Грција), a денес е обезбедено и целосно турустичко искуство во Македонија – сместување во удобните локални престојувалишта, разгледување на природно богатата околина и дегустација нанајквалитетното македонско вино”.

   

Според истражувањата на „World`s Тop Exsports“, нашата земја, како производител и извозник на вино, се наоѓа меѓу 15-те земји во светот за 2022 година, поточно на 13-тото место. Забележан е раст од 4,3 отсто и извоз од 60,365 милиони долари за 2022 година, со што македонската винска индустрија се најде во друштво на Франција, Италија, Шпанија, Нов Зеланд, Чиле, Португалија, Аргентина, Австралија, Јужна Африка, Грузија, Молдавија, Унгарија, кои заедно сочинуваат 92,4 отсто од вкупниот светски извоз на вино во 2022 година.

 

Регистрирани 247 винарски визби
Регистарот на лозови насади, воспоставен на целата територија на државата во 2010 година дава податоци за површините под лозје (приближно 23 илјади хектари) во кој се содржани и податоци за сортите, старосната структура, начинот на наводнување.Вкупните капацитети за производство на вино се 1.72 милиони хектолитри, што е за два пати повеќе од вкупното производство на вино. Додека пак капацитетите за производство на вино во шишиња се само 650 илјади хектолитри.Од вкупно 247 винарски визби, регистрирани до денес, 165 се физички лица односно семејни винарии и 82 правни лица, од кои 42 се со капацитет за преработка и чување со над 50.000 литри вино и во иднина треба да бидат двигатели на извозот на вино.

   

     

Малите семејни винарии кои пред се насочени кон винскиот туризам и руралниот развој, како такви, треба да бидат предмет на континуирана поддршка на програмата за рурален развој и останатите програми за поддршка, со цел нивна поголема промоцијата и маркетинг за да имаат финализација на флашираното вино.
Од повеќегодишната анализа на извезените количини вино, се забележува позитивен тренд на извезено флаширано вино во однос на наливното. Од апсолутна доминација на наливното вино, пред 18 години (во 2005: 92% извезено наливно ниво), процентот на флаширано вино во 2022 година веќе достигнува 31% од вкупно извезените количини на вино од земјава.

Бројот на нови земји на листата увозници е зголемен на преку 25, а допрено е и до надворешни пазари кои порано не биле стандардни дестинации за нашето вино. Меѓутоа, извозната и следствено малопродажната цена на нашето вино е несразмерно ниска во однос на останатите вина кои се нудат на странските пазари. Оваа разлика покажува дека постои голем простор за напредок во повисоките сегменти на пазарот на вино во шише.

Визијата за развој на секторот е јасно отсликана со подготовката на новиот Закон за вино чие донесување ќе следи во 2023 година, а каде најголемите измени се однесуваат во делот на Географските ознаки и нивна заштита кои целосно се усогласени со Регулативата 1308/2013 од Европска Унија.
Нацрт стратегијата за развој на лозарството и винарството во наредните 10 години
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во јуни ја презентираше нацрт десетгодишната стратегија за развој на лозарството и винарството.

-Подготвувањето на стратегијата е законска обврска на министерството уште од 2010 година, но денес сме сведоци на едно темелно и сопфатно вложување од страна на сите чинители во подготовката на стратегијата, за да имаме документ кој ќе носи развој и нови успеси во овој сектор, рече тогаш министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.Активностите за изготвување на овој стратешки документ започнаа уште во 2019 година преку изготвување на екпертско истражување за состојбите со лозарството и винарството.

Потоа активностите продолжија со формирање на работна група составена од претставници на сите засегнати страни, за преку своето искуство да дадат придонес при подготовката на овој значаен документ. Оваа работна група преку повеќе работилници, дополнителни истражувања и анализи го изготви овој документ кој денес е на јавна расправа.Главната стратешка цел на оваа десетгодишна стартегија е зајакнување на конкуретноста на македонската винска индустрија во делот на лозарството и винарството, со цел искористување на целосниот потенцијал на индустријата. За да стане препознатлив вински бренд на регионалните и интернационалните пазари, преку фокусирање на локални сорти и поднебјата за истакнување на нивните најдобри карактеристики.

За реализација на оваа поставена стратешка цел утврдени се и следните приоритетни стратешки цели: интеграција на сите чинители од секторот, модернизација, поголема промоција и зголемување на препознатливоста на македонското вино на надворешните пазари за зголемување на извозот на различен пазар, развој на винскиот туризам, како и мерки за заштита од климатски промени и обезбедување на одржливост и зачувување на биодиверзититетот кај лозовите насади.

Анализата на институционалната и правната рамка содржана во оваа нацрт стратегија, покажува позитивен правец кон добра интеграција на секторот. Споредено со почетната ситуација, кога примарното производство на суровината – винско грозје, беше строго одделено од производството и пласманот на виното, кои беа под ингеренции на Министертсвото за економија во минатото. Сега, целиот процес е под ингеренција на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, односно Секторот за винарство лозарство и овоштарство.

Согласно предвидувањата во овој стратешки документ, до крајот на десет годишниот период за реализација на оваа стратегија се предвидени следните резултати:
-Зголемување кај извозот на вино во шишиња во литри за 50%
-Зголемување на вредноста на извозот на вино во шишиња над 50% во евра
-Зголемување на вредноста на наливното вино за 10% во евра

-Најмалку три заштитени географски ознаки
-Минимум 10% од виното пуштено во промет да носи географска ознака до крајот на 2033
-Обновување (реструктурирање) на лозовите насади за 30%
-5% зголемување на површината под лозови насади

-4% од лозовите насади да произведуваат органско сертифицирано винско грозје
-40% лозови насади на целата територија на земјата да бидат одржувани со примена на добра земјоделска пракса, во насока за зачувување на животната средина и биодиверзитетот

-Селектирани клонови за Кратошија, Вранец и Станушина
-Јавно достапен и функционален дигитализиран лозарски катастар под МЗШВ
-Зголемен број на посети во винарските визби за 15% до крајот на 2033

Сите овие резултати треба да се постигнат преку имплементација на цел сет мерки, кои се содржани во стратергијата, а кои во периодот што следи по донесувањето на оваа стратергија треба детално да се разработат во соодветен акциски план со прецизни рокови за реализација.
Винариите се лидери во користењето на ИПАРД фондовите
Николовски вчер го најави објавувањето на првиот ИПАРД 3 повик, вреден над 30 милиони евра, кој, како што рече, е со најголем буџет досега.

-Лидери сме во регионот по инвестиции од ИПАРД програмата меѓу кои има и инвестиции во винската индустрија. Први во регионот почнуваме со ИПАРД 3 програмата и буџет кој е зголемен за 62 отсто. На располагање имаме вкупно 120 милиони евра, рече Николовски по посетата на винаријата Камник.Тој ги повика винариите да аплицираат за нови средства со кои, напомена, ќе го зголемат и модернизираат производството.Земјава оваа година, заклучно со 30 јуни, извезла вкупно 462.725 хектолитри вино, и наливно и флаширано вино, во вредност од 39.119 милиони евра.

-МЗШВ досега, за седум години, од 2016 – 2022-ра исплатило 89 милиони евра вкупно во секторот и тоа, 71 милион за одржување лозови насади (субвенции), 10,5 милиони за поддршка во време на КОВИД, три милиони за извезено преку интервентната програма за поддршка на винарски визби, еден милион за саеми, 590 000 евра за мали семејни винарии, еден милион за поддршка на винарски визби преку ковид закон за транспортни трошоци, како и два милиона евра за визбите „Повардарие“ и „Стефани“. Вкупно се исплатени скоро 90 милиони евра, а само во 2022 година има прилив во овој сектор од извезено вино во вредност од 57.636 милиони евра, рече Николовски.

Северна Македонија е синоним за вкусно грозје, реномирани винарии и врвни македонски вина, кои се најдобрите македонски амбасадори во Европа и светот. Имаме плодна земја која мајсторите на својот занает знаат да ја искористат. Лидери сме во искористеноста на ИПАРД Програмата, финансиска поддршка која ЕУ ја дава за македонските земјоделци и која ќе продолжи и во периодот 2021-2027 година, преку ИПАРД III, чиј буџет изнесува 97 милиони евра.

Успехот на „Винска визија“ и Отворен Балкан
Винската визија Отворен Балкан е еден од првите заеднички чекори во конкретизирање на идеите и стратегијата на „Отворен Балкан“. Оваа манифестација е резултат на заедничката работа е идеална можност не само да се позиционираат балканските вински рути на светската мапа на вински тури, туку и нашат земја подобро и полесно да се утврди на светската мапа на атрактивни туристички дестинации.Саемот, минатата година во септември го отворија српскиот претседател Александар Вучиќ, и македонскиот и албанскиот премиер Димитар Ковачевски и Еди Рама.

На „Винска визија Отворен Балкан“ на Белградскиот саем учествува речиси 400 излагачи и производители на вино од повеќе од 22 земји, од кои 160 излагачи од Србија, 26 од Албанија, додека 47 излагачи беа од Северна Македонија. Покрај земјите-членки на Отворениот Балкан, изложувачи имаше и од Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Франција, Чиле, Аргентина, Италија, Романија, Молдавија, Јужна Африка и други земји. И храната беше во фокусот, како вид традиција, со пет мастер шефови од Северна Македонија, од Србија и од Албанија. На манифестацијата имаше купувачи од ЕУ, САД, Кина и други земји од Истокот. Вкупно 300 метри квадратни, беа резервирани за туризмот, каде беше присутна и македонската Агенција за промоција на туризмот.

Северна Македонија под слоганот „Вкуси го животот” на Саемот учествуваше со 42 винарии и три дестилерии кои промовира преку 300 различни вина и ракии, како и производители на храна кои ја претставува автентичната македонска кујна.Српската премиерка Ана Брнабиќ, вчера додели награди Винскиот трофеј Отворен Балкан за најдобра автохтона сорта на Тиквеш за виното Барово-црвено 2019 и Винскиот трофеј Отворен Балкан за сортата „оранж“ на Камник за виното Оранж-2019. Вината ги оценуваше жири составено од 25 меѓународни судии, од кои пет беа „мастери на виното“.

На Самитот беа попишани договори за механизмите за обезбедување на храна во Западен Балкан помеѓу министрите за земјоделство на трите држави, Љупчо Николовски, Фрида Крифца, Бранислав Недимовиќ.„Винската визија“ на Отворен Балкан оваа година во јуни се одржа во Скопје во организација на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во соработка со ресорните министерства на Србија и Албанија.

„Она што е резултат на Отворен Балкан сега веќе се гледа и низ бројки. Размената и трговијата помеѓу трите држави е зголемена за 25 проценти. Размената со Србија надмина 1.1 милијарда евра што е најголемо ниво во последните 17 години. Само минатата година размената со Албанија е зголемена за 40 проценти, со Србија е зголемена за 50 проценти. Воведовме зелени ленти за транспортерите за нашите три држави да не чекаат на границите. Воведуваме системи за електронска идентификација со која што работниците ќе можат слободно да се движат помеѓу нашите три држави. И практично ги спроведуваме трите слободи на ЕУ, тука кај нас, на Балканот така како што доликува. На нашите граѓани на трите држави не им требаат граници како што не им требаат граници на земјите од ЕУ, и затоа јас секогаш ќе бидам посветен на зголемувањето на соработката, на зголемувањето на комуникацијата, трговијата, зголемувањето на инвестициите во сите три држави бидејќи тоа е тоа што нашите граѓани го заслужуваат“, рече Ковачевски.

Горан Јаковлевски, претседател на „Тиквешки семејни винарии“ нагласи дека кога минатата година добивле покана за учество на „Винска визија на Отворен Балкан“, тие како здружение на мали семејни винарии без размислување ја прифативле бидејќи тоа, како што рече, е одлична можност да ги претстават нивните вина, да споделат искуства, да разменат идеи, да остварат контакти со колеги од регионот, но и да ги понудат нашите туристички можности.

Земјите од Отворен Балкан заеднички настапија на меѓународниот Саем на вино во Верона
Ковачевски, придружуван од министерот Николовски, заедно со претседателот на Србија, Вучиќ и премиерот на Албанија, Рама, во април присуствуваа на овогодинешниот 55-ти меѓународен Саем на вино „Винитали“, кој се одржува од 2 до 5 април 2023 година во Верона, Италија.

Лидерите, на саемот, беа пречекани и остварија средба со потпретседателот на Советот на министри и министер за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија, Антонио Тајани и претседателот на италијанскиот регион Венето, Лука Заја, со кои заедно беа во обиколка на саемот, пришто ги посетија халите и штандовите на регионите Венето и Лацио, како и заедничкиот штанд на земјите од Отворен Балкан.

На заедничкиот штанд „Wine vision by Open Balkan“ на саемот „Винитали“, беа презентирани најквалитетните вина од Северна Македонија, Србија и Албанија, а на саемот беа присутни и сомелиерите од овие земји. Се потенцираше дека Северна Македонија, Србија и Албанија имаат огромни потенцијали посебно во рамките на иницијативата Отворен Балкан, со кои можат да се истакнат и да го најдат своето место на светските пазари, за што можат да сметаат на поддршката од Италија во нивните напори за промоција надвор од регионот.

Република Северна Македонија на овогодинешниот Саем на вино во Верона учествуваше со над 60 видови од нашето најквалитетно македонско вино и присуство на 14 македонски винарии, како и тројца врвни сомелиери.Саемот претставува собир на домашните и меѓународните производители на вино од целиот свет кои сакаат да се претстават на една од најпрестижните светски саемски манифестации посветени на виното и негувањето на винската култура.

    

Најново

Нека ви се среќни раните „јунаци“

Sase Ivanovski

Избрана делегација: Почнува истрагата за падот на хеликоптерот на иранскиот претседател

Sase Ivanovski

Трка на херои во сите бои: Зегин спектратон ќе се одржи на 9 јуни во паркот „Аеродром“

Sase Ivanovski

Мидлтон ја нема два месеци, а „љубовницата“ на Вилијам е се почесто покрај Камила, а го „турка“ и својот син

Sase Ivanovski

Турција прогласи ден на национална жалост по смртта на иранскиот претседател

Sase Ivanovski

Катимерини: Атина го чека следниот потег на Скопје

Sase Ivanovski

Двојно зголемување на бројот на претставки до КСЗД – сексуалната ориентација и етничката припадност меѓу најчестите основи за пријава

Sase Ivanovski

Костадин Костадинов Денот на македонските пожарникари

Sase Ivanovski

ЕМИНЕМ ЈА ОЖЕНИ ЌЕРКАТА ЗА КОЈА НАПИША МНОГУ ПЕСНИ

Sase Ivanovski

Како настана Бољи живот, најгледаната ТВ серија на Балканот во историјата

Sase Ivanovski

ТРИФУН КОСТОВСКИ: Добивме нов претседател, поточно претседателка и очекуваме нова влада, која што во најкус период треба да го преземе водството во нашата Македонија и да ни даде нова насока кон постабилна иднина

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Афричката Северна Кореја се вика Еритреја

Sase Ivanovski

Бајден: Барањето за апсење на Нетанјаху е изедначување на Израел и Хамас

Sase Ivanovski

Јаулески: Не би влегувал во теории на заговор дека некој некому би сакал нешто да му земе

Sase Ivanovski

Меџити: Помеѓу Груевски и Заев повторно би го бирал Заев

Sase Ivanovski

УКРАНСКИТЕ ДРОНОВИ ЈА УНИШТИЈА РУСКАТА ФЛОТА ВО ЦРНО МОРЕ, НАЈНОВА ЖРТВА Е НОСАЧОТ НА КРСТОСУВАЧКИ РАКЕТИ ЦИКЛОН

Sase Ivanovski

На Албанците дајте им леб, за “игрите” сами ќе се снајдат!?

Sase Ivanovski

Ерусалим: Илјадници демонстранти протестираат против Владата на Бенјамин Нетанјаху пред Кнесетот

Sase Ivanovski

Маж се фрлил во Вардар од Мостот на цивилизацијата кај Камениот мост во центарот на Скопје

Sase Ivanovski

ДРАМА ВО ПРИЛЕПСКО: Му ја искршиле кафеаната, му го украле возилото и го запалиле

Sase Ivanovski

Судењето против Трамп се ближи кон завршница, со уште еден ден сведочење на Коен

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) 75 ГОДИШЕН БРИТАНЕЦ ЗАГИНА А 30 ПАТНИЦИ СЕ ПОВРЕДЕНИ ВО АВИОН НА СИНГАПУР ЕРЛАЈНС ПОРАДИ ТУРБУЛЕНЦИИ ЗА ВРЕМЕ НА ЛЕТОТ

Sase Ivanovski

Мицотакис ја актуелизираше трговската ознака „Macedonia the Great“ како „моќно средство на економската дипломатија“

Sase Ivanovski

Керим: Пораката на Сиљановска Давкова беше за мнозинството граѓани што гласаа за неа, а не да се испровоцира Грција

Sase Ivanovski

ОЈО ГОКК бара мерки на претпазливост за Иџет Мемети, меѓу кои и одземање на пасошот

Sase Ivanovski

Мајк Зафировски за Преспа: Дали е мудро повторно да се отвора прашањето со Грција?

Sase Ivanovski

Сообраќаен хаос во Клиничкиот центар во Скопје

Sase Ivanovski

Иљази: Беќаровски е доктор од времето на „Друже Тито“, неговото време помина

Sase Ivanovski

Џенет Јелен ќе ги повика САД и Европа да дејствуваат заедно за користењето на замрзнатите руски средства

Sase Ivanovski

ЗНМ: Осуда за обидот за цензура од страна на директорката на Токсикологија

Sase Ivanovski

Уапсениот судија има имунитет, Судскиот совет ќе одлучи дали ќе му го одземе

Sase Ivanovski

Судијата Наке Георгиев не бил уапсен во Врховен, но претрес е направен и во неговата канцеларија

Sase Ivanovski

Економската директорка на Токсикологија им забрани на вработените да даваат изјави за медиумите

Sase Ivanovski

Полициска акција на северот на Косово, затворени шест филијали на Поштенската штедилница на Србија

Sase Ivanovski

Мелони пречека осуден убиец со раширени раце

Sase Ivanovski

Технички дефект е причината за падот на хеликоптерот со иранскиот претседател

Sase Ivanovski

30 дена притвор за врховниот судија Наќе Георгиев

Sase Ivanovski

Меџити: Кој губи има право да се лути

Sase Ivanovski

Керим: Не може Грција да не го применува „преспанскиот“, а да го бара тоа од Македонија

Sase Ivanovski

Врховниот судија Наке Георгиев спроведен во Кривичен, ќе се одлучува за неговиот притвор

Sase Ivanovski

Седуммина повредени во синоќешната сообраќајка на „Водњанска“

Sase Ivanovski

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Љупчо Палевски – Палчо негира дека ги убил Вања и Панче

Sase Ivanovski

Кој заработи 2 милиони евра од продажба акции во „Македонијатурист“?

Sase Ivanovski

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА – нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

Sase Ivanovski

Иновативниот дигитален потсетник Hint by Teva ја трансформира наплатата на фактури кај голем број компании во Македонија

Sase Ivanovski

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ЗЛАТОТО? Цената повторно на рекордно ниво

Sase Ivanovski

„НИТУ ПОРАЗОТ НА ИЗБОРИТЕ НЕ ГИ ЗАУЗДА ВО ТРОШЕЊЕТО“ Петрова од ВМРО-ДПМНЕ ја обвини владата во заминување за огромни расходи

Sase Ivanovski

ПОТРЕБНИ СЕ БРЗА ТРАКА КОН ЕУ И БРЗ ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ Мицкоски се сретна со амбасадорката на Германија

Sase Ivanovski

ИМАМОТ БИЛ ЖИВ ЕДЕН ЧАС ПО НЕСРЕЌАТА Се обидувал да го спаси Раиси

Sase Ivanovski

ПОБЕДА НА АСАНЖ ПРЕД ЛОНДОНСКИОТ СУД Основачот на Викиликс доби право на жалба против екстрадицијата во САД

Sase Ivanovski

НАПАДНАТА РУСКА НАФТЕНА РАФИНЕРИЈА Украина ги засилува нападите на руска територија

Sase Ivanovski

108 санкционирани возачи во Скопје

Sase Ivanovski

Кре­а­тив­на ра­бо­тил­ни­ца за сред­но­школ­ци: “За­поз­на­ва­ње со по­ет­ски­от уни­вер­зум на Ан­те По­пов­ски”

Sase Ivanovski

Сајкоски по земањето на уверенијата од ДИК: До 28 мај очекуваме да се формира собранието, а до средина на јуни нова влада

Sase Ivanovski

Герасимовски: Мотивиран кадар во градинките дава резултати

Sase Ivanovski

Амбер Алерт Европа стартува со кампања низ цела Европа со совети како да се постапи во случај на исчезнато дете

Sase Ivanovski

ОСНОВАЧОТ НА СЛАВНОТО ИРСКО ВИСКИ JAMESON ИМАЛ 16 ДЕЦА, 8 МАШКИ И 8 ЖЕНСКИ

Sase Ivanovski

ДАЛИ Е ФЕМИНИЗМОТ ЗА ДОБРОТО НА ЖЕНИТЕ?!

Sase Ivanovski

Вртелешките вртат на приватен имот пред СЦ „Борис Трајковски“, Градот и Општина Карпош не биле надлежни за дозвола

Sase Ivanovski

Надлежните со брза реакција, се демонтираат реквизитите во Луна паркот кај СЦ „Борис Трајковски“

Sase Ivanovski

„Радикално навивање“ вечерва во МКЦ

Sase Ivanovski

СО АМЕРИКАНЦИТЕ, САМО СРБИТЕ ИГРААТ КОШАРКА И ОДАТ ВО ВОЈНА: Женскиот тим до 16 години на САД го победи Ел Салвадор со 100 разлика!

Sase Ivanovski

Османи од Рим: Членство во ЕУ пред 2030-та и 6 милијарди евра за наредните години

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) АЛБЕРТ МУСЛИУ: УМРЕ ВРЕМЕТО КОГА МАКЕДОНЦИТЕ ОДЛУЧУВАА КОЈ ЌЕ ГИ ПРЕСТАВУВА АЛБАНЦИТЕ ВО ВЛАСТА

Sase Ivanovski

Лефков: Георгиев и Мемети, кадрите на СДС и ДУИ во правосудството се дел од правосуден октопод, кој наместо да гони криминал, се занимавале со криминал

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЛУДАЦИ: АМЕРИКАНЦИ УАПСЕНИ ОТКАКО СЕ ОРГАНИЗИРАЛЕ НА ФЕЈСБУК И СЕ ОБИДЕЛЕ ДА НАПРАВАТ ДРЖАВЕН УДАР ВО КОНГО?!

Sase Ivanovski

ЗА БАРАЊЕТО НА АФД: Германија би претрпела сериозна штета доколку ја напушти Европската унија, велат германски експерти

Sase Ivanovski

(Видео) Започна погребот на иранскиот претседател Раиси

Sase Ivanovski

Бајден: Барањето за апсење на Нетанјаху е изедначување на Израел и Хамас

Sase Ivanovski

Германскиот принц на судење за заговор против државата: Групата се обидела да изврши државен удар во Германија

Sase Ivanovski

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски е нов голман на Валенсија. Оваа вест ја потврди Фабрицио Романо, кој е експерт за трансфери на фудбалерите во Европа

Sase Ivanovski

Амал Клуни го советуваше Хаг да издаде налози за апсење за Нетанјаху и лидерот на Хамас

Sase Ivanovski

“Нити знам што правел Наќе нити сум бил кога му давале пари“ им се правдал Мемети на колегите од работа

Sase Ivanovski

Денеска и утре нестабилно со пороен дожд

Sase Ivanovski

Борел за барањето на МКС за апсење на Нетанјаху: Државите се обврзани да ги спроведуваат судските одлуки

Sase Ivanovski

Франција и Белгија го поддржаа барањето на обвинителот на МКС за апсење на лидерите на Израел и Хамас

Sase Ivanovski

„НЕМА ДА ДОЗВОЛИМЕ ГЛУВИТЕ ДА ОДЛУЧУВААТ ЗА УЧИЛИШТЕТО“, ВИКАЛА ПРОФЕСОРКА НА ГЛАС ЗА ГЛУВА КОЛЕШКА, ГИ ДИСКРИМИНИРАЛА И ДЕЦАТА ВО УЧИЛИШТЕТО ЗА ГЛУВИ НАРЕКУВАЈЌИ ГИ „ГЛУВТАРИ“

Sase Ivanovski

ДЕЛОВИ ОД СКОПЈЕ СЕ БЕЗ ВОДА ОТКАКО НА „ВОДОВОД“ МУ Е ИСКЛУЧЕНА СТРУЈАТА ОТИ НЕ ГИ ПЛАЌА СМЕТКИТЕ

Sase Ivanovski

Безживотно тело на маж извлечено од водите на Вардар кај Камениот мост

Sase Ivanovski
Вчитувам....