МАКТЕЛ

     

МАЛЕСКИ: Како дете бев сведок како Албански граничар по грешка се застрела сам себе во чамец – Доколку сакаме да и се придружиме на заедницата на демократски држави кои не војуваат меѓу себе, ние на Балканот мораме да ги разоружаме нашите умови

      

Книгата која ја држев во моите раце во библиотеката на Универзитетот во Принстон тој ден…, беше колекција на географски карти на Источна Европа низ вековите. Држејќи ги листовите со палецот ги пуштив да паѓаат еден по еден со голема брзина. Одеднаш, овие навидум фиксирани граници на држави и нации оживеаја, движејќи се напред и назад, ширејќи се и стеснувајќи се , исчезнивајќи и одново појавувајќи се, онака како што паѓаа листовите и со нив вековите. Со малку фантазија можев да ги замислам овие одливи и приливи на историјата во форма на освојувачки армии кои бришеле стари граници и воспоставувале нови. Можев да си замислам некои од нивните последици: судбини на тероризирани народи одделени од нивните сонародници или фатени во стапица во непријателски средини, ако биле доволно среќни да не бидат етнички исчистени. . Тогаш моите мисли се насочија кон Балканот.

Се до крајот на дваесеттиот век, односите помеѓу балканските држави наликуваа на оние од познатиот опис на Хобс: држави како човечки тврдини, во став на гладијатори кои се демнат едни со други, со гарнизони и топови на нивните граници, перманентно шпионирајќи ги соседите и подготвувајќи се за војна. Моите први сеќавања за вакви граници ме враќаат во педесеттите, на патување со брод по Преспанското езеро. Еден униформиран човек од мал воен глисер, со машинка на неговото рамо, кој се обидуваше да се качи за да изврши инспекција на бродот, се лизна, машинката испука рафал и тој падна ранет. Тогаш, на седумгодишна возраст разбрав дека нашиот брод се доближил до некаква линија во водата наречена граница која што го раздвојува делот на езерото кој ни припаѓа нам од оној на Грција и на Албанија. Како што разбрав подоцна, луѓето во униформа сакале да се осигураат дека никој нема да помине на другата страна или, уште полошо, никој од таму да не влезе во нашата држава. Признавам границата ми беше некако чудна затоа што немаше бодликав тел, тој симбол на границите од моето време. Фактот дека бодликав тел не можеше да биде поставен во водата, ја отежнуваше работата на униформираните луѓе, помислив гледајќи во едно буре обоено црвено кое што ја обележуваше границата, како весело потскокнува под ударот на секој нов бран.

   

Човекот во униформа сеуште лежеше ранет додека луѓето во паника се обидуваа да го префрлат на глисерот. Првиот печат што овој настан го стави во мојот детски ум беше чувството на страв: границите беа линии на одбрана од нашите непријатели, соседите, каде што можеше да се загине. Тогаш не знаев дека едно долго историско наследство на страв и недоверба кое ги раздвојува луѓето на Балканот, не само географски туку и емоционално, остави лузна врз мојот ум. Како што растев, учев и за другите емоционални граници кои ги мачат срцата и умовите на народите на Балканот: омразата, нетолеранцијата, предрасудите, супремацијата… Тоа се границите на нашите умови кои ги предизвикаа последните балкански војни во поранешна Југославија на крајот од дваесеттиот век и кои се во коренот на многу наши недоразбирања и конфликти денес… Имено, демократијата, во својата најдлабока суштина е состојба на умот на луѓето, па така, во нашиот балкански случај, демократијата даде легитимитет на политика која што извираше од умови загадени со историја на омраза, нетолеранција, предрасуди и супремација…

Доколку сакаме да и се придружиме на заедницата на демократски држави кои не војуваат меѓу себе, ние на Балканот мораме да ги разоружаме нашите умови. За да го сториме тоа, политичарите мора да ги поведат своите народи преку границите на страв, омраза, нетолеранција, предрасуди и супремација кои што го вообликувале карактерот на балканските народи низ вековите. „Карактерот е судбина“, деновиве прочитав цитат од Хераклит во „Њујоирк тајмс“. Под цитатот имаше едноставен коментар на читател кој напишал„Карактерот на една нација не е само карактерот на нејзините граѓани туку е вообликуван од нејзините водачи“.Зошто недостасува водство кое што би го вообличило новиот карактер на нациите на Балканот? Па, заради границите на нашите умови. Имено, таквото водство бара од политичарите да му се спротистават на јавното мислење ризикувајќи да бидат наречени предавници, а бидејќи политичарите сакаат да бидат херои и да победат на избори, побезбедно е , експлоатирајќи ги стравовите на луѓето, да имаат непријатели врз кои ќе ја префрлат вината.
Некој, на крајот од поемата на Константин Кавафи, слушајќи ги гласниците кои дојавале од границите за да ги информираат уплашените луѓе во градот дека нема повеќе варвари, со жалење мрмори:„Штета, тие беа некакво решение“. Никогаш не сум размислувал кој би можел да биде тој човек. Сега сум сигурен: тој бил политичар…

Денко Малески
(Фрагменти од текстот „Границите на нашите умови“, објавен 2008 во „New Balkan Politics “, Skopje, „Корени“, Куманово, „Пешчаник“, Белград, „ Eurozine “, Виена)

   

Најново

ВМРО-ДПМНЕ: Единствени кои се евакуираат се Филипче и Заев со стекнатиот капитал во Дубаи, а тоне само рејтингот на СДС

Sase Ivanovski

Брисел: Муртезани и Суперти со заедничка заложба за напредок на реформите и отворање на првиот Кластер

Sase Ivanovski

(ФОТО) 5 – та еколошка акција “Генералка викенд” во Куманово

Sase Ivanovski

Петрушевски до Бочварски: Предложениот закон за Кочани од СДС е гол популизам и политичко глодарство

Sase Ivanovski

(ФОТО) 10 – годишнина од трагичниот настан во Диво насеље

Sase Ivanovski

Фудбалски клуб Вардар

Sase Ivanovski

(ФОТО) Претседателката Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на ОАЕ, Абдула Али Атек Обаид Алсубуси

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Мицкоски од Самитот на Македонија 2025 – стабилизација на државата и зголемување на економскиот раст, нова владина суперапликација за дигитални услуги, се работи на едносменска работа во училиштата

Sase Ivanovski

Лишен од слобода ресенчанец затоа што управувал возило под дејство на алкохол

Sase Ivanovski

Мехмед II наречен „Освојувачот“

Sase Ivanovski

(ФОТО) Претседателката Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Австралија, Питер Џорџ Трасвел

Sase Ivanovski

Герасимовски: На спорното земјиште на ул. „Киро Крстевски-Платник“ ќе никне простор по мерка на граѓаните

Sase Ivanovski

Основни поими за кокошката

Sase Ivanovski

ТАРАВАРИ ГИ ПРЕДАДЕ АЛБАНЦИТЕ

Sase Ivanovski

Општина Карпош интензивно работи на пролетно генерално чистење на собирните и станбените улици како и блоковското парковско зеленило низ урбаните заедници

Sase Ivanovski

Сармата е едно од најпознатите македонски традиционални јадења

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се заплетка во сопствените лаги, Филипче да каже дали има удел во бизнисите на Заев во Дубаи?

Sase Ivanovski

СДСМ: Таравари ја напушти Владата, сите гледаат дека Мицкоски ја води државата во провалија

Sase Ivanovski

Книга за вистината за прогонувањето на Македонците во Бугарија и копретседателот на „ОМО Илинден“ Пирин, Стојков во „Матица македонска“

Sase Ivanovski

Кој е Аврам Писевски според кого е крстено основното училиште во скопско Бардовци?

Sase Ivanovski

Бочварски: Законот за помош на настраданите во Кочани треба да го поддржи и ВМРО ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Митески: Проблемот со сметот е поради Арсовска, како општина дополнително ангажираме секој месец 100 лица со цел чист Аеродром

Sase Ivanovski

Државата ја заборави обврската – водите на Дојранското Езеро под закана

Sase Ivanovski

24 Анализа – Дали ги губиме стручните и квалификувани медицински кадри?

Sase Ivanovski

360 степени прашува, МВР одговара – како ќе се пишуваат и оспоруваат казните од камери

Sase Ivanovski

Мојсоска: Мијалков гради на охридското крајбрежје без елаборат за животна средина, а власта молчи!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Иновативна метода при гаснење на пожар

Sase Ivanovski

Димитриески: Со чувство на искрена радост и длабока почит, им ја упатувам мојата честитка на братскиот турски народ и државата Турција по историската вест за најавата за распуштање на терористичката организација ПКК

Sase Ivanovski

Во 1993 година, Емил Лереј, француски електричар, се расипал среде африканската пустина додека возел стар Citroën 2CV од Марок…останатото е историја…

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Имаме голем респект кон веганите, но…

Sase Ivanovski

Златев: Парадата во москва беше славење на фашизмот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кошта во посета на Западен Балкан: Да се сврти страницата на минатото и да се изгради заедничка иднина

Sase Ivanovski

„Куќа од 76.000 квадратни метри, сам, изгубена, нема деца“ – Шекил О’Нил призна дека грешките со неговото семејство го натерале да почне да се чувствува осамен

Sase Ivanovski

ЗЛАТЕВ: АПАСИЕВ ТРЕБА ДА БИДЕ СУДЕН ЗАТОА ШТО БЕШЕ НА ПАРАДА?! Рускиот рулет на Таравари!

Sase Ivanovski

„Само Вистина” со Сотир Костов и Мирјана Најчевска

Sase Ivanovski

Учество на премиерот Христијан Мицкоски на Самитот 2025 во организација на „Македонија 2025“

Sase Ivanovski

“На кавга со Иван“ – Љубомир Гајдов

Sase Ivanovski

Тема на денот со Крис Павловски

Sase Ivanovski

Руските војници ги заменуваат тенковите со мотоцикли

Sase Ivanovski

Полска нареди затворање на рускиот конзулат во Краков откако Москва беше обвинета за подметнување пожарот во 2024 година

Sase Ivanovski

ЗЕМЕТЕ СИ КАБАНИЦА ИЛИ ЧАДОР Ќе врне и ќе дува засилен ветер низ цела Македонија

Sase Ivanovski

СО ДОБРИ ЗАКОНИ МАКЕДОНИЈА МОЖЕ ДА СТАНЕ ЕВРОПСКИ КРИПТО ЦЕНТАР Фокусирајте се на енергијата и на вештачката интелигенција и ќе имате просперитет, порачува Крис Павловски

Sase Ivanovski

ОТСЕГА МОЖЕТЕ ДА СИ КУПИТЕ ДЕВОЈКА РОБОТ ЗА 125.000 ДОЛАРИ Дали „епидемијата“ на машка осаменост е сериозен проблем во денешницата?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НЕМАТЕ ВРЕМЕ ДА СРЕДУВАТЕ ПО ДОМА? Овој робот може да ве замени – чисти, пере и дипли алишта

Sase Ivanovski

ВО 3:30 ЧАСОТ НЕКОЈ МИ ТРОПНА НА ВРАТАТА И МИ ЈА СООПШТИ ЛОШАТА ВЕСТ Мицкоски откри кој бил неговиот најтежок ден во животот

Sase Ivanovski

Хамас на МКЦК му го предаде израелско-американскиот заложник Еден Александар

Sase Ivanovski

Агенцијата на ОН за цивилно воздухопловство пресуди: Русија е одговорна за соборувањето на авионот на „Малезија ерлајнс“ во 2014 година

Sase Ivanovski

Касами: Нема да има (пре)именување улици во Тетово пред локалните избори

Sase Ivanovski

Касами за 360- Може ке направиме трампа и ќе им го дадеме министерството за здравство на ВМРО ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Таравари- Влеговме во влада со ветување дека за 6 месеци ке ги почнеме преговорите со ЕУ. Нема ништо од тоа и одиме во опозиција

Sase Ivanovski

Осудениот врховен судија Георгиев се вработи како магационер: сега излегува денски, навечер се враќа во затворот

Sase Ivanovski

Со нож го убил својот татко во Подгорица

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Пожар во куќата на британскиот премиер

Sase Ivanovski

„Мајка ти треба сама да дојде“: Адвокат кој ја застапувал својата беспомошна мајка, не можел да и извади картичка од ЈСП

Sase Ivanovski

Откако го откажа декемврискиот концерт во Скопје, Владо Јаневски најавува ексклузивен концерт на лето во Охрид!

Sase Ivanovski

Нарендра Моди: Индија ја прекина својата воена акција и ќе одговори на секој терористички напад

Sase Ivanovski

Муцунски ја посети болницата „Каролинска“ во Стокхолм, каде се лекуваа македонски пациенти повредени во пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

Вучиќ го пречека Кошта во Белград: Ќе разговараме за клучните прашања од односите меѓу Србија и ЕУ

Sase Ivanovski

„Арс Ламина“ освои седум награди од Македонската асоцијација на издавачи на Саемот на книгата 2025

Sase Ivanovski

Газдата на „Рамбл“ предлага Македонија да биде неутрална како Швајцарија

Sase Ivanovski

Касами: Таравари избра да ја игра улогата на тројански коњ

Sase Ivanovski

Крис Павловски, директорот на „Рамбл“: Моите родители се од тука, сакам да направам Македонија да напредува

Sase Ivanovski

Димитриевски: СДСМ ја претвори Македонија во корупциски пазар

Sase Ivanovski

Арбен Таравари излегува од Владата

Sase Ivanovski

Топ Тема: Дали политиката ја убива емпатијата?

Sase Ivanovski

Куќа стара 738 години во Швајцарија има извонредна тајна за својата долговечност. Изградена во 1287 година, Витлеемската куќа е најстарата дрвена куќа во Европа, изградена без метални клинци

Sase Ivanovski

Терасираната висококатница во Росток (1969–1977), дизајнирана од архитектите Ватерстрат, Баумбач и Росток колективен станбен градежен комбинат

Sase Ivanovski

Шилегов распали по Венко Филипче: Златна да визата!

Sase Ivanovski

ЛДП: Градскиот парк личи на џунгла, излегува на површина неспособноста на Арсовска

Sase Ivanovski

Апасиев: Во Влада се луксузираат, а во Собранието нема паркинг, кафе и јајца за доручек

Sase Ivanovski

Јаневска: Се залагаме за едносменска настава во сите училишта

Sase Ivanovski

Бендевска: За ЗНАМ е неприфатливо да седи во иста Влада со субјект кој се договара со ДУИ

Sase Ivanovski

Македонија 2025: Дигитализацијата клучна за економски развој, борба против корупција, поефикасна државна управа и подобри јавни услуги

Sase Ivanovski

ВРЕДИ: Оваа влада има доволно мнозинство за да продолжи со проекти во корист на граѓаните

Sase Ivanovski

Песков: Јазикот на ултиматум не може да се користи за дијалог со Русија

Sase Ivanovski

Анчелоти е нов селектор на Бразил

Sase Ivanovski

Тајани: Путин треба да одлучи дали ќе има мир во Украина

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Трамп: Можеби ќе им се придружам на Путин и Зеленски на преговорите в четврток во Истанбул

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Не е здрава храна ако го намалиме лебот и го тргнеме „благото“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ова може да ја револуционизира иднината на возењето

Sase Ivanovski
Вчитувам....