МАКТЕЛ

     

НАД 30 ПАЦИЕНТИ ВО МАКЕДОНИЈА ЖИВЕАТ СО МЕХАНИЧКА ПОТПОРА НА СРЦЕТО Најмладиот пациент е неколкумесечно бебе

      

Најмалиот пациент е неколкумесечно бебе. Овие пациенти немаат едноставен живот. Секоја недела имаат преврски, проверка на електрониката, контроли и еден куп лекарства.
Мала машина во срцето приклучена на батерии или живот на батерии. Вака Боре Минов, член на Здружението „Храбро срце“ во видео разговор за МИА го опишува животот на повеќе од 30 пациенти со механичка потпора на срцето.
Најмалиот пациент е неколкумесечно бебе. Овие пациенти немаат едноставен живот. Секоја недела имаат преврски, проверка на електрониката, контроли и еден куп лекарства.

– Да објаснам – елват е со една пумпа, каде што на едната комора од срцето се помага за пациентот да функционира, а биват е кога и двете комори мора да се потпрат со механичка потпора и тие лица носат две пумпи. Прво е тежината на тие механизми, затоа што покрај тоа што во срцето се наоѓа одредена машина, и надворешните батерии имаат своја тежина, а тежат од три до пет килограми и пациентот секогаш покрај проблемите што ги има, е оптоварен од тоа што мора да го носи. Тука се и проблемите со капање, движење, со многу работи – вели Минов.

   

Во видео разговорот снимен во прес-центарот на МИА во Штип, Минов посочува дека изминатите години пациентите со механичка потпора на срцето имаат голема поддршка од Министерството за здравство. Ваквите интервенции во просек чинат околу 100.000 евра, но трошокот за механичка потпора на срцето целосно го покрива државата.
– Животот на еден пациент пред и после се разликува за 360 степени. Тоа не е едноставен начин на живеење. Тоа е живот на батерии. Пациентот е нон -стоп приклучен на батерии и зависи од таа потпора како понатаму неговиот живот ќе продолжи. Колку е тоа скапо, евтино, тоа е веќе релативно, кога се работи за живот. Но, можам да кажам дека по нашиот македонски стандард, доста е скапо одржувањето на еден таков пациент – вели Минов.

Некои од пациентите можат да работат, но некои не, а се зависи од тоа, како што вели Минов, во која фаза од заздравување се.
– Можам да кажам дека многу од нив функционираат исто како и останатите луѓе, но има и пациенти кои не можат да функционираат ниту дома, имаат голема тежина, а камоли пак да работат – истакнува Минов.
Во изминатите пет години расте бројот на пациенти Интервенциите главно се прават во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Минов објаснува дека одговорен е доктор Јовев кој, како што вели, создал извонреден тим.

– Не само што имплантираат механички потпори на срце, туку последните години почнаа и со трансплантација на срце. Зборуваме конкретно за срцето, но веќе има трансплатација и на црн дроб, коскена срж, а на бубрег имаше и претходно. Значи тоа е голем напредок – нагласува Минов.Минов забележува дека за пациентите со механичка потпора на срцето има две опции – првата опција е да се подобри сопственото срце и механичката пумпа еден ден да се извади, а втората опција е трансплантација.
– Постои опција сопственото срце да се подобри и механичката пумпа се извади еден ден кога срцето ќе се покаже дека е доволно заздравено. Но, во моментов има многу мал процент, односно мал е бројот на пациентите кои се опоравуваат. Втората опција е трансплатација и за некои пациенти тоа е единственото решение. Постои регистер и тоа е работа на координаторот за трансплатација докторка Маја Мојсова и нејзините помошници. Но, тој регистер е таен, не e од јавен карактер и веруваме дека тоа функционира како што треба, што последните години се покажува дека е така – вели Минов.

Македонските лекари досега имаат извршено 70 успешни трансплантации на органи
Поклон до земја за семејствата кои ја носат најхуманата одлука да ги донираат органите на некој нивни близок кој починал, велат Маја Мојсова-Мијовска, национален координатор за трансплантација и Борче Минов од здружението „Храбро срце“. Во последните неколку години, оценуваат тие, расте свеста кај македонските граѓани за органодарителството.

Мојсова-Мијовска во разговор за МИА појаснува дека за да се изврши трансплантација на орган, мора да се исполнат низа етички, морални и професионални стандарди, но и да се почитува домашната законска регулатива. Дарител на орган може да биде само лице кое починало од мозочна смрт.
– Треба да се докаже таа мозочна смрт. Тоа е потешкиот пат. Треба да има два клинички теста и едно параклиничко испитување за да биде тоа докажано. Откако ќе биде докажано, мора да се испита дали тој пациент носи некакви болести што може да му ги пренесе на реципиентот – вели Мојсова-Мијовска.

Во моментов, вкупно 140 пациенти чекаат за трансплатација на органи, а бројката, за жал, е зголемена, потенцира Мојсoва-Мијовска.
Во земјава има програми за трансплантација на срце, бубрег, црн дроб и коскено ткиво. Извршени се вкупно 70 трансплантации.
– Во изминатите три-четири години имаме трансплантација на 47 бубрега, два црни дроба, осум срца и имаме 13 трансплатации на коскени ткива. Сите трансплатации се успешни. Пациентите имаат добар, квалитетен живот, живеат нормален живот и се работоспособни – вели Мојсова-Мијовска.

Во земјава има Закон за трансплантација на органи и органодарителство од 2013 година, но Мојсова-Мијовска за МИА открива дека од страна на ЕУ обезбеден е грант за реализација на проект, во кој освен кампањa за подигнување на свеста кај населението за органодарителство, се очекува да пристигнат и експерти од ЕУ, кои треба да укажат во кој дел би требало да има измени во законот со цел тој да се усогласи со европската регулатива.
На оваа тема, најнапредна на Балканот и меѓу првите држави во Европа е Хрватска.

  

Најново

Топ тема: Таравари е завршена работа за „Вреди“

Sase Ivanovski

24 Анализа – Преписките меѓу Вреди и Таравари уште повеќе ја разгореа политичката реторика

Sase Ivanovski

Николоски: Соработката со ДУИ би била политичко самоубиство за Таравари, се надевам дека тоа нема да го направи

Sase Ivanovski

Филипче од Неготино: Владата на ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет и идеја за водење на државата

Sase Ivanovski

Филипче: Лажниот патриотизам на ЗНАМ заврши како приватен бизнис-проект

Sase Ivanovski

Поранешниот извршен директор на Google, Ерик Шмит: Тајван би можел да користи камикази чамци за да се заштити од кинеска инвазија

Sase Ivanovski

Чеченскиот воен лидер, Рамзан Кадиров вели дека сака да си даде отказ, но му е потребна дозвола од Путин

Sase Ivanovski

Носач на авиони на американската морнарица во борбата во Црвеното Море изгуби трет Супер Хорнет. Авионот вреден 60 милиони долари при слетувањето не успеал да застане на пистата…

Sase Ivanovski

На 11 мај (недела), во 11 часот на Школка во Градскиот парк, по шести пат ќе се одржи инклузивниот настан „Гуш и бац е љубов“

Sase Ivanovski

Почнува изградбата на гасниот интерконектор со Грција. Треба да биде готов во 2027 година

Sase Ivanovski

Купови ѓубре и канти полни со смет утрово стоеја пред противпожарните излезни скали на Државното обвинителство кое формираше обвинителски тим за и го истражува пожарот во Кочани во кој загинаа 62 млади луѓе токму поради неисполнување на противпожарните стандарди

Sase Ivanovski

Миловановиќ: Се додека некој има против Македонија неможе да напредува на патот кон ЕУ

Sase Ivanovski

Пендаровски: Срдечна средба со мојот пријател и пријателот на Македонија, претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Нов гасоводен интерконектор, дигиталната инфраструктура ќе биде мотор за напредок, над 10 милиони денари за промоција на земјоделството

Sase Ivanovski

Јаневска: Во соработка со швајцарската Хелветас и шведски Волво, развиваме нова образовна квалификација – специјалист за мехатроника на камиони и тешки возила

Sase Ivanovski

Ковачки: Заврши времето на уцени и закани од ДУИ, потребно е да ги исчистат криминалците од своите редови и да се реформираат

Sase Ivanovski

Стаменкоска Трајкоска: Владејачкото мнозинство е стабилно, победник на локалните избори ќе биде ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Ковачки: Членови на Судски совет служат на луѓе кои жестоко се борат да ја задржат моќта во правосудството со цел да се спасат од постапките за криминал

Sase Ivanovski

Стојаноски: Ќе го понудиме целиот политички легитимитет на локалните избори, работиме на конкретен план и програма

Sase Ivanovski

Индија изврши напад врз Пакистан по масакрот во Кашмир, Пакистан тврдат дека собориле пет индиски авиони

Sase Ivanovski

Денеска почнува конклавата за избор на нов папа

Sase Ivanovski

Две грабнувања во Тетово, едната жртва била малолетник кој што бил претепан со тупаници и железна палка

Sase Ivanovski

Змиите во урбани средини се ретки и не се опасни, треба само да се заобиколат, советуваат биолозите

Sase Ivanovski

Студенти што примаат семејна пензија останаа без право на субвенциониран оброк

Sase Ivanovski

Анти-ЕУ објава манипулира со стар говор на Урсула фон дер Лајен

Sase Ivanovski

ЕУ не е „фашистичка“

Sase Ivanovski

Авионот на Вучиќ откако слета во Баку, го продолжи летот кон Москва

Sase Ivanovski

Експерти од Шведска ги едуцираа македонските општини за селекција на отпад

Sase Ivanovski

ИРЛ: Пратениците немаат храброст да започнат надзорна расправа за Кочани, Тетово и автобуските несреќи

Sase Ivanovski

Николски за заемот од шест милијарди евра: Не знам како е пласирана информацијата, но делот дека толку ќе се задолжиме е погрешно пренесен

Sase Ivanovski

Мерц ќе разговара за нуклеарното одвраќање со Франција и Велика Британија

Sase Ivanovski

Индија ги отфрла тврдењата за соборени авиони како „дезинформација“

Sase Ivanovski

СДСМ: ЗНАМ и Максим го признаа историскиот скандал, СДСМ ќе објави целосни документи!

Sase Ivanovski

Германска поддршка за земјава во Берлинскиот процес

Sase Ivanovski

Bransys 17 години иновации и успеси, оваа година прославува во Лас Вегас на WasteExpo 2025

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Министерство за внатрешни работи: Претрес во Скопје, пронајдени четири килограми марихуана, кокаин, пиштол…

Sase Ivanovski

Под мотото Инженерството ја гради иднината – на 9-10 мај по петти пат ке се одржи меґународен конгрес Science@FEIT

Sase Ivanovski

Guns N’ Roses ја отворија турнејата со сет листа од 22 песни, а на следниот концерт додадоа 6 нови песни – што не чека во Белград на 18 јули

Sase Ivanovski

Фудбалерите на Шкендија се новите шампиони на Македонија

Sase Ivanovski

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност организираше еко-смарт настан во дворот на Студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје

Sase Ivanovski

181 студент остана без студентски оброк поради користење на семејна пензија, Јаневска најави дека проблемот ќе биде решен

Sase Ivanovski

Потпишан договорот за изградба на гасниот интерконектор со Грција

Sase Ivanovski

Разрешен специјалниот пратеник на Германија за Западен Балкан

Sase Ivanovski

Викторија Трајков: Предолго и неправедно сме во чекалната на ЕУ!

Sase Ivanovski

МОН: ниту еден студент нема да го изгуби правото на субвенциониран студентски оброк заради користење семејна пензија

Sase Ivanovski

ДОГОВОРЕНА ТЕСНА И ДИРЕКТНА СОРАБОТКА МЕЃУ ДАНОЧНИТЕ АДМИНИСТРАЦИИ НА МАКЕДОНИЈА И ТУРЦИЈА

Sase Ivanovski

Изјава на претседателката Сиљановска-Давкова на прес-конференцијата со хрватскиот претседател

Sase Ivanovski

МЗШВ: На 54 здруженија доделени договори во вкупен износ од 10.094.050 денари, ги поддржуваме локалните манифестации

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска од Евроазискиот економски самит – Визијата на Владата е Македонија да прерасне во модерна, европска држава со стабилна економија, унапредени јавни услуги и повисок стандард за сите граѓани

Sase Ivanovski

ЗНАМ: Ја разбираме очајната состојба во која се наоѓа СДСМ, во својата безидејност, во својот слободен пад како партија на македонската политичка сцена, отвораат стари теми кои се отворени и затворени за јавноста пред повеќе од 9 месеци

Sase Ivanovski

Јаневска: демократското образование создава активни генерации кои се свесни за човековите права и одговорно се однесуваат

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) 5 фирми покажуваат како се прават пари во Штип: Лани имале профит поголем од 16 милиони евра

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Овчари нема ниту за 2.000 евра месечно: Главата им е свртена кон тутунарството

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Во ГРУЗИЈА, мажите од, цело семејство клекнале на колена и побарале прошка затоа што член од нивното семејство прегазил човек од друго семејство

Sase Ivanovski

Кумановската „Рапид Билд“ ќе ги гради македонските 67 километри од гасоводот со Грција

Sase Ivanovski

За една година цените пораснале за 2,2 отсто, најмногу поскапеле кафето, соковите и маслото

Sase Ivanovski

Мицкоски се сретна со Милановиќ – потврдена поддршката за европската иднина на Македонија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Аргумент плус – Разговор со Гордан Калајџиев

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Саботажа сезона 11 бр. 58

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Влатко Стефановски: Ако не е добро за цел свет, не е добро ни за дома

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Александар Николоски – ПЕТ НОВИ АВТОПАТИ ДО 2029: Македонија ќе биде европски центар за карго транспорт – НИКОЛОСКИ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) 360 СТЕПЕНИ: Ќе успее ли мисијата на Рамсар да го спаси Преспанското Езеро

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Топ Тема: Мицковски на маса со Таравари, излезната врата од Илинденска се отвара?

Sase Ivanovski

ЧУВАЈТЕ ГО ПОРЕДОКОТ И ВРАТЕТЕ ЈА ДОВЕРБАТА КАЈ НАРОДОТ Мицкоски им се обрати на полицајците

Sase Ivanovski

СИЛНО ПРИЈАТЕЛСТВО И СИЛНА ПОДДРШКА Сиљановска Давкова го пречека хрватскиот колега Милановиќ во Скопје

Sase Ivanovski

ЗА 3 ГОДИНИ ВЛОЖЕНИ 10 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ШТИП Поддршката и развојот ќе продолжат, уверува Перински

Sase Ivanovski

ЗАТВОРЕНИК ВО ШТИПСКИОТ ЗАТВОР ГИ НАТЕПАЛ ПОЛИЦАЈЦИТЕ Едниот го расекол со стаклен предмет

Sase Ivanovski

ШТО БАРА ЛИДЕРОТ НА СДСМ ВО ДРУШТВО СО УЖИВАТЕЛИ НА ДРОГА? Манасиевски објави слики од Филипче и Андон Стојков

Sase Ivanovski

ЕКС-ДИРЕКТОР НА СТРУМИЧКИ „КОМУНАЛЕЦ“ ЈА ИЗДАВАЛ КАПЕЛАТА НА ГРОБИШТАТА Претпријатието заработило 30.000 евра преку двоен договор со фирма

Sase Ivanovski

ДАРКО ЈАНЕВСКИ Е НОВ ДИРЕКТОР НА МИА Пандорка Арсовска Гацова е избрана за член на Управниот одбор

Sase Ivanovski

НА СВОЈА РАКА ВРАБОТИЛ 127 ЛИЦА, ИМ ИСПЛАТИЛ 350.000 ЕВРА Пријава за екс-директор на Здравствениот дом во Куманово

Sase Ivanovski

ЗГРОЗЕНИ СМЕ, ЃУБРЕТО ВО ФУДБАЛОТ МОРА ДА СЕ ИСЧИСТИ Засрамени сме од сцените во Гевгелија, реагира ФФМ

Sase Ivanovski

АСОМ ДОНИРАШЕ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА НАСТРАДАНИТЕ ВО ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ Солидарноста е клучна за надминување на последиците

Sase Ivanovski

СТОПАНСКА БАНКА ДОНИРАШЕ ЗА СЕМЕЈСТВАТА НА НАСТРАДАНИТЕ ОД КОЧАНИ 200 засегнати семејства ќе добијат 250.000 евр

Sase Ivanovski

КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА ДОНИРАШЕ 30 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА НАСТРАДАНИТЕ ВО КОЧАНИ Помошта е префрлена на Фондацијата на МБА „Заедно за едно“

Sase Ivanovski

ПОМОШ ЗА РАБОТНИЦИТЕ НА ПРОПАДНАТИОТ БЕЛГИСКИ „ВАН ХОЛ“ Европскиот парламент одобри 8 милиони евра

Sase Ivanovski

МАКЕДОНСКИ КАМИОНИ СО ХРАНА НЕОПРАВДАНО СЕ ЗАДРЖУВААТ НА КОСОВСКАТА ГРАНИЦА Азески и неговиот косовски колега Рафуна ќе се обидат да го решат проблемот

Sase Ivanovski

ИЗВРШИТЕЛИТЕ ОД ГРАЃАНИТЕ НАПЛАТИЛЕ 47 МИЛИОНИ ЕВРА Но, најголеми должници се компаниите

Sase Ivanovski

Орце Ѓорѓиевски: Нека е честит Денот на полицијата на Република Македонија – нашите ХЕРОИ!

Sase Ivanovski

Во 1981 година Xerox корпорацијата ја претстави Xerox Star 8010, работна станица која го вклучува првиот комерцијално достапен компјутерски глушец

Sase Ivanovski
Вчитувам....