Во мое лично име и во име на Општина Делчево изразувам најдлабоко сочувство до турскиот и сирискиот народ, сочувство до семејствата на загинатите лица во катастрофалниот земјотрес којшто ги погоди овие две земји.
Нема зборови со кои може да се изрази болката, тагата и загриженоста за страдањата на жителите погодени од катастрофалниот земјотрес.
Нашите мисли се со турскиот и сирискиот народ!
Како и многу пати досега, Општина Делчево ќе донира средства за помош на настраданите од земјотресот. 




